Нос: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: ез’рбет → езрбет
Ред 3: Ред 3:


== Сетило за мирис на без‘рбетниците ==
== Сетило за мирис на без‘рбетниците ==
Најниско организираните [[Многуклеточен организам|многуклеточни]] [[без’рбетници]] реагираат на хемиски дразби од хранливи материи, кои најверојатно се примаат од одделни сетилни [[Клетка|клетки]] кои или се расфрлани по [[тело]]то или се групирани во еден негов дел. Kај [[инсект]]ите, пак, постојат одредени региони на телото во кои се сместени [[рецептор]]ите за мирис, односно хеморецепторите.
Најниско организираните [[Многуклеточен организам|многуклеточни]] [[безрбетници]] реагираат на хемиски дразби од хранливи материи, кои најверојатно се примаат од одделни сетилни [[Клетка|клетки]] кои или се расфрлани по [[тело]]то или се групирани во еден негов дел. Kај [[инсект]]ите, пак, постојат одредени региони на телото во кои се сместени [[рецептор]]ите за мирис, односно хеморецепторите.


== Сетило за мирис на ‘рбетниците - нос ==
== Сетило за мирис на ‘рбетниците - нос ==
Ред 14: Ред 14:
==Носот како тема во уметноста и во популарната култура==
==Носот како тема во уметноста и во популарната култура==
* „[[Нос (Гогољ)|Нос]]“ - расказ на рускиот писател Николај Гогољ.<ref>N. V. Gogolj, ''Petrogradske pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-69.</ref>
* „[[Нос (Гогољ)|Нос]]“ - расказ на рускиот писател Николај Гогољ.<ref>N. V. Gogolj, ''Petrogradske pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-69.</ref>
* „[[Жената со скршен нос (филм)|Жената со скршен нос]]“ - југословенски [[филм]], во [[режија]] на [[Срѓан Карановиќ]].<ref>''Антена'', број 840, 1.8.2014, стр. 24.</ref> <ref>''Антена'', број 862, 2.1.2015, стр. 22.</ref>
* „[[Жената со скршен нос (филм)|Жената со скршен нос]]“ - југословенски [[филм]], во [[режија]] на [[Срѓан Карановиќ]].<ref>''Антена'', број 840, 1.8.2014, стр. 24.</ref><ref>''Антена'', број 862, 2.1.2015, стр. 22.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==
Ред 20: Ред 20:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Систем за дишење]]
[[Категорија:Систем за дишење]]
[[Категорија:Нос| ]]
[[Категорија:Нос| ]]

Преработка од 15:31, 15 септември 2020

Кучешки нос, животно со најразвиено сетило за мирис.

Носот (лат. nasus) е сетило за мирис и почеток на системот за дишење кај животните. Сетилото за мирис ги информира животните за опасности, за местото каде што може да се најде храна, за пронаоѓање на спротивниот пол и слично. Затоа, ова сетило игра многу важна улога во животот на повеќето животни. Мирисот е хемиска дразба и затоа се регистрира од страна на хеморецепторите сместени во носната празнина.

Сетило за мирис на без‘рбетниците

Најниско организираните многуклеточни безрбетници реагираат на хемиски дразби од хранливи материи, кои најверојатно се примаат од одделни сетилни клетки кои или се расфрлани по телото или се групирани во еден негов дел. Kај инсектите, пак, постојат одредени региони на телото во кои се сместени рецепторите за мирис, односно хеморецепторите.

Сетило за мирис на ‘рбетниците - нос

Во рамките на ‘рбетниците, сетилните клетки за мирис се сместени во носот. Носната празнина (cavum nasi) достигнува најголема сложеност кај некои цицачи, како ѕверовите, и во нивниот живот игра толку голема улога, што по пресекувањето на мирисните нерви, тие тешко се одржуваат во живот.

Анатомија на носот

Носна празнина

Носната празнина со надолжна носна преграда е поделена на две половини. Преградата во почетниот дел е изградена од ‘рскавица, додека при коренот на носот таа е ковчеста. Коската која го образува горниот дел од носната преграда е наречена рало. Секоја од двете носни половини содржи носни школки, кои го забавуваат движењето на воздухот. Преку парните носни отвори, наречени ноздри, носот комуницира со надворешната средина, додека преку хоаните остварува врска со голтникот. Внатрешната слузокожа на носната празнина е покриена со трепчест епител, добро снабден со мукозни жлезди и разгранета мрежа од крвни капилари. Жлездите лачат мукус, лигава течност со бактерицидно дејство. Околу ноздрите, од внатрешната страна, исто така се наоѓаат и влакна чијашто основна функција е спречување на влегување на цврсти честички, прав и слично во носот. Ваквата градба овозможува вдишениот воздух да се затопли, навлажни и да овозможи елиминирање на честички од прав и разни микроорганизми од него. Во задниот горен дел на носот, на сводот е сместен мирисниот епител кој содржи хеморецептори. Воздухот, минувајќи низ носната празнина затоплен и пречистен, преку хоаните се пропушта во голтникот. Под влијание на микроорганизми или разни хемиски неповолни дразби, доаѓа до зголемено лачење на мукус и до појава на кивавица.

Носот како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

  1. N. V. Gogolj, Petrogradske pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-69.
  2. Антена, број 840, 1.8.2014, стр. 24.
  3. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 22.