Изгревно Езеро: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 15: Ред 15:
==Местоположба==
==Местоположба==
[[File:Изгревно Езеро (Кораб).jpg|thumb|mini|left|Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце]]
[[File:Изгревно Езеро (Кораб).jpg|thumb|mini|left|Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце]]
Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот [[Боази]] на север и високопланинскиот превој [[Цигански Премин]] на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри<ref name="Шаревски">{{Наведено списание|last=Шаревски|first=Марио|date=2020|title=Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели|url=http://edinstvenamakedonija.org.mk/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0-2/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1-2/|journal=Записи за Кораб|volume=|pages=33-35|isbn=978-608-66336-1-5}}</ref>. Езерото се наоѓа на координатите 41°44'54.4'' северна географска широчина и 20°31'15.7'' источна географска
Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот [[Боази]] на север и високопланинскиот превој [[Цигански Премин]] на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри<ref name="Шаревски">{{Наведено списание|last=Шаревски|first=Марио|date=2020|title=Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели|url=http://edinstvenamakedonija.org.mk/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0-2/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1-2/|journal=Записи за Кораб|volume=|pages=33-35|isbn=978-608-66336-1-5}}</ref>. Езерото се наоѓа на координатите 41°44'54.4″ северна географска широчина и 20°31'15.7″ источна географска
должина, на пределот помеѓу врвот Боази на север ивисокопланинскиот превој (седло) Цигански Премин на југ, на источната страна веднаш до самиот срт на територијата на [[Македонија]].
должина, на пределот помеѓу врвот Боази на север ивисокопланинскиот превој (седло) Цигански Премин на југ, на источната страна веднаш до самиот срт на територијата на [[Македонија]].
==Одлики==
==Одлики==

Преработка од 19:53, 25 август 2020

Изгревно (Корапско) Езеро
Длабочина 1,5 м м
Надморска висина 2.318 м
Планина Кораб


Изгревно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб, во Македонија.

Местоположба

Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце

Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот Боази на север и високопланинскиот превој Цигански Премин на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри[1]. Езерото се наоѓа на координатите 41°44'54.4″ северна географска широчина и 20°31'15.7″ источна географска должина, на пределот помеѓу врвот Боази на север ивисокопланинскиот превој (седло) Цигански Премин на југ, на источната страна веднаш до самиот срт на територијата на Македонија.

Одлики

Обликот на езерото е издолжен, овален и заоблен со послабо наликување на крушовиден или јајцевиден изглед, со најголема должина на протегање во правец северозапад-југоисток и најголема широчина на протегање во правец југозапад-североисток, при што западниот езерски брег е речиси права линија, додека источниот брег е прилично заоблен, како и северниот и јужниот брег кои се со помала заобленост[2]. Езерото има постојан водостој и неговата длабочина изнесува околу 1,5 метри[3]. Водостојот е постојан и непроменлив преку целото лето и во најтоплите денови, а во зима тоа замрзнува и е затрупано со снег[1]. Дното на езерото е земјено (тињесто) и делумно каменесто, поради што езерската вода се одликува со голема бистрина, а поради тревнатите брегови и околина, погледнато од подалеку езерската површина има темно зелена (смарагнда) боја. Езерото нема истека, а со вода се храни од врнежите и топење на снежниците[1].

Именување и изглед

Се одликува со особена убавина и кое поради својата источна поставеност од сртот особено блеснува со оцртување на сонцето во езерските води при изгрејсонце, поради што може да се нарече Изгревно Езеро[1]. Поради својата местоположба близу до превојот Цигански Проход, езерото многу поретко би можело да биде познато и како Циганско Езеро. Езерото се одликува со исклучително многу убава глетка како и целиот крајолик во непосредната околина и пространство исполнето со величествени остри врвови на Кораб (но и глетка на гребенот на Бистра во далечината), кои го опкружуваат Изгревно Езеро од север, запад и југ, при што циркот во кој се наоѓа има отвореност само кон исток и југо исток, давајќи му изглед на езерото и непосредната околина како на бисер во школка[1]. Иако е тоа постојано природно езеро, поради многу тешката пристапност на пределот и големата одалеченост, тоа не е обележано на ниту една од географските и топографски карти и е речиси целосно непознато и непроучено од науката, а исто така е и многу ретко посетувано од посетители - овчари и планинари.

Надворешни видеоснимки
Изгревно Езеро на Кораб
Аматерската и панорамска снимка „Изгревно Езеро на Кораб“ од 2019 година од серијалот „Уживај во Македонија

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Шаревски, Марио (2020). „Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели“. Записи за Кораб: 33–35. ISBN 978-608-66336-1-5.
  2. Sharevski, Mario (2019). „GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES“ (PDF). Географски разгледи / Geographical Reviews. 52: 91–106. doi:https://doi.org/10.37658/GR19520091sh Проверете ја вредноста |doi= (help).
  3. Посетено и нуркано во езерото од Марио Шаревски на 27.07.2019 и 03.07.2020