Евла (Ресенско): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°4′29″N 20°57′21″E / 41.07472° СГШ; 20.95583° ИГД / 41.07472; 20.95583
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Места од интерес: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с →‎Места од интерес: Јазична исправка, replaced: Археплошки → Археолошки
Ред 118: Ред 118:
*[[Црква „Вознесение Христово“ - Евла|Црква „Вознесение Христово“]] - пештерна манастирска црква;
*[[Црква „Вознесение Христово“ - Евла|Црква „Вознесение Христово“]] - пештерна манастирска црква;


;Археплошки наоѓалишта<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996). ''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>
;Археолошки наоѓалишта<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996). ''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>
*[[Исток (Евла)|Исток]] — црква од среден век;
*[[Исток (Евла)|Исток]] — црква од среден век;
*[[Св. Спас (Евла)|Св. Спас]] — црква од среден век;
*[[Св. Спас (Евла)|Св. Спас]] — црква од среден век;

Преработка од 13:14, 4 јули 2020

Евла
Евла во рамките на Македонија
Евла
Местоположба на Евла во Македонија
Евла на карта

Карта

Координати 41°4′29″N 20°57′21″E / 41.07472° СГШ; 20.95583° ИГД / 41.07472; 20.95583
Општина Ресен
Население 106 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23012
Надм. вис. 894 м
Евла на општинската карта

Атарот на Евла во рамките на општината

Евла — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Географиja и местоположба

Селото Евла административно и припаѓа на општината Ресен. Сместено е на западниот дел на Преспанската Котлина во подножјето на планината Галичица. Од Ресен е оддалечено на пет километри, а со градот е поврзано со асвалтен пат. Населбата е распространета на рамничарски простор на надморска височина од 925 метри. Западно од селото се протегаат падините на планината Галичица, обрастени со богат фонд на дабова и букова шума, а на источната страна е полето во кое се сместени нивите, ливадите, лозјата и овоштарниците со јаболкови насади. Соседни населени места на село Евла се: на северната страна селата Петрино и Болно, на јужната Горно Дупени и Лавци, на источната Преспанската Котлина со градот Ресен, а на западната планината Галичица и градот Охрид. Атерот на населбата зафаќа површина од 26,1км/2. Во него доминираат шумите со површина од 1.438 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 374, 3 ха, а на пасиштата 327,8 ха. Водениот потенцијал на просторот е доста богат. Низ средината на селото тече мала планинска река по име Елска Река која ја дели населбата на два дела, а на северо – источната страна, по целата должина на атерот, поминува Источка Река која е поголема и на неа порано биле изградени и успешно функционирале пет воденици. Издашноста на водата во реките дозволувала да се наводнуваат полињата на селата Евла и Горно Дупени, а во периодот 1952- 1953 година да се изгради и мала хидроцентрала. За тоа време, во услови кога селските населби не беа електрфицирани, ова село ја имало привилегијата да биде меѓу првите што има електрично осветление. Ридско – планинскиот појас кој како потковица го обвиткува селото, го прават ограноците на планините: Вртелка со највисока кота 1056 метри, Спаса 1100 метри, Јаворец 1236метри и Исток 1241 метар. На овој простор во реонот Спаса, на 3 километри западно од селото, во близина на наоѓалиштето Елски Копанки, се наоѓа познатиот пештерски манастир Свети Спас. Овој манастир со убавата шума околу него, зелениот папрат, тревњаците и планинската студена вода, е атрактивно излетничко место за населението на цела Преспа и пошироко. До него по адаптиран шумски пат, во секое време може да се дојде и со моторно возило.

Историja

Во XIX век селото е дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Местоположбата на населбата, сообраќајните врски, близината со градот Ресен, а посебно минувањето на еден крак од римскиот пат Вија Игнација низ атерот на селото, биле значаен предуслов за негов побрз стопански развој. Покрај тоа оваа населба располага и со други ресурси меѓу кои позначајни се: богатиот водостој на реките, шумскиот фонд со густа дабова и букова шума, познатите пасишта на наоѓалиштето Исток и на планината Галичица како и поволната умерено - континентална клима во Преспанската Котлина, му овозможувале на населението подобро да ја обезбедува својата егзистенција.

Таквите природни карактеристики на просторот овозможувале населението да ги задоволува своите животни потреби од сопствени извори. Во таа насока голем придонес имале: градинарството, овоштарството,лозарството, сточарството, шумарството и трговијата. Покрај земјоделските производи на наведените стопански гранки, населението било во можност на пазарот да нуди и други производи како огревно дрво, ќумур, вар, млечни производи, планински чај, печурки, мед и други производи.

Веројатно поради таквите можности за време на турско – османлиското владеење во Преспа, власта одлучила во селото Евла да биде седиштето на нивниот бег. Тој задоволен од условите за живот, одлучил за себе и своето семејство да изгради голема куќа – кула со високи чардаци сместена на влезот од селото.

На стопански план во текот на времето, овоштарството прераснало во најдоходовна гранка, не само во оваа населба, туку и во целата општина Ресен. Тоа овозможило овој регион да прерасне во најголем производител на квалитетно јаболко не само во Македонија туку и пошироко во соседните земји.

Според бројни историски податоци, евидентно е дека селото Евла е стара населба. Како таква, во своето повеќевековно опстојување станала привлечна за живеење на луѓето од целата Преспа. Исто така интересни се и податоците кои зборуваат за најтешкиот период од животот на населението. Имено, за време на Илинденското востание во 1903 г., една вооружена чета од селото Евла, активно учествувала во борбата против турската војска. Од тие причини по неуспехот на востанието, во знак на одмазда селото било целосно изгорено. Населението за да се заштити од репресалиите се повлекло на запад во густата шума на планината Галичица.

По повлекувањето на Турците од Балканот, преживеаното население, раководено од чувството за слободен живот на својот простор, се организирало и за кус период населбата била обновена. Така, прекинатата функција на животот во селото Евла, повторно се повратила.

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 300 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Евла имало 384 Македонци, егзархисти.[3]

Оваа населба се до осумдесеттите години од десетиот век, според бројот на жителите, била третирана како средно развиена. Подоцна, поради процесот на миграцијата на населението на релација село – град, тој статус е заменет со мала населба.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 106 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 300[2] 384[3] 458 481 426 313 232 175 138 106

Од завршувањето на Втората светска војна па се до 1955 година населбата броела околу 450 жители. Во тој период во селото имало: основно четиригодишно училиште, две активни цркви, задружен дом, земјоделска задруга, продавница со колонијална стока, музички состав, импровизирана кино сала и фудбалски клуб. Со тоа селото го доживеало својот најголем просперитет.

Подоцна, во втората половина на дваесеттиот век, состојбата започнала да се менува со што населбата почнала да го губи својот сјај. Според пописите на населението спроведени од страна на Сојузниот и Републичкиот заводи за статистика констатирано е дека во Евла имало: во 1953 г. 481 жител, во 1981 г. 232, во 1994 г. 138, а во 2002 година 95 жители.

Наведените податоци покажуваат дека, за периодот од 1953 до 2002 година, бројот на населението во селото се намалил за 386 жители или за 80,2 %.

Трендот на намалувањето што е евидентен во изминатите шест децении, продолжува и денес. Од нашите истражувања спроведени во селото во 2010 година, се констатира дека моментално во населбата има само 28 активни куќи во кои живеат 80 жители, а од нив повеќето се стари и изнемоштени лица. Очигледно процесот на иселувањето и понатаму е активен и за кратко време можно е населбата да ја снема од географската карта.

Ваквите демографски карактеристики на населението, бидејќи се карактеристични и алармантни не само за Евла, туку и за повеќето селски населби во Република Македонија, потребно е државните органи да изготват студиска програма за ревитализација на сите рурални населби.

Родови

Евла е македонско село.

Родови во селото се: Атанасовци, Богдановци, Босилковци, Гошевци, Гештаковци, Гаџовци, Гелибаловци, Демировци, Јоновци, Китевци, Кочевци, Камшиговци, Крстевци, Колевци, Лозевци, Марковци, Николовци, Петревци, Секуловци, Савевци, Стојчевци, Трповци, Тасевци, Тракталовци, Угриновци (доселени од некогашното село Исток), Цветковци и Шуминовци.[6]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Чодевци (2 к.), Угриновци (2 к.), Марковци (4 к.), Китевци (8 к.), Николовци (3 к.), Савевци (8 к.), Душковци (6 к.), Богдановци (1 к.)
  • Доселеници: Секуловци (1 к.) доселени се од некогашното село Исток; Лозевци (5 к.) доселени се од селото Лескоец; Ѓештаковци (15 к.) доселени се исто така од селото Лескоец; Босилковци (5 к.) доселени се од селото Стипона; Јоновци (2 к.) доселени се од некогашното село Исток; Стипонци (1 к.) доселени се од селото Стипона; Атанасовци (1 к.) доселени се од селото Прељубје; Шуминовци (4 к.) доселени се од селото Горно Дупени; Славевци (2 к.) доселени се од Горно Дупени; Гацовци (5 к.) доселени се од селото Грнчари; Кочевци (3 к.) доселени се од селото Исток; Камшиковци (3 к.) доселени се од селото Волкодери; Ѓелиболци (1 к.) доселени се однекаде.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1628 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект на динче кочовска.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 76 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

На шест километри патување од ова село се наоѓа манастирот св. Спас, до кој може да се стигне само пеш или доколку сте упорни со теренско возило. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села кои припаѓаат под охридскиот регион кои одлучиле да дојдат пеш во овој прекрасен манастир.

Редовни настани

Личности

Места од интерес

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Исток — црква од среден век;
  • Св. Спас — црква од среден век;
  • Кале — населба од среден век;
  • Ливадица — осамен наод од доцноантичко време;

Иселеништво

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  7. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски