Огнен и латински крал: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 21:00, 2 јули 2020

Огнен и латински крал - македонска епска народна песна.

Содржина

Латинскиот крал се подготвувал за свадбата на својот син кој бил многу грд. Тој го поканил Крале Марко да биде кум на свадбата, но Марко го испратил својот син Огнен. Латинскиот крал му ја кажал вистината на Огнен и го замолил да биде замена за зетот, ветувајќи дека ќе му ги даде сите подароци. Кога заминале по невестата, со својата убавина Огнен оставил силен впечаток кај сите. На враќање кон дворот на латинскиот крал, невестата го видела Огнен и се воодушевила, но тој ѝ го покажал вистинскиот зет. Тогаш, невестата одбила да му ги даде подароците на Огнен и тој се налутил, па ги фрлил сите подароци во Црното Море, а потоа ја фрлил и невестата. Потоа, Огнен се вратил дома и на родителите им ја раскажал случката.[1]

Наводи

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 68-74.