Лилјана Тодорова: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: македонска литература → македонска книжевност
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 12: Ред 12:
'''Лилјана Тодорова''' ({{роден на|14.|08.|1934}}, {{роден во|Чачак}}, [[Србија]] - {{починат на|27|јануари|2017}}, {{починат во|Скопје}}) — македонски филолог, поранешен декан на Филолошкиот факултет, каде што предавала француска, франкофонска и компаративна книжевност, романист, книжевен компаратист, теоретичар и дипломат. Нејзина баба била илинденката [[Катерина Џидрова]], која завршила за учителка во Скопје, заедно со [[Гоце Делчев]] учителствувала во Штип.<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=945&stID=1151&pR=15 ''Лилјана Тодорова, универзитетски професор и дипломат, за наставничкиот позив, за мултилингвизмот,за дипломатијата, за исполнување на обврските.... '']</ref>

== Биографија ==
== Животопис ==
Тодорова е родена во 1934 година во [[Чачак]], [[Србија]] кога татко и бил управител на пошта инаку стручњак за телекомуникации. Мајка подоцна била вработена во меѓународната телефонија на главната пошта во Белград каде што живеле извесно време пред Втората светска војна. Образованието го започнала во Белград. Додека живеле во Белград, најстариот брат, тогаш момче на четиринаесетина години, станал член на СКОЈ. Поради опасноста тој да биде затворен од Германците, тие се вратиле во Штип, родното место на мајка и. Нејзиниот брат [[Михаил Гаврилов]] веднаш се приклучил кон партизанското движење и кога речиси цела Македонија била ослободена тој, за жал, загинал во борбите како ударник, бранејќи ја отстапницата на [[Четвртата македонска ударна бригада]]. Татко и, исто така, починал во Втората светска војна. Докторирала во [[1971]] година на тема Гзавие Мармие и Јужните Словени која е прогласена за лауреат на Академијата на науките и на уметностите на Безансон и Франш-Конте во Франција. За ова свое исклучително научно достигнување во 1972 година е избрана за дописен член на оваа француска академија. Објавила повеќе од 200 научни труда на француски, на македонски и на српски јазик посветени на француската и на франкофонската книжевност како и на француско-македонските книжевни релации. Ги иницирала студиите и проучувањата на франкофонските книжевности на Африка и на [[Канада]].

Преработка од 12:19, 15 јули 2020

Лилјана Тодорова
Роден 14 08 1934
Чачак,  Кралство Југославија
Починал 27 јануари 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање Филолог, Професор по француска, франкофонска и компаративна книжевност,Доктор на науки од 1971 г., романист, книжевен компаратист, теоретичар, член на Академијата на науките и уметностите на Безансон и Франш-Конте во Р.Франција, дипломат

Лилјана Тодорова (14. 08. 1934, Чачак, Србија - 27 јануари 2017, Скопје) — македонски филолог, поранешен декан на Филолошкиот факултет, каде што предавала француска, франкофонска и компаративна книжевност, романист, книжевен компаратист, теоретичар и дипломат. Нејзина баба била илинденката Катерина Џидрова, која завршила за учителка во Скопје, заедно со Гоце Делчев учителствувала во Штип.[1]

Животопис

Тодорова е родена во 1934 година во Чачак, Србија кога татко и бил управител на пошта инаку стручњак за телекомуникации. Мајка подоцна била вработена во меѓународната телефонија на главната пошта во Белград каде што живеле извесно време пред Втората светска војна. Образованието го започнала во Белград. Додека живеле во Белград, најстариот брат, тогаш момче на четиринаесетина години, станал член на СКОЈ. Поради опасноста тој да биде затворен од Германците, тие се вратиле во Штип, родното место на мајка и. Нејзиниот брат Михаил Гаврилов веднаш се приклучил кон партизанското движење и кога речиси цела Македонија била ослободена тој, за жал, загинал во борбите како ударник, бранејќи ја отстапницата на Четвртата македонска ударна бригада. Татко и, исто така, починал во Втората светска војна. Докторирала во 1971 година на тема Гзавие Мармие и Јужните Словени која е прогласена за лауреат на Академијата на науките и на уметностите на Безансон и Франш-Конте во Франција. За ова свое исклучително научно достигнување во 1972 година е избрана за дописен член на оваа француска академија. Објавила повеќе од 200 научни труда на француски, на македонски и на српски јазик посветени на француската и на франкофонската книжевност како и на француско-македонските книжевни релации. Ги иницирала студиите и проучувањата на франкофонските книжевности на Африка и на Канада.

Лилјана Тодорова имала и значајна активност во општествениот и политичкиот живот на Македонија. Учествувала во основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и на Институтот за македонска книжевност. Била декан во два наврата на Филолошкиот факултет и тоа во периодот од 1979 до 1981 година, и потоа од 1994 до 1996 година и дала клучен придонес за неговото именување во Филолошки факултет „Блаже Конески“ во 1996 година. Во периодот од 1979 до 1985 била член на југословенската комисија за соработка со УНЕСКО, а од 1982 до 1985 била македонски пратеник во Сојузното собрание на поранешната СФРЈ.

Проф. д-р Лилјана Тодорова била првата жена амбасадор од Македонија која во периодот од 1986-1990 година ја извршувала должноста на вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Република Гвинеја, Република Гвинеја-Бисао и Република Сиера Леоне во Западна Африка.

Одликувана е со со југословенскиот Орден на трудот со златен венец од претседателот на СФРЈ (1979) како и со високите француски ордени: Витез на Легијата на честа од претседателот на Франција (1983); Командант од редот на Академските палми од Француската влада (1984).

Како извонредно творечка личност, проф. д-р Лилјана Тодорова е заведена во Општата енциклопедија на Просвета од 1986 г. како и во енциклопедијата на Жени творци во светот објавена под покровителство на УНЕСКО во 2013 година. Починала на 27 јануари 2017 година во Скопје.[2]

Наводи