Хондурас: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: Хемисфера → Полутопка (2)
Ред 127: Ред 127:
{{Main|Економија на Хондурас}}
{{Main|Економија на Хондурас}}


Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во [[Северна Америка]], но сепак и денес околу 50% од населението живее во [[сиромаштија]].<ref>[http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/LACEXT/HONDURASEXTN/0,,contentMDK:21035522~pagePK:141137~piPK:141127~theSitePK:295071,00.html web.worldbank.org]</ref> Според [[Светска банка|Светската банка]], Хондурас е една од трите најсиромашни држави во [[Западна Хемисфера|Западната Хемисфера]], по [[Хаити]] и [[Никарагва]]. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.
Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во [[Северна Америка]], но сепак и денес околу 50% од населението живее во [[сиромаштија]].<ref>[http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/LACEXT/HONDURASEXTN/0,,contentMDK:21035522~pagePK:141137~piPK:141127~theSitePK:295071,00.html web.worldbank.org]</ref> Според [[Светска банка|Светската банка]], Хондурас е една од трите најсиромашни држави во [[Западна Полутопка|Западната Полутопка]], по [[Хаити]] и [[Никарагва]]. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.


== Население, јазик и религија ==
== Население, јазик и религија ==

Преработка од 01:31, 27 јуни 2020

Република Хондурас
República de Honduras
Податотека:Flag of Honduras (2008 Olympics).svg
Знаме Грб
Гесло"Libre, Soberana e Independiente"(шпански)
"Слободна, суверена и независна"
ХимнаНационална химна на Хондурас
Местоположба на Хондурас
Главен градТегусигалпа
14°6′N 87°13′W / 14.100° СГШ; 87.217° ЗГД / 14.100; -87.217
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  90% мешани
7% староседелци
2% црнци
1% белци
Демоним Хондурец
Уредување Република
 •  Претседател Хуан Орландо Эрнандес
 •  Заменик претседател Рикардо Альварес
Независност
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Федерална Република во Средна Америка 31 мај 1838 
Површина
 •  Вкупна 112,492 км2 (102-ра)
Население
 •  проценка за август 2009 г. 7.810.848 (93-та)
 •  Попис 2000 6.975.204 
 •  Густина 64 жит/км2 (128-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $32.779 милијарди[1] 
 •  По жител $4.275[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.001 милијарди[1] 
 •  По жител $1.826[1] 
Џиниев коеф. (1992–2007)55.3[2]
висок
ИЧР (2013) 0.617[3]
среден · 129та
Валута Лемпира (HNL)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .hn
Повик. бр. 504

Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка. На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.

Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белизе.[4] Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Етимологија

Шпанците имале различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.

  • Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухило кој покасно станало име за целата територија
  • Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро.
  • Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).[5]

Историја

Географија и клима

Карта на Хондурас.

Хондурас е држава во Северна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.

Територијата на Хондурас е воглавно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 км2 каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.

Политички систем

Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

Карта на департманите во Хондурас

Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:

  1. Атлантида
  2. Чолутека
  3. Колон
  4. Комајагва
  5. Копан
  6. Кортес
  7. Ел Параисо
  8. Франсиско Моразан
  9. Грасиjас а Диос
  10. Интибука
  11. Заливски Острови
  12. Ла Паз
  13. Лемпира
  14. Окотепеке
  15. Оланчо
  16. Санта Барбара
  17. Валjе
  18. Јоро

Стопанство

Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Северна Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија.[6] Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во Западната Полутопка, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.

Население, јазик и религија

Сан Педро Сула.
Податотека:Tgu6.jpg
Катедрала во Тегусигалпа.

Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.[7]

Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:

Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Службен јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.

Верници во Хондурас
Христијани
  
87,60 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
10,50 %
Будисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
1,10 %
Други
  
0,60 %

Култура

Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондураски сликар е Хозе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондураски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Honduras“. International Monetary Fund. Посетено на 1 октомври 2009.
  2. 1992–2007: „Human Development Report 2009 – M Economy and inequality – Gini index“. Human Development Report Office, United Nations Development Programme. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2009. Посетено на 17 октомври 2009.
  3. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. Посетено на 5 ноември 2010.
  4. Archeological Investigations in the Bay Islands, Spanish Honduras
  5. Columbus's quote
  6. web.worldbank.org
  7. CIA - The World Factbook - Honduras

Поврзано

Надворешни врски