Хасан Приштина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, replaced: |Отоманско Царство}} → }} using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 12: Ред 12:
'''Хасан бег Приштина''' ([[албански јазик|албански]]: ''Hasan Bej Prishtina'') ([[Вучитрн]], [[Косово]], [[1873]] - [[Солун]], [[13 август]] [[1933]]) бил албански политичар. Пред [[Првата светска војна]] игра важна улога во албанското движење за независност. Во [[1921]] година кратко време бил премиер на [[Албанија]].
'''Хасан бег Приштина''' ([[албански јазик|албански]]: ''Hasan Bej Prishtina'') ([[Вучитрн]], [[Косово]], [[1873]] - [[Солун]], [[13 август]] [[1933]]) бил албански политичар. Пред [[Првата светска војна]] игра важна улога во албанското движење за независност. Во [[1921]] година кратко време бил премиер на [[Албанија]].


== Биографија ==
== Животопис ==
=== Рани години ===
=== Рани години ===
Хасан бег Приштина потекнува од богато земјоделско семејство. Изучувал право во [[Истанбул]]. По [[Младотурската револуција]] од [[1908]] година е избран за пратеник во Османлискиот парламент. Приближно во тоа време го менува семејното презиме од Бериша во Приштина и ја додава кон своето презиме титулата „бег“.
Хасан бег Приштина потекнува од богато земјоделско семејство. Изучувал право во [[Истанбул]]. По [[Младотурската револуција]] од [[1908]] година е избран за пратеник во Османлискиот парламент. Приближно во тоа време го менува семејното презиме од Бериша во Приштина и ја додава кон своето презиме титулата „бег“.

Преработка од 12:27, 15 јули 2020

Хасан Приштина
Роден 1873
Вучитрн
Починал 13 август 1933
Солун, Грција

Хасан бег Приштина (албански: Hasan Bej Prishtina) (Вучитрн, Косово, 1873 - Солун, 13 август 1933) бил албански политичар. Пред Првата светска војна игра важна улога во албанското движење за независност. Во 1921 година кратко време бил премиер на Албанија.

Животопис

Рани години

Хасан бег Приштина потекнува од богато земјоделско семејство. Изучувал право во Истанбул. По Младотурската револуција од 1908 година е избран за пратеник во Османлискиот парламент. Приближно во тоа време го менува семејното презиме од Бериша во Приштина и ја додава кон своето презиме титулата „бег“.

По Албанското востание од 1910 година Хасан бег Приштина станува пратеник во Османлискиот парламент. Во 1912 година е раководител на Албанското востание од 1912 година, за време на кое нуди создавањето на албанско-македонска држава во Македонија,[1] поддржан од британскиот конзул во Скопје. За време на Првата балканска војна Хасан бег се обидува да ја спречи поделбата на териториите населени од албанското население помеѓу Црна Гора, Србија и Грција.

Албанска независност и Прва светска војна

Со објавувањето на албанската независност Хасан бег Приштина ја поддржува првата влада на Исмаил Ќемали, чија власт се протегала до Елбасан. Во 1913 година добива за кратко време министерска должност, која реално не можел да ја извршува.

На 17 мај 1914 година добива министерска должност од албанскиот кнез Вилхелм Вид. Избувнувањето на Првата светска војна довела до привремено исчезнување на Албанија од политичката карта на Европа. Поголемиот дел од војната Хасан бег го поминува во Италија.

Политичка кариера

На крајот на војната околу него се формира движење кое се противи на враќањето на Косово кон Србија. Во октомври 1919 година Хасан бег заедно со косовската делегација го посетува Париз со мисија да бара обединување на Косово и Албанија. Делегацијата не е примена и сослушана од речиси никого.

Во 1920 година учествува на конгресот во Лушње на кој учествуваат богати и авторитетни Албанци и има за цел изградба на силна повоена албанска влада. Во април 1921 година е избран од регионот Дебар во албанскиот парламент. Застапува политика за поддршка на косовските албански бунтовници. Бил политички противник на Ахмед Зогу, кој ја имал поддршката на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Истата година Приштина склучува договор со претставниците на ВМРО Павел Христов и Александар Протогеров за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово, според кој Албанија треба да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, а Македонија да стане независна држава, додека Дебарскиот санџак бил спорен.

На 7 декември 1921 година Хасан бег Приштина е избран за премиер. Тој останал на оваа функција само неколку дена. Причина е интервенцијата на Ахмед Зогу, кој е принуден да ги отстрани косовските Албанци националисти од парламентот и владата за да избегне судир со Југославија.

Во февруари 1923 година Хасан бег и неговите најблиски приврзаници се принудени да ја напуштат Албанија. Во летото 1924 настапува нова промена во албанската политика. Владата на Фан Ноли поддржува испраќање на една албанска делегација во Женева, во Друштвото на народите за поплаки против српските власти во Косово. Член на делегацијата е и Хасан бег Приштина.

Егзил и смрт

Откако на крајот на 1924 година Ахмет Зогу ја презема повторно власта во Албанија со помош на Југославија, Хасан бег е принуден да ја напушти Албанија засекогаш. Тој си купува куќа во Солун, каде што живее.

На 14 април 1933 година Иван Михајлов, Анте Павелиќ и Хасан бег Приштина изработуваат проект за сојуз меѓу ВМРО, усташите и Косовскиот комитет за борба против Југославија.[2][3]

Набрзо потоа, на 13 август 1933 година е убиен од Албанецот Ибрахим Чело. Не се знае со сигурност дали се работи за крвна одмазда или за убиство по наредба на Ахмед Зогу. Погребан е во Кукс.

Наводи

Политички функции
Претходник
Казим Кочули
Премиер на Албанија
7 декември 1921 – 12 декември 1921
Наследник
Идомен Костури