Јужноцентрален африкански црн носорог: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Популации: Правописна исправка, replaced: 1980тите → 1980-тите using AWB
#WPWP #WPWPMK
Ред 1: Ред 1:
{{Taxobox
{{Taxobox
| name = Јужноцентрален африкански црн носорог
| name = Јужноцентрален африкански црн носорог
[[Податотека:Ngorongoro Spitzmaulnashorn edit1.jpg|мини|Јужноцентрален африкански црн носорог]]
| status = CR
| status = CR
| trend = increasing
| trend = increasing

Преработка од 13:07, 25 август 2020

Јужноцентрален африкански црн носорог
Јужноцентрален африкански црн носорог
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Perissodactyla
Семејство: Rhinocerotidae
Род: Diceros
Вид: D. bicornis
Подвид: D. b. minor
Триномен назив
Diceros bicornis minor
Drummond, 1876

Јужноцентралниот африкански црн носорог (Diceros bicornis minor) познат и само како Јужноцентрален црн носорог е подвид на Црниот носорог. Иако е најброен од сите подвидови на овој носорог, сепак се наоѓа на листата на критично загрозени видови според „Меѓународниот сојуза за заштита на природата“ (МСЗП). Како и останатите повидови и овој носорог има испакната горна усна и живее во саваните.

Распространетост

Во минатото бил распространет од западна и јужна Танзанија, преку Замбија, Зимбабве и Мозамбик, до северните и источните делови на Јужноафриканска република. Најверојатно бил присутен и во јужните делови на Конго, северна Ангола и источна Боцвана. Денес, најбројната популација се наоѓа во Јужна Африка, а помала популација има и во Зимбабве. Многу мали популации се среќаваат и во Свазиленд и јужна Танзанија. Јужноцентралниот африкански црн носорог денес се смета за изумрен во Боцвана, Замбија, Ангола и најверојатно во Мозамбик[1].

Популации

Вкупната популација на јужноцентралниот црн носорог во 1980-тите била 9090 единки . Прекумерниот лов поради неговиот рог, ја намалил оваа бројка на 1300 во 1995 година. Во 2001 година, популацијата е проценета на 1651 единка. Во последните 50 години, бројот на овие носорозои е намален за 90%. Најголема закана претставува нелегалниот лов кој за среќа се намалува во последните години.

Наводи

  1. „South-central Black Rhinoceros“. IUCN Red List. IUCN Red List. 2003. Посетено на 2006-11-12.

Надворешни врски