Висла: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Поврзано: Додадена категорија
Ред 17: Ред 17:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Реки во Полска]]
[[Категорија:Реки во Полска]]
[[Категорија:Вислански слив]]
[[Категорија:Вислански слив]]
[[Категорија:Реки по азбучен ред]]

Преработка од 15:14, 24 јуни 2020

Висла крај Модлин
Водостој на Висла во Варшава од 20 до 26 мај 2010 г.

Висла (полски: Wisła; латински: Vistula; германски: Weichsel) е најдолгата, најголемата и најважната река во Полска. Таа е и најдолгата река од сливот на Балтичкото Море. Должината на Висла е 1.047 км. Изворот на реката се наоѓа на 1.106 метри надморска височина, на западните падини од Барања Гура (Baraniа Górа = „Овнова Планина“) во планинскиот венец Шлески Бескиди. Годишниот просечен проток изнесува 1.054 м³/с, а максимална длабочина е 10 м.

Загаденоста во Висла е многу голема:од 894 километри контролиран тек на реката дури 93% се прекумерно загадени, а 7% се од трета класа. Годишно од Висла во Балтичко Море се влеваат околу 2,2 милиони кубни метри речен отпад, од кои 5.000 тони сол дневно од рудниците за камен јаглен; во Висла исто така растe нивото на бактериолошко загадување.

Потекло на името

Во античко време Висла била позната и опишувана од географите како „Вистла“ и „Вистула“, а за нејзино најстаро име се смета Wīstlā. Корeните на името се барани во келтските, германските и словенските јазици, но со оглед на недостатокот на информации, ништо од тоа не е докажано.

Поврзано