Смиланци: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°41′48″N 22°36′19″E / 41.69667° СГШ; 22.60528° ИГД / 41.69667; 22.60528
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ставена Категорија:Смиланци користејќи го HotCat
Нема опис на уредувањето
Ред 7: Ред 7:
| поштенски број=
| поштенски број=
| надморска височина=790
| надморска височина=790
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=41 | lat_sec=48
| географска широчина=
| lon_dir=E | lon_deg=22 | lon_min=36 | lon_sec=19
| географска должина=
| мрежно место=
| мрежно место=
| карта = Смиланци во Општина Радовиш.svg
| карта = Смиланци во Општина Радовиш.svg

Преработка од 22:43, 8 септември 2020

Смиланци
Смиланци во рамките на Македонија
Смиланци
Местоположба на Смиланци во Македонија
Смиланци на карта

Карта

Координати 41°41′48″N 22°36′19″E / 41.69667° СГШ; 22.60528° ИГД / 41.69667; 22.60528
Општина Радовиш
Население 39 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 22042
Надм. вис. 790 м
Смиланци на општинската карта

Атарот на Смиланци во рамките на општината
Смиланци на Ризницата

Смиланци — село во Македонија, Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. Главна врска со селото претставува локалниот пат Подареш-Смиланци.

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во подножјето на Плачковица, оддалечено 22 километри североисточно од Радовиш.Смиланци се наоѓа на надморска висина од околу приближно 800 метри во источниот дел на Македонија, во подножјето на планината Плачковица.Во селото тече Смиланска река која извира од Беровскиот крај.

Историja

Во XIX век, селото било дел од Радовишката каза во Отоманското Царство.

Разловечко востание

Откако четата на Димитар Беровски ги победила Турците во Лаки тие се упатиле кон селото Смиланци каде порано било складирано оружје. Меѓутоа, во Смиланци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, така што и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех. На 29 мај, турскиот аскер, засилен со башибозук од околу 1.000 души, тргнале во противофанзива против 300 востаници. Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и др. Поп Стојан се самоубил, а околу 30 востаници од разловечката чета, на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски, успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските Планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Смиланци живееле 250 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиланци имало 344 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 39 жители, сите Македонци.[4]

Селото Смиланци забележува пад на бројот на населението во периодот околу 1953 година кога започнува имиграција село-град.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250[2] 344[3] 495 532 384 309 167 106 71 39

Родови

Смиланци е македонско село.

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Доселеници: Стојановци со Гоцевци, Стојковци, Петровци, Златковци и Станојевци (16 к.) потекнуваат од двајца браќа Стојан и Гоце. Тие се доселени во XVIII век од селото Владимирово кај Берово; Атанасовци (15 к.) доселени се многу одамна од некое село во Малешевијата (Беровско); Филиповци со Лазаревци, Гоцевци и Коцировци (7 к.) доселени се однекаде; Бојчовци (3 к.) доселени се од селото Лаки кај Виница; Казанџијевци (2 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Митрашинци кај Берово; Јањевци (2 к.) доселени се во набрзо по претходниот род од селото Будинарци кај Берово; Тројановци (2 к.) и Величковци (2 к.) доселени се од селото Русиново кај Берово.[6]

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1620 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 15 гласачи.[8]

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.234.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски