Анте Поповски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Замена со тековно име на предлошката, replaced: МакЛит → Македонска книжевност using AWB
с →‎Книжевно творештво: Јазична исправка, replaced: Литературно творештво → Книжевно творештво using AWB
Ред 26: Ред 26:
Анте Поповски дипломирал [[медицина]], но се занимавал со [[литература]]. Работел како директор на [[НИП „Нова Македонија“]] и на „[[Вардар филм]]“, а во два мандати и претседател на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]]. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија [[МААК]]. Исто така, Поповски бил член на [[МАНУ]] од [[2001]] година.
Анте Поповски дипломирал [[медицина]], но се занимавал со [[литература]]. Работел како директор на [[НИП „Нова Македонија“]] и на „[[Вардар филм]]“, а во два мандати и претседател на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]]. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија [[МААК]]. Исто така, Поповски бил член на [[МАНУ]] од [[2001]] година.


== Литературно творештво ==
== Книжевно творештво ==
{{double image|left|Биста во Лазарополе 2.jpg|160|Ante Popovski spoemnik.JPG|160|Споменик на Анте Поповски во родното Лазарополе|Споменик на Анте Поповски во Струга}}
{{double image|left|Биста во Лазарополе 2.jpg|160|Ante Popovski spoemnik.JPG|160|Споменик на Анте Поповски во родното Лазарополе|Споменик на Анте Поповски во Струга}}
Позначајни дела на Поповски се:
Позначајни дела на Поповски се:

Преработка од 05:59, 13 јуни 2020

Анте Поповски
Роден Анте Поповски
3 јуни 1931
Лазарополе, денешна Македонија Македонија
Починал 1 октомври 2003
Скопје
Националност Македонец
Познат по:
Непокор
Глас од дамнина
Оковано време
Занимање поет
есеист
публицист
академик

Анте Поповски (Лазарополе, 3 јуни 1931 - Скопје, 1 октомври 2003) — македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар.

Животопис

Анте Поповски дипломирал медицина, но се занимавал со литература. Работел како директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија МААК. Исто така, Поповски бил член на МАНУ од 2001 година.

Книжевно творештво

Позначајни дела на Поповски се:

  • Одблесоци (поезија, 1955)
  • Вардар (поезија, 1958)
  • Самуил (поезија, 1963)
  • Непокор (поезија, 1964)
  • Камена (поезија, 1972)
  • Тајнопис (поезија, 1975)
  • Љубопис (поезија, 1980)
  • Родопис (поезија, 1981)
  • Сина песна (поезија, 1984)
  • Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
  • Ненасловена (поезија, 1988)
  • Оковано време (статии и коментари, 1991)
  • Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
  • Провиденија (поезија, 1995)
  • Окото, светлините (есеи, 1996)

Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија.

Награди

Поповски е добитник на наградите:

и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.

Осврт кон творештвото

Во својот осврт кон поезијата на Поповски, Санде Стојчевски вели дека во секој стих и во секој наслов, поетот со трепет и надеж се наведнува над секоја тема, оставајќи ни толку стихови во кои удира пулсот, а неговото поетско писмо се движи во просторот меѓу стравот и надежта. Неговата песна речиси никогаш не се оддалечува од природата и сведочи за исконската поврзаност на човекот со елементарното, а неговите песни се проткаени со свеста за заедништвото. Мошне значаен дел од неговото творештво се татковинските песни („Татковина“, „Македонија“, „Гоце Делчев“, „Самуил“, „Вардар“ итн.) при често гради песни-циклуси, песни-вериги, песни-семејства.[1]

Наводи

  1. Санде Стојчевски, „Поезија на (од) (со) страв и надеж - Поговор кон едно извишено поетско дело“, во: Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 199-208.