Информатика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
Ред 80: Ред 80:
{{Ризница-врска|Computer science}}
{{Ризница-врска|Computer science}}
* [http://www.informaticari.net Информатика] - македонски портал на информатичарите {{mk}}
* [http://www.informaticari.net Информатика] - македонски портал на информатичарите {{mk}}
* [http://www.acm.org/class/ класификациона шема AKM] {{en}}
* [http://www.acm.org/class/ Класификациона шема AKM] {{en}}


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

Преработка од 08:48, 27 јуни 2020

Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не).

Историја

Германската војска ја користела машината Енигма за време на II Светска војна за комуникација за која тие мислеле дека е тајна. Пробивањето на кодот на Енигма е еден од важните фактори кои довеле до победа на Сојузниците во II Светска војна.

Зборот „информатика“ за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки.

Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.

Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на Втората светска војна работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.

Инфоматиката за основа ја има математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Настанала во 19 век а за еден од основачите се смета Чарлс Бебиџ, кој измислил машина која ги земала податоците, ги обработувала и на одреден начин ги прикажувала истите. Бебиџ секако го замислил тоа потполно механички, додека денес сметачите се електронски.

Денешните сметачи имаат сличност со машината на Бебиџ, а тоа во најголема мера се должи на примената на двоичен броен систем. Скоро секоја сметачка машина на денешницата го користи тој броен систем, којшто се состои само од единици и нули. Тоа е така затоа што на сметачот тоа му е наједноставно: 1 - има струја, 0 - нема струја. Системот кој има десет цифри (0-9) се вика декаден. Бебиџ ја имал идејата за користење на дупчени картички за својот сметач а тоа навистина и се користело за чување на податоците пред во употреба да почнат да се користат магнетните мемории.

Полиња на информатиката

Според класификационата шема на АКМ (Асоцијација за Компјутерска Машинерија), информатиката ги вклучува следните полиња:

Надворешни врски