Мозаик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Надворешни врски: дополнување
с Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
Ред 3: Ред 3:


== Историја ==
== Историја ==
Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во [[Вавилон]] и потекнуваат од IV век п.н.е.<ref>[http://www.thejoyofshards.co.uk/history/index.shtml Историја на мозаичната уметност] ([[англиски јазик|анг.]])</ref> Во V век п.н.е. во [[Стара Грција|Грција]] се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат [[Илузија|илузионизам]] и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на [[Хеленистички период|хеленизмот]]. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во [[Римски период|римската]] уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во [[Рано христијанство|ранохристијанската]] и во [[Византија|византиската]] уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред се се користеле за украсување на [[таван]]ите и [[ѕид]]овите.
Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во [[Вавилон]] и потекнуваат од IV век п.н.е.<ref>[http://www.thejoyofshards.co.uk/history/index.shtml Историја на мозаичната уметност] ([[англиски јазик|анг.]])</ref> Во V век п.н.е. во [[Стара Грција|Грција]] се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат [[Илузија|илузионизам]] и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на [[Хеленистички период|хеленизмот]]. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во [[Римски период|римската]] уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во [[Рано христијанство|ранохристијанската]] и во [[Византија|византиската]] уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред сè се користеле за украсување на [[таван]]ите и [[ѕид]]овите.
[[Податотека:Spomenik5 detail.JPG|thumb|left|200px|Детаљ од мозаикот на [[Споменик на слободата (Кочани)|Споменикот на слободата]] во [[Кочани]]]]
[[Податотека:Spomenik5 detail.JPG|thumb|left|200px|Детаљ од мозаикот на [[Споменик на слободата (Кочани)|Споменикот на слободата]] во [[Кочани]]]]
Со надминувањето на ''Maniera greca'' во периодот на [[треченто]], опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. [[југендстил]] донел привремено оживување на интересот.
Со надминувањето на ''Maniera greca'' во периодот на [[треченто]], опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. [[југендстил]] донел привремено оживување на интересот.


Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во [[Социјализам|социјалистичкиот]] [[реализам]] и [[Мурализам|мурализмот]].
Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во [[Социјализам|социјалистичкиот]] [[реализам]] и [[Мурализам|мурализмот]].



== Техника на изведба ==
== Техника на изведба ==
Ред 28: Ред 27:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Уметност]]
[[Категорија:Уметност]]
[[Категорија:Уметнички техники]]
[[Категорија:Уметнички техники]]

Преработка од 13:31, 29 септември 2020

Византиски мозаик

Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал (пр. стакло, керамика) во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во сѐ уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување.

Историја

Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во Вавилон и потекнуваат од IV век п.н.е.[1] Во V век п.н.е. во Грција се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат илузионизам и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на хеленизмот. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во римската уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред сè се користеле за украсување на таваните и ѕидовите.

Детаљ од мозаикот на Споменикот на слободата во Кочани

Со надминувањето на Maniera greca во периодот на треченто, опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. југендстил донел привремено оживување на интересот.

Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во социјалистичкиот реализам и мурализмот.

Техника на изведба

Уште од античкиот период познати се два начина на изведба на мозаик:

  • opus tesselatum - составен од камени коцкички (не се секогаш со исти димензии), а меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал (т.н. фуги)
  • opus vermiculatum - составен од поситни коцкички, меѓусебно тесно поврзани, така што одвај се гледаат рабовите и меѓупросторот меѓу нив. Коцкичките, главно се со иста големина, а изработени се од камен, стакло или глазирани парчиња керамика.

Освен “обичниот“ мозаик, постои и техника на микромозаик, која е многу посложена, со иста основа, но со многу повеќе впечатливи резултати. Таа е резервирана само за посебно упорните и стрпливи уметници, кои не жалат да изгубат повеќе време за да постигнат што повпечатлив резултат.

Мозаикот како тема во уметноста

Надворешни врски

Наводи

  1. Историја на мозаичната уметност (анг.)
  2. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 106-108.