Захарина Димитрова: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност|име=Захарина Велова Димитрова|познат=прва жена лекар од Мак...
 
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија за личност
{{Инфокутија за личност|име=Захарина Велова Димитрова|познат=прва жена лекар од Македонија|роднини=|родители=|мајка=|татко=|сопружник=|занимање=лекар|наставка=а|националност=македонка|портрет=|починал-причина=|починал-место=Бугарија|починал-дата=14 април 1940 година и 67 годишна возраст|роден-место=Ресен, Македонија|роден-дата=26 ноември 1873 година|родено-име=|опис=|деца=}}
| име = Захарина Димитрова
| портрет =
| px =
| опис =
| родено-име = Захарина Велова Димитрова
| роден-дата = {{родена на|26|ноември|1873}}
| роден-место = [[Ресен]], [[Османлиско Царство]] (денес [[Македонија]])
| починал-дата = {{починала на и возраст|df=yes|1940|4|14|1873|11|26}}
| починал-место = [[Пазарџик]], [[Царство Бугарија]]
| починал-причина =
| националност = Македонка
| наставка = а
| познат = прва лекарка од Македонија
| занимање = лекарка
}}


'''Захарина Велова Димитрова''' ({{родена на|26|ноември|1873}}, во {{родена во|Ресен, Македонија}} — {{почината на|14|април|1940}}, {{почината во|Бугарија}}) — прва [[Македонија|македонска]] жена - лекар. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27. 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда” била и наградена. Турските власти не дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што останала во Бугарија.<ref>https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) -->
'''Захарина Велова Димитрова''' ({{родена на|26|ноември|1873}} во {{родена во|Ресен}} — {{почината на|14|април|1940}}, {{почината во|Пазарџик}}) — прва [[Македонија|македонска]] лекарка. Медицина завршила во [[Нанси]] ([[Франција]]) на 27 февруари 1901 година. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда” била и наградена. Турските власти не дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што останала во Бугарија.<ref>https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/</ref>


== Биографија ==
== Биографија ==
Захарина Велова Димитрова (26. XI. 1873 - 14. IV. 1940) е прва жена лекар од Македонија. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27 февруари 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“ била и наградена. Турските власти не и` дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што таа оди во Бугарија, каде останува да живее и работи.


Захарина Димитрова е родена на 26 ноември 1873 година во Ресен, Македонија. Таа е ќерка на Мице Велов, син на познат македонски патриот и деец во црковната борба за обновување на Охридската архиепископија Вељо Милошев. Захарина завршува средно училиште во женската гимназија во Солун, а потоа образованието го продолжува во Москва каде учи акушерство.
Захарина Димитрова е родена на 26 ноември 1873 година во Ресен, Македонија. Таа е ќерка на Мице Велов, син на познат македонски патриот и деец во црковната борба за обновување на Охридската архиепископија, Вељо Милошев. Захарина завршува средно училиште во женската гимназија во Солун, а потоа образованието го продолжува во [[Москва]] каде учи акушерство.


Во време кога голем број на Медицински факултети во Европа беа затворени за студирање на жените, Захарина ја задоволува својата желба за знаење и го продолжува своето образование како студентка по медицина во Лозана. Потоа како стипендистка на Егзархијата го продолжува своето образование по медицина на Медицинскиот факултет во Нанси (Франција), кој ги прима првите женски студенти во 1894 година.
Во време кога голем број на медицински факултети во Европа биле затворени за студирање на жените, Захарина ја задоволува својата желба за знаење и го продолжува своето образование како студентка по медицина во [[Лозана]]. Потоа како стипендистка на Егзархијата го продолжува своето образование по медицина на Медицинскиот факултет во Нанси (Франција), кој ги прима првите женски студенти во 1894 година.


Во учебната 1894/1895 година, според списоците на студенти на овој факултет, во првиот квартал студираат 1 од Русија; потоа во вториот квартал: 2 од Русија, 6 од Бугарија, 2 од Турција (Македонија); а во третиот квартал вкупно 10. Меѓу нив се наоѓа и ресенчанката Захарина Велова, за што сведочи заедничката фотографија на студентите по медицина од 1 и 2 година, на која е прва од лево.
Во учебната 1894/1895 година, според списоците на студенти на овој факултет, во првиот квартал студираат 1 од Русија; потоа во вториот квартал: 2 од Русија, 6 од Бугарија, 2 од Турција (Македонија); а во третиот квартал вкупно 10. Меѓу нив се наоѓа и ресенчанката Захарина Велова, за што сведочи заедничката фотографија на студентите по медицина од 1 и 2 година, на која е прва од лево.
Ред 23: Ред 37:


Захарина Велова Димитрова, првата жена лекар од Македонија, починала на 14 април 1940 година во Бугарија.<ref>Македонска енциколопедија, 2009 г; Simone Gilgenkrantz, Les premières étudiantes étrangères en médecine à Nancy (1894-1914)</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.professeurs-medecine-nancy.fr/premieres_etudiantes_etrangeres.htm|title=premières étudiantes étrangères à Nancy|work=www.professeurs-medecine-nancy.fr|accessdate=2020-09-30}}</ref>
Захарина Велова Димитрова, првата жена лекар од Македонија, починала на 14 април 1940 година во Бугарија.<ref>Македонска енциколопедија, 2009 г; Simone Gilgenkrantz, Les premières étudiantes étrangères en médecine à Nancy (1894-1914)</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.professeurs-medecine-nancy.fr/premieres_etudiantes_etrangeres.htm|title=premières étudiantes étrangères à Nancy|work=www.professeurs-medecine-nancy.fr|accessdate=2020-09-30}}</ref>

[извор: Македонска енциколопедија, 2009 г; Simone Gilgenkrantz, Les premières étudiantes étrangères en médecine à Nancy (1894-1914) - <nowiki>http://www.professeurs-medecine-nancy.fr/premieres_etudiantes_etrangeres.htm</nowiki>]


== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Димитрова, Захарина}}
[[Категорија:Луѓе од Ресен]]
[[Категорија:Македонски лекари]]

Преработка од 15:07, 2 октомври 2020

Захарина Димитрова
Родена Захарина Велова Димитрова
26 ноември 1873
Ресен, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починала 14 април 1940(1940-04-14) (возр. 66)
Пазарџик, Царство Бугарија
Националност Македонка
Позната прва лекарка од Македонија
Занимање лекарка

Захарина Велова Димитрова (26 ноември 1873 во Ресен14 април 1940, Пазарџик) — прва македонска лекарка. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27 февруари 1901 година. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда” била и наградена. Турските власти не дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што останала во Бугарија.[1]

Биографија

Захарина Димитрова е родена на 26 ноември 1873 година во Ресен, Македонија. Таа е ќерка на Мице Велов, син на познат македонски патриот и деец во црковната борба за обновување на Охридската архиепископија, Вељо Милошев. Захарина завршува средно училиште во женската гимназија во Солун, а потоа образованието го продолжува во Москва каде учи акушерство.

Во време кога голем број на медицински факултети во Европа биле затворени за студирање на жените, Захарина ја задоволува својата желба за знаење и го продолжува своето образование како студентка по медицина во Лозана. Потоа како стипендистка на Егзархијата го продолжува своето образование по медицина на Медицинскиот факултет во Нанси (Франција), кој ги прима првите женски студенти во 1894 година.

Во учебната 1894/1895 година, според списоците на студенти на овој факултет, во првиот квартал студираат 1 од Русија; потоа во вториот квартал: 2 од Русија, 6 од Бугарија, 2 од Турција (Македонија); а во третиот квартал вкупно 10. Меѓу нив се наоѓа и ресенчанката Захарина Велова, за што сведочи заедничката фотографија на студентите по медицина од 1 и 2 година, на која е прва од лево.

Захарина победува на конкурсот по анатомија и хистологија за студентите и е наградена со сребрен медал за време на втората година од студиите. Медицинските студии ги завршува со златен медал за почести во Нанси на 27 февруари 1901 година. Со модерен речник, таа има одличен импакт фактор за нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“, за која била и наградена.

Во текот на владеењето на Османлиската империја со Македонија, на жените им било забрането да практикуваат медицина. Од друга страна, по формирањето на кнежевството Бугарија во 1878 година, бугарското собрание усвоило напреден Устав за тоа време, во кој идејата за високото образование кај жените била прифатена без резерва. Новото кнежество соработува со Франција која им испраќа кадри потребни за изградба на бугарската држава, како и со факултетот во Ненси, каде се школуваат кадри со стипендии од Бугарија,

Бидејќи турските власти не дозволуваат да биде лекар во Македонија, Захарина Велова како стипендист на Егзархијата оди во Бугарија, каде наоѓа место во Пловдивската и Сливенската болница. Таа останува да живее и работи во Бугарија и подоцна стапува во брак со воениот фармацевт Панајот Димитров.

Со своето доаѓање во Бугарија, Захарина Велова има големо влијание во промоцијата на здравјето, превенцијата на заразните болести и развојот на здравствените установи. За време на Балканските војни во 1912 – 1913 година, таа отвара санитарен одел во Пазарџик.

Покрај лекарската пракса, Захарина Димитрова не ја заборава својата земја и активно се вклучува во помогање на бегалците од Македонија. Станува претседател на македонско Здружение за просвета на жените и за македонска преродба, кое со помош на македонската емиграција го помага образованието на деца без родители од Македонија и се организираат летни кампови.

Захарина Велова Димитрова, првата жена лекар од Македонија, починала на 14 април 1940 година во Бугарија.[2][3]

Наводи

  1. https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/
  2. Македонска енциколопедија, 2009 г; Simone Gilgenkrantz, Les premières étudiantes étrangères en médecine à Nancy (1894-1914)
  3. „premières étudiantes étrangères à Nancy“. www.professeurs-medecine-nancy.fr. Посетено на 2020-09-30.