Општина Чашка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: == Економија == → == Стопанство ==
с →‎Географија: Јазична исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> (4)
Ред 29: Ред 29:


== Географија ==
== Географија ==
Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км² и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км² и 48,97 км² под пасишта.
Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км<sup>2</sup> и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км<sup>2</sup> и 48,97 км<sup>2</sup> под пасишта.


Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со [[Општина Велес|Велес]] и [[Општина Градско|Градско]], од север со [[Општина Зелениково|Зелениково]] и [[Општина Студеничани|Студеничани]], од запад со [[Општина Македонски Брод|Македонски Брод]] и [[Општина Долнени|Долнени]] и од југ со [[Општина Прилеп|Прилеп]] и [[Општина Кавадарци|Кавадарци]]. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км².
Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со [[Општина Велес|Велес]] и [[Општина Градско|Градско]], од север со [[Општина Зелениково|Зелениково]] и [[Општина Студеничани|Студеничани]], од запад со [[Општина Македонски Брод|Македонски Брод]] и [[Општина Долнени|Долнени]] и од југ со [[Општина Прилеп|Прилеп]] и [[Општина Кавадарци|Кавадарци]]. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км<sup>2</sup>.


Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „[[Лисиче (езеро)|Лисиче]]“.
Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „[[Лисиче (езеро)|Лисиче]]“.

Преработка од 12:10, 21 јуни 2020

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Чашка со селските атари.
Демографска карта на Општина Чашка со селските атари.

Општина Чашкаопштина во средишниот дел на Македонија. Административен центар на општината е истоименото село.

Општината била изменета со новата територијална поделба на Македонија по донесениот закон во 2004 година. Денешната општина ги вклучува двете поранешни општини Богомила и Извор, како и одредени делови од Општина Велес.

Географија

Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км2 и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км2 и 48,97 км2 под пасишта.

Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и од југ со Прилеп и Кавадарци. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км2.

Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „Лисиче“.

Климатските карактеристики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-медитеранска, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец.

Историја

Стопанство

Демографија

Според пописот во 2002 година, Општина Чашка има 7.673 жители. Етнички групи во општината:[1][2]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 4.370 57,28
Албанци 2.738 35,23
Турци 390 5,70
Роми 0 0,0
Власи 1 0,01
Срби 63 0,72
Бошњаци 67 0,87
други 44 0,79
Вероисповед Вкупно
православни 4.145
муслимани 1.770
католици 2
протестанти 0
останати 15
Јазик Вкупно
македонски 4.838
албански 2.684
турски 10
ромски 0
влашки 0
српски 47
бошњачки 49
останати 45

Општествени установи

Општинската администрација во Општина Чашка е поделена на пет одделенија:

  1. Одделение за правни,општи работи, човешки ресурси и месна самоуправа;
  2. Одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање со даноци;
  3. Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштитa, спорт и соработка со здружение на граѓани и фондации;
  4. Одделение за урбанизам, комунални дејности сообраќај и заштита на животната средина;
  5. Одделение за инспекциски надзор - инспекторат.

Администрација и политика

Градоначалник на општина Чашка е Горан Стојановски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Чашка е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 3 места
  ДУИ: 2 места
  АА / БЕСА: 2 места

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  3. „Заклучок за конечност на резултатите од гласање во вториот изборен круг 29.10.2017 по одлуките на Управниот суд“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски