Долно Косоврасти: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Поврзано: Отстранет неупотребуван поднаслов |
с →Историja: Правописна исправка, replaced: се до → сè до |
||
Ред 20: | Ред 20: | ||
== Историja == |
== Историja == |
||
Селото е запишано како дервенџиско село, |
Селото е запишано како дервенџиско село, сè до 1583 година, со карактеристични дервенџиски давачки. Со пописот од 1519 година, Долно Косоврасти броело 64 семејства, од кои 63 христијански и само 1 муслиманско. |
||
Според податоците за машкото население од 1873 година, селото имало 20 домаќинства со 71 жител, Македонци.<ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.</ref> |
Според податоците за машкото население од 1873 година, селото имало 20 домаќинства со 71 жител, Македонци.<ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.</ref> |
Преработка од 14:45, 7 јули 2020
Долно Косоврасти | |
Селото Долно Косоврасти и реката Радика | |
Координати 41°32′26″N 20°35′7″E / 41.54056° СГШ; 20.58528° ИГД | |
Општина | Дебар |
Население | 813 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 08016 |
Надм. вис. | 777 м |
Долно Косоврасти на општинската карта Атарот на Долно Косоврасти во рамките на општината | |
Долно Косоврасти на Ризницата |
Долно Косоврасти — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.
Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар на десната страна на реката Радика, на 7 километри североисточно од Дебар. Долно Косоврасти се наоѓало на самиот почеток на Дебарско Поле, а денес е на самиот почеток на Дебарското Езеро. Се наоѓа на 730 метри надморска височина и спаѓа во групата на ридски села од збиен тип.
Историja
Селото е запишано како дервенџиско село, сè до 1583 година, со карактеристични дервенџиски давачки. Со пописот од 1519 година, Долно Косоврасти броело 64 семејства, од кои 63 христијански и само 1 муслиманско.
Според податоците за машкото население од 1873 година, селото имало 20 домаќинства со 71 жител, Македонци.[2]
Демографија
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Долно Косоврасти имало 600 жители, сите Македонци.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Косоврасти имало 216 Македонци, егзархисти.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 813 жители, од кои се изјасниле:[5]
Жителите кои се декларирале како Турци, но и оние кои не се изјасниле за национална припадност, всушност се Македонци од муслиманска вероисповед, а доказ за тоа е што најголем дел се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик:
- македонски јазик - 768
- турски јазик - 40
- албански јазик - 4
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600[7] | 216[4] | 441 | 455 | 405 | 394 | 538 | 677 | 689 | 813 |
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Свети Никола" — црква од XIX век, возобновена во 1985 година.
- Училишта
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Заградишта — средновековна тврдина;
- Стар Пат — средновековен пат;
- Елица — средновековна црква и некропола;
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 555 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 727 гласачи.[10]
Стопанство
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
== Иселеништво ==-->
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.263.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Долно Косоврасти на Google Maps.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|