Атанас Албански: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: ==Биографија== → == Животопис ==
Ред 12: Ред 12:
'''Атанас Јакимов Албански ''' бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] и [[Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)|Внатрешна македонска револуционерна организација]].<ref name="ReferenceA">Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3</ref>

== Животопис ==
==Биографија==
Албански е роден во 1880 година во гостиварското село [[Горно Јеловце]]. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во [[Скопје]]. Влегува во [[ВМОРО]], и од страна на Организацијата бил избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во [[Илинденското востание]] учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. По востанието, во 1904 година бил избран за секретар на четата на војводата [[Ванчо Србаков]], а во 1907 година, бил секретар на четата на војводата [[Иван Аљабакот]].

Преработка од 09:35, 15 јули 2020

Атанас Албански
Роден 1880
Горно Јеловце, Македонија
Починал 30 ноември 1943
Софија, Бугарија

Атанас Јакимов Албански бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]

Животопис

Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во Скопје. Влегува во ВМОРО, и од страна на Организацијата бил избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. По востанието, во 1904 година бил избран за секретар на четата на војводата Ванчо Србаков, а во 1907 година, бил секретар на четата на војводата Иван Аљабакот.

По Првата светска војна од 1928 до 1934 година бил назначен за полномошник на Централниот комитет на ВМРО во Петрич.[2] Починал во Софија, Бугарија, во 1943 година.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.