Кипар (римска провинција): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Roman Empire - Cyprus (125 AD).svg|мини|десно|280п|Кипар ( |
[[Податотека:Roman Empire - Cyprus (125 AD).svg|мини|десно|280п|Кипар (обоен во црвено) во рамките на Римската Империја]] |
||
'''Кипар''' бил [[Сенаторска провинција|сенатска провинција]] во рамките на [[Римската Империја]]. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на [[Средоземното Море]], особено во производството и трговијата на кипарскиот [[бакар]]. |
'''Кипар''' бил [[Сенаторска провинција|сенатска провинција]] во рамките на [[Римската Империја]]. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на [[Средоземното Море]], особено во производството и трговијата на кипарскиот [[бакар]]. |
||
Преработка од 14:17, 6 август 2020
Кипар бил сенатска провинција во рамките на Римската Империја. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на Средоземното Море, особено во производството и трговијата на кипарскиот бакар.
Островот Кипар се наоѓал на стратешки важна позиција по источните средоземни трговски патишта и во текот на првиот милениум пред нашата ера бил контролиран од разни империјални сили како што се Асирците, Египќаните, Македонците, и на крајот Римјаните. Кипар е анектиран од Римјаните во 58 година п.н.е., но контролата врз островот се менува помеѓу Римјаните и Птоломејското кралство до 22 година п.н.е. кога Кипар официјално го добива статусот на сенатска провинција.[1] Од битката кај Акциум во 31 година п.н.е. до седмиот век со Кипар управувале Римјаните. Кипар официјално влегува во рамките на Источното Римско Царство во 293 година од н.е.[2]
Под римска власт Кипар бил поделен на четири главни области: Саламин, Пафос, Аматунда и Лапaтос.[3] Пафос бил главен град на островот, сè додека Саламин не бил одново изграден како Константија во 346 година од н.е.
Наводи
- ↑ Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 177–178.
- ↑ Ancient History Encyclopedia - Antonios Loizides. Ancient.eu
- ↑ Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 178.
Оваа статија за стариот Рим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|