Морис Метерлинк: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
#WPWPMK , #WPWP
Ред 35: Ред 35:
| portaldisp =
| portaldisp =
}}
}}
[[File:Portrait of Maurice Maeterlinck.jpg|thumb|upright|Метерлинк, околу 1905 година]]
[[File:Portrait of Maurice Maeterlinck.jpg|thumb|upright|'''Морис Метерлинк''' , околу 1905 година]]
'''Морис Метерлинк''' ({{роден на|29|август|1862}} во {{роден во|Гент}} — {{починал на|6|мај|1949}} во {{починал во|Ница}}) — [[Белгија|белгиски]] поет, драмски писател, есеист, правник, добитник на Нобелова награда за литература во 1911 година за вредностите на својот сестран опус, а пред сè за драмското творештво.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009</ref> Метерлинк има фламанско потекло.
'''Морис Метерлинк''' ({{роден на|29|август|1862}} во {{роден во|Гент}} — {{починал на|6|мај|1949}} во {{починал во|Ница}}) — [[Белгија|белгиски]] поет, драмски писател, есеист, правник, добитник на Нобелова награда за литература во 1911 година за вредностите на својот сестран опус, а пред сè за драмското творештво.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009</ref> Метерлинк има фламанско потекло.



Преработка од 17:01, 17 јули 2020

Морис Метерлинк
Maurice Polydore Marie Bernard Maeterlinck
Роден/аМорис Полидор Мари Бернар
29 август 1862(1862-08-29)
Гент, Белгија
Починат/а6 мај 1949(1949-05-06) (возр. 86)
Ница, Франција
Занимањедраматург · поет · есеист
Јазикфранцуски
НационалностБелгиец
Книжевно движењеСимболизам
Значајни делаНатрапник (1890)
Слепиот (1890)
Сината птица (1908)
Значајни наградиНобелова награда за литература
1911
Тренијална награда за драмски остварувања
1903
Сопруг/аРене Дахон
ПартнерЖоржет Лебланк
Морис Метерлинк , околу 1905 година

Морис Метерлинк (29 август 1862 во Гент6 мај 1949 во Ница) — белгиски поет, драмски писател, есеист, правник, добитник на Нобелова награда за литература во 1911 година за вредностите на својот сестран опус, а пред сè за драмското творештво.[1] Метерлинк има фламанско потекло.

Со своите први песни е близок на симболистите, а подоцна на спиритизмот.

Познати негови дела се: стихозбирката „Стаклена градина“, пиесата „Принцезата Мален“, драмите „Пелеас и Мелисанда“, „Мона Вана“ и „Сина птица“. Во 1913 година ја доби Нобеловата награда за литература.

Животопис

Произлегува од фламански род. Татко му бил нотар. Од 1874 до 1881 година Метерлинк посетува језуитски колеџ, но пројавува нагласено интересирање за поезијата. Право завршува на универзитетот во Гент (1885). Заминува во Париз за да продолжи да ги изучува правилните науки, но ѝ се просветува на литературата под силно влијание на француските симболи. Пишува на француски јазик. По враќањето во Гент е правник практикант, но ја продолжува литературната дејност.

Творештво

Во 1889 година ги објавува својата прва стихозбирка „Стаклена градина” и пиесата „Принцезата Мален” која добива блескава оценка од афторитетниот француски политичар Окраф Мирбо. Од тој момент Метерлинг конечно се занимава активно со писателска дејност. Во тек на неколку години создава поетски драми во духот на естетиката на симболизмот - „Неканета” (1890), „Слепци” (1890) и особено „Пелеас” и „Мелизант” (1892), поставена од францускиот режисер Орелијан Лине По во парискиот авангарден театар и е основа на либретето според кое Клот Дебиси ја напишал истоимената опера (1902). Во 1894 година Метерлинк пишува три куклени пиеси: „Аладин и Паломи”, „Таму внатре” и „Смртта на Тентажил”. Од 1896 година живее во Франција. Се здобива со популарност со драмите „Мона Вана” (1902) и „Сина птица” (1908), алегорична приказна поставена првпат од Константин Станиславски во Московскиот художествен театар во 1909 година. Метерлинг е најзначајниот претставник на симулизмот во театарот, еден е од претходниците на театарот на апсудрот; влијае врз драмското творештво на Бекет. Автор е и на филозовски есеи „Животот на пчелите” (1901) и други, посветени на бесмртноста на душите, на границите на врските, на одговорноста на човекот. Од 1927 до 1942 година објавува збирки есеи, меѓу кои посебно интересирање предизвика „Животот на термитите” (1927). Во оваа книга, тој е категоричен за бесперспективноста на тоталитарниот режим.Во годините на Втората светска војна живее во САД. Во 1947 година доаѓа во Ница. Почесен доктор по право е на Универзитетот во Глазгов. Во 1932 година кралот на Белгија го удостојува со титулата гроф.

Наводи

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009

Предлошка:Никулец за биографија