Ајдутство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK, #WPWP
Ред 1: Ред 1:
{{другизначења|Ајдуци (појаснување)}}
{{другизначења|Ајдуци (појаснување)}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
[[Податотека:Катиљ Ѓорѓи.jpg|мини|Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак, роден е во мариовското село [[Брник]] во 1875 година. За време на османлиското владеење бил познат ајдук во Мариовско. За него била напишана песната „Болен лежи Катиљ Ѓорѓи“, која на времето ја испеал [[Александар Сариевски]].]]
'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во [[16 век]].<ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга прва''. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.</small></ref> Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на [[пролет]], а на [[есен]] се засолнувале кај своите [[јатаци]]. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и [[јатаци]] биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.
'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во [[16 век]].<ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга прва''. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.</small></ref> Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на [[пролет]], а на [[есен]] се засолнувале кај своите [[јатаци]]. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и [[јатаци]] биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.



Преработка од 19:15, 1 јули 2020

Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак, роден е во мариовското село Брник во 1875 година. За време на османлиското владеење бил познат ајдук во Мариовско. За него била напишана песната „Болен лежи Катиљ Ѓорѓи“, која на времето ја испеал Александар Сариевски.

Ајдутството претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во 16 век.[1] Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на пролет, а на есен се засолнувале кај своите јатаци. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.

Во своето дело „Српски рјечник“, Вук Караџиќ дал автентичен опис на ајдутството. Според него, ајдуците се појавиле како реакција на турската неправда и насилство. Затоа, меѓу ајдуците имало многу чесни луѓе, а на почетокот, веројатно, и некогашните благородници станувале ајдуци. Поретко, луѓето станувале ајдуци и заради одмазда, а некои ајдуци правеле злосторства и кон сопствениот народ. Притоа, ајдутството се засилувало во периодите кога турската власт била понасилна. На почетокот, ајдуците ги ограбувале турските даночници, но подоцна ги напаѓале трговците и патниците, па дури и ги ограбувале домовите на побогатите луѓе. Често, тие грабале луѓе од домовите, а потоа барале откуп од нивните роднини. На лето, ајдуците живееле во шумите, а ги посетувале своите јатаци во потрага по храна. На зима, ајдучките дружини се распуштале, а ајдуците се криеле кај своите јатаци. Најчесто, ајдуците биле облечени во бечви од чоја, биле обуени во опинци, а носеле сини или зелени долами и гунчиња. Особено биле препознатливи нивните фесови или свилени капи со китка од едната страна, а на градите носеле сребрени токи или сребрени пари. Најчесто биле вооружени со долга пушка, две кратки пушки и нож.[2]

Ајдучки песни

Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во 19 век, а некои и во 18 век. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонесло за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од 16 век (Старина Новак, Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на Сараево и на планината Романија. Исто така, голем е циклусот посветен на Бајо Пивљанин и неговата дружина од 17 век, која дејствувала околу Бока Которска, а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот Мијат Томиќ (кој дејствувал во Босна), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и смртта на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „Старина Новак и кнезот Богосав“, „Старина Новак и Дели-Радивој“, „Новак и Радивој го продаваат Груица“, „Груица и Арапот“, „Стариот Вујадин“, „Костреш Арамбаша“, „Малиот Радоица“, „Зошто Бајо замина во ајдуци“, „Човек-паша и овчарот Михат“, итн.[3]

Ајдутството како тема во уметноста

Извори

  1. Историја на македонскиот народ, книга прва. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.
  2. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-143.
  3. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.
  4. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 42.