Македонски парламентарни избори (2020): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Замена на Image:Sobranie2020.png со Image:Sobranie_election_results_by_constituency_2020.png (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 2 (meaningless or ambiguous
Ред 86: Ред 86:
| percentage6 =
| percentage6 =


| map_image = Sobranie2020.png
| map_image = Sobranie election results by constituency 2020.png
| map_size =
| map_size =
| map_caption = Резултати од изборите по изборни единици <br> {{colorbox|#bf1e24|border=darkgray}} [[СДСМ]] {{color box|#DF0118|border=darkgray}} [[ВМРО ДПМНЕ]] {{color box|#262F89|border=darkgray}} [[ДУИ]]
| map_caption = Резултати од изборите по изборни единици <br> {{colorbox|#bf1e24|border=darkgray}} [[СДСМ]] {{color box|#DF0118|border=darkgray}} [[ВМРО ДПМНЕ]] {{color box|#262F89|border=darkgray}} [[ДУИ]]

Преработка од 08:39, 21 јули 2020

Македонски парламентарни избори (2020)
Македонија
2016 ←
15 јули 2020

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Водач Зоран Заев Христијан Мицкоски Али Ахмети
Партија СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ДУИ
Водач од 2013 2017 2002
Последни избори 49 места 51 место 10 места
Освоени места 46 44 15
Промена во местата 3 7 5

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
  Податотека:Ziadin Sela1.jpg
Водач Зијадин Села Димитар Апасиев Мендух Тачи
Партија АА Левица ДПА
Водач од 2016 2020 2007
Последни избори 3 места - 2 места
Освоени места 12 2 1
Промена во местата 9 2 1

Резултати од изборите по изборни единици
     СДСМ      ВМРО ДПМНЕ      ДУИ

     АА      ДПА      Левица


премиер пред изборите

Оливер Спасовски(*)
СДСМ

Избран за премиер

ќе биде одлучено
ќе биде одлучено

Македонски парламентарни избори (2020)десетти по ред парламентарни избори во Македонија, одржани на 15 јули 2020 година.

Позадина

Претходните парламентарни избори се одржале во декември 2016 година, на кои најголем број на гласови освоила ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски. Изборите тогаш исто така биле предвремени поради настанатата политичка криза во Македонија која започнала во 2015 година. Груевски не успеал во предвидениот рок од доделениот мандат да ја состави владата. По рекорден 171 ден од одржувањето на изборите, поради несогласување на претседателот Ѓорге Иванов, дури на 31 мај 2017 година била формирана новата македонска Влада, во која како премиер стапил Зоран Заев, лидер на СДСМ.

Меѓу главните залагања на владата на Зоран Заев било членството на земјата во меѓународните политички и безбедносни организации ЕУ и НАТО. Како услов за влезот на Македонија во истите, во 2018 година бил постигнат Преспанскиот договор со Грција за решавање на спорот за името Македонија, согласно кој, меѓу другото, Македонија го променила своето државно име во Република Северна Македонија. Протоколот за членството во НАТО бил потпишан од Алијансата на 6 февруари 2019 година, проследен со процес на поединечна ратификација од секоја земја-членка.[1]

Изборите во 2020 година доколку би биле редовни треба да се одржат на 11 декември, но главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, настојува од есента 2019 година истите да се одржат пред време.[2] Заев од друга страна најпрво сметал дека изборите треба да бидат редовни, оценувајќи дека периодот пред редовниот датум за избори е „економски драгоцен за целата трансформација“.[3]

Клучна во одлуката за предвремени избори била средбата на Европскиот совет одржана на 17 и 18 октомври кога земјите-членки на ЕУ не одредиле датум за пристапни преговори за Македонија и Албанија.[4] Два дена подоцна била одржана средба на лидерите на македонските парламентарни политички партии заедно со претседателот Стево Пендаровски каде било одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април.[5]

Техничката влада која треба да ги спроведе изборите била изгласена на 3 јануари, сто дена пред одржувањето на изборите, согласно Пржинскиот договор, и истата ја предводи Оливер Спасовски.[6] Иако било предвидено Собранието да се распушти 60 денови пред изборите, тоа се случило на 16 февруари, a во меѓувреме биле изгласани Законот за јавно обвинителство, како и Законот за одбрана.[7] Во периодот пред одржувањето на превремените избори Македонија е погодена од пандемијата на коронавирус, поради која постои можност изборите да не се одржат на закажниот датум во април. На 16 јуни 2020 година, претседателот на Собранието, Талат Џафери потпишал решение за одржување на парламентарните избори на 15 јули.[8]

Неофицијални првични резултати

Партија Гласови % Мандати +/–
Коалиција „Можеме“ (СДСМ, Беса и останати) 327 408 35,89 46 8
Коалиција „Обнова на Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ и останати) 315 344 34,57 44 7
ДУИ 104 699 11,48 15 5
Алијанса за АлбанцитеАлтернатива 81 620 8,95 12 9
Левица 37 426 4,10 2 2
ДПА 13 930 1,53 1 1
Интегра 12 291 1,35 0 нова партија
ГДУ 3 555 0,39 0 нова партија
МОРО-Работничка партија 3 245 0,36 0
Глас за Македонија 2 802 0,31 0 нова партија
Единствена Македонија 2 604 0,29 0
СДУ 2 585 0,28 0
Твоја 1 894 0,21 0
Демократи 1 558 0,17 0 нова партија
НПР 1 225 0,13 0 нова партија
Неважечки гласови 31 564
Вкупно 943 748 100 120
Регистрирани гласачи 1 814 263 52,0
Извор: ДИК

Наводи

  1. „НАТО го потпиша Протокол за членство на Македонија“. Телма. 6 февруари 2019. Посетено на 16 март 2020.
  2. „Утре лидерска Заев - Мицкоски: Закон за ЈО и предвремени избори“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 9 септември 2019. Посетено на 16 март 2020.
  3. „Опозицијата бара предвремени избори, власта не дава“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 12 октомври 2019.
  4. „Реакции за датумот- разочарување, жалење, отворање врата за Москва и Пекинг“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 18 октомври 2019. Посетено на 16 март 2020.
  5. Калински, Владимир (20 октомври 2019). „Македонските лидери го потврдија европскиот пат - избори на 12 Април“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. Посетено на 16 март 2020.
  6. „Собранието ја изгласа техничката влада на Оливер Спасовски“. Сакам Да Кажам. 3 јануари 2020. Посетено на 17 март 2020.
  7. „Се распушти Собранието, избори на 12 април“. Сакам Да Кажам. 16 февруари 2020. Посетено на 17 март 2020.
  8. „Џафери го потпиша решението за распишување предвремени избори на 15 јули“. Макфакс. 16 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.