Црква „Св. Петар“ - Голем Град: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 3: Ред 3:
|слика= Црква Св. Петар на островот Голем Град во Преспанското Езеро.jpg
|слика= Црква Св. Петар на островот Голем Град во Преспанското Езеро.jpg
|големина на слика=
|големина на слика=
|опис=Фрески во црквата
|опис=Поглед на црквата
|епархија=Преспанско-пелагониска
|епархија=Преспанско-пелагониска
|намесништво=Ресенско
|намесништво=Ресенско

Преработка од 09:33, 3 август 2020

Свети Петар

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Местоположба

Карта

Место Голем Град
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостол Петар
Изградба 1360
Архитектонски опис

Свети Петар — една од седумте, но единствена целосно сочувана црква на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Таа е изградена околу 1360 година, за време на владеењето на царот Волкашин[1]. До нејзе може да се пристапи единствено преку воден пат. Во црквата се влегува преку два влеза од западниот и јужниот ѕид. Нејзината архитектура е добро сочувана, а нејзина реконструкција последно е извршена во 1934 година. Црквата претставува нагласено висока градба без купола изградена од тули и кршен камен. Фреските во црквата се слабо зачувани и тоа на источниот, западниот и јужниот ѕид и делумно на јужната фасада. На источниот ѕид е претставена Богородица од Благовести. На јужниот ѕид веднаш до олтарниот простор насликани се светители во цел раст како и остатоци од претстави на два светители кои не можат да се идентификуваат, но видливи се делови од нивните ликови со ореоли, а потоа насликани се монаси. На западниот дел од јужниот ѕид видливи се остатоците од композициите средба на Јоаким и Ана, Раѓањето на Богородица, Првите чекори на Богородица и Благословот на тројцата Свештеници. На западниот ѕид претставени се Св. Теодосиј Киновијарх и Св. Ефрем Сирин. На овој ѕид видливи се и остатоци од претставите Св. Елена и Св. Костантин како и остатоци од Воведението. Поради насликаните сцени на циклусот на Богородица се сметало дека црквата била посветена на Св. Богородица[2]. На јужната фасада постојат илустрации на настанот поврзан со настанувањето на Акатистот Богородичен. Поради долгите изложувања на надворешни влијанија зачуваниот живопис е во лоша состојба. Сепак некои делови можат добро да се забележат како што е ликот на Св. Роман Мелод.

Фрески во црквата

До црквата се наоѓа единствениот конак кој е изграден во XIX век е што се ползувал за живеење на црковните служители, но и чувари на илегалните македонски револуционери од предилинденскиот и за време на востанието во 1903 година кога на островот биле засолнувани голем број преспански востаници.

Занимливост

Тука е претставена една композиција со извонредно тематско значење. Станува збор за фреската каде првпат е претставена опсадата на Цариград од страна на Персијанците и Аварите во 626 година. Оваа тема подоцна ќе стане една од најчестите во фрескописот во црквите во Молдавија. Меѓу композициите вредно е да се спомене и композицијата „Бегство во Египет”, која ретко се среќава во македонските средновековни цркви.

Наводи

  1. Velev, Ilija (1990). Pregled na srednovekovni crkvi i manastiri vo Makedonija. Naša kniga.
  2. Macedoniae acta archaeologica (10. изд.). Arheološko društvo na SR Makedonija. 1989.

Надворешни врски