Припрата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Византиската Империја → Византиското Царство
с →‎Потекло на поимот: Јазично подобрување, replaced: == Етимологија == → == Потекло на поимот ==
Ред 3: Ред 3:
'''Припрата''' или '''нартекс''' — доградба на влезот во [[храм]]от (исто како и пронаос кај античките Грци, пред влезот на антички храм). Припратата може да биде изградена на западната, јужната и северната страна на храмот. Обично е одвоена од црквата со ѕид и со врата.

== Потекло на поимот ==
== Етимологија ==
[[Податотека:St. Demetrius Church in Bitola 13.JPG|мини|десно|250п|Припратата на јужната страна на црквата [[Црква „Св. Димитриј“ - Битола|„Св. Димитриј“]] во [[Битола]]]]
[[Податотека:St. Demetrius Church in Bitola 13.JPG|мини|десно|250п|Припратата на јужната страна на црквата [[Црква „Св. Димитриј“ - Битола|„Св. Димитриј“]] во [[Битола]]]]
И двете имиња, припрата и нартекс водат потекло од грчкиот јазик. Терминот '''нартекс''' е идентичен на својот грчки облик, додека терминот '''припрата''' е словенизиран облик на грчкиот збор ''перипатос''.

Преработка од 03:11, 26 јули 2020

Припратата од северната страна на црквата Св. Софија во Охрид

Припрата или нартекс — доградба на влезот во храмот (исто како и пронаос кај античките Грци, пред влезот на антички храм). Припратата може да биде изградена на западната, јужната и северната страна на храмот. Обично е одвоена од црквата со ѕид и со врата.

Потекло на поимот

Припратата на јужната страна на црквата „Св. Димитриј“ во Битола

И двете имиња, припрата и нартекс водат потекло од грчкиот јазик. Терминот нартекс е идентичен на својот грчки облик, додека терминот припрата е словенизиран облик на грчкиот збор перипатос.

Историја

Припратата од западната и јужната страна во Осоговскиот манастир

Терминот се појавува во ранохристијанскиот период, во Византиското Царство, и претставува просторија на влезот на црквата, како грчкиот пронаос или римскиот атриум. Кај Римјаните атриумот имал неколку функции, особено за крштевки (оттука и честото присуство на крстилници).

Спротивно на проширеното верување во деветнаесеттиот век, таа немала функција да ги прима лицата кои немале право да присуствуваат на црковните служби пред нивното крштевање. Историчарот на уметноста Франсоа Ебер-Сифрен наведува дека според антички извори, некрстените биле присутни во самата црква, но се повлекувале.

Во византиската архитектура, некои цркви имаат нартекс јасно поделен на два дела: внатрешен нартекс или езонартекс (esonarthex) и надворешен нартекс или ексонартекс (esonarthex).

Во римско време, нартексите се чести и можеле да бидат доволно големи за да се формираат еден вид на црква. Во готската архитектура која има за цел да се отстрани она што може да се натрупува на зградата односно има за цел да го сублимира просторот, тие се помали по големина, отворајќи се повеќе кон внатрешноста на црквата. Со текот на времето нивната литургиска функција згаснува, па имаат тенденција да исчезнат или да станат само предворје.

Поврзано