Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, replaced: .04. → април
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
|name = Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА
|name = Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА
|image = [[Податотека:ESRA logo.jpeg|100px|Логото на универзитетот]]
|image = [[Податотека:ESRA logo.jpeg|100px|Логото на универзитетот]]
|established = [[2007]]<ref>{{наведени вести|url=http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FAE4F466B81F9044A59513CA33FE0CA9&arc=1|title=Македонија доби Европска филмска академија|date=19 април 2007, 16:21|publisher=Дневник|language=македонски|accessdate=2013-02-04}}</ref>
|established = [[2007]]<ref>{{наведени вести|url=http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FAE4F466B81F9044A59513CA33FE0CA9&arc=1|title=Македонија доби Европска филмска академија|date=19 април 2007|publisher=Дневник|language=македонски|accessdate=2013-02-04}}</ref>
|staff=
|staff=
|rector= [[Јордан Плевнеш]]
|rector= [[Јордан Плевнеш]]

Преработка од 17:34, 1 август 2020

Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА
Логото на универзитетот
ВидПриватен
Основан2007[1]
РекторЈордан Плевнеш
МестоСкопје, Република Македонија
esra.com.mk

Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА(Скопје-Париз-Есен-Ротердам) е македонска приватна филмска академија која започнала со работа во 2007 година и претставува прв приватен Универзитет од областа на аудиовизуелните уметности во Македонија. Основач на Универзитетот е Јордан Плевнеш, истакнат драмски автор.

Историја

Со формирањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА(Скопје-Париз-Есен-Ротердам), бил создаден еден мост помеѓу европските искуства од аудиовизуелните области со традицијата и искуствата во Македонија. Особено важно е да се напомене воведувањето на неколку катедри од аудиовизуелните области за коишто досега во Македонија воопшто не постоела можност за високо образовна, академска едукација. Универзитетот формира и црпи искуства од примерот на ЕСРА Франција (École Supérieure de Réalisation Audiovisuelle – Висока школа за аудиовизуелна реализација), која постои од 1972 година и со која што има склучено договор кој се однесува на соработка при реализирањето на студиите, заедничките студентски проекти, како и размена на искуства за оние струки за кои во овој регион не постои едукациско искуство. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Универзитетот на студентите им нуди на располагање најсовремена техника со што тие ги имаат сите потребни услови за валитетно следење на наставата и совладување на наставните програми. Универзитетот ја доделува наградата за високи достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности Златен Дедал.[2]

Факултети

Универзитетот располага со 5 факултети, и тоа:

Факултет за филмски уметности
  • Модул Филмска и ТВ камера
  • Модул Филмска и ТВ монтажа
  • Модул Филмска и ТВ режија
  • Модул Аудиовизуелна заштита на филмски, телевизиски, видео и радио материјали
Факултет за театарски метности
  • Модул Театарска режија
  • Модул Мултимедијална режија
  • Модул Драматургија
  • Модул Актерска игра
Факултет за сценски дизајн
  • Модул Анимација
  • Модул Фотографија
  • Модул Костимографија
Факултет за применета музика
  • Модул Композиција на филмска музика
  • Модул Вокална интерпретација
  • Модул Современи танци (Skopje Dance Academy)
Факултет за тонска продукција
  • Модул Звучен инженеринг

Наводи

  1. „Македонија доби Европска филмска академија“. Дневник. 19 април 2007. Посетено на 2013-02-04.
  2. „ЕСРА ќе ги додели наградите „Златен Дедал". Журнал. Посетено на 2013-02-04.
  3. „Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013“. Министерство за образование и наука на Македонија.

Надворешни врски