Општина Пехчево: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Населени места: Дотерување на табели, replaced: {| border="1" cellspacing="0" cellpadding="2" → {| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2" (2) using AWB
с →‎Населени места: Дотерување на табели, replaced: | '''религија''' → | '''Вероисповед''', | '''вкупно''' → | '''Вкупно''' (2), Православни using AWB
Ред 79: Ред 79:


{| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"
{| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"
| '''религија'''
| '''Вероисповед'''
| '''вкупно'''
| '''Вкупно'''
|-
|-
| [[Православието во Македонија|православни]]
| [[Православни]]
| '''4.757'''
| '''4.757'''
|-
|-
| [[Исламот во Македонија|муслимани]]
| [[Муслимани]]
| 702
| 702
|-
|-
| [[Католицизмот во Македонија|католици]]
| [[Католици]]
| 0
| 0
|-
|-
| [[Протестантството во Македонија|протестанти]]
| [[Протестанти]]
| 0
| 0
|-
|-
| останати
| Други
| 58
| 58
|-
|-
Ред 101: Ред 101:
{| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"
{| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"
| '''Јазик'''
| '''Јазик'''
| '''вкупно'''
| '''Вкупно'''
|-
|-
| [[Македонски]]
|[[Македонски јазик|македонски]]
| '''4.850'''
| '''4.850'''
|-
|-
| [[Албански]]
|[[Албански јазик|албански]]
| 0
| 0
|-
|-
| [[Турски]]
|[[Турски јазик|турски]]
| 299
| 299
|-
|-
| [[Ромски]]
|[[Ромски јазик|ромски]]
| 340
| 340
|-
|-
| [[Влашки]]
|[[Влашки јазик|влашки]]
| 0
| 0
|-
|-
| [[Српски]]
|[[Српски јазик|српски]]
| 13
| 13
|-
|-
|[[Босански јазик|бошњачки]]
| [[Бошњачки]]
| 0
| 0
|-
|-
| останати
| Други
| 15
| 15
|-
|-

Преработка од 12:00, 4 јуни 2020

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Пехчево со селските атари.
Демографска карта на Општина Пехчево со селските атари.

Општина Пехчевоопштина во Малешевијата, Источна Македонија. Центар на општината е градот Пехчево.

Географска положба

Во Источниот дел на Република Македонија, во Малешевската котлина т.е во нејзиниот североисточен дел, на границата со Р. Бугарија се наоѓа општина Пехчево. Општината со нејзината поширока околина се наоѓа помеѓу 41˚ 41˚ и 41˚ 51 ˚ северна географска ширина и 22˚ 47˚ и 23˚ 03˚ источна географска должина, со средна надморска висина од 1000 метри. Се наоѓа во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 м) е најисточна точка и на Република Македонија. Инаку, општината Пехчево е сместена на возвишението (превалот) помеѓу Беровската и Делчевска Котлина, на надморска височина од околу 700 до 1932 метри. На запад е заградена со ниската планина Бејаз Тепе (1348 м), а на исток со Влаина (Кадиица, 1932 м) која е втора по височина во источниот дел на Македонија (веднаш зад Осоговски Планини, 2252 м). На југоисток пак е заградена со највисокиот дел на Малешевски Планини (Џами Тепе, 1803 м). Административно, општината Пехчево граничи со општината Берово на југ и општината Делчево на север, а на исток со општината Симитли во Бугарија. На површина од 206,88 км2 живеат 5.517 жители од кои поголемиот дел во општинскиот центар Пехчево (3.237 жители) а останатиот дел во другите шест селски населби: Негрево (170 жители), Чифлик (362 жители), Умлена (391 жители), Робово (470 жители), Црник (752 жители) и Панчарево (467 жители), кои спаѓаат во категоријата ридско-планински села.

Историja

Вгнездена како во кошничка , на крајниот исток од Мекедонија пулсира малата живописна Општина Пехчево. Административен центар е гратчето Пехчево ,распослано на двата брега на Пехчевска река, на надморска височина од 1000 метри, под падините на планината Влаина, опколено со големи и длабоки борови шуми, студени потоци и чист планински воздух. Иако мало, ова гратче има долга и богата историја. Археолошките артефакти говорат дека на овие простори постоела населба уште во римско време во која се топела железна руда која се експлоатирала од Буковик. Според жителите, гратчето топонимот го должи токму на тие печки, односно пешчи. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар. Во околината на Пехчево има траги од населби од антиката и средниот век. Во месноста Градиште или Манастириште на десниот брег на Брегалница има остатоци од римско населба. Во подножјето на Буковик во месноста Рудиште или Раковец на три километри источно од Пехчево, исто така има остатоци од големо античко и средновековна рударски населба. Во Буковик има остатоци од уште една населба од доцната античност, а во месноста Во реката - остатоци од рудник од истиот период. Во месноста населба на север од Пехчево има касно-античко село, а во кај Спиково на 4 километри источно од градот - остатоци од старохристијанска црква.

Населени места

Општината има 8 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Пехчево е единственото градско подрачје во општината. Едно од нив (Спиково) било отпишано од 1967 г. но повторно населено со постојано население и признаено во 2014 г.[1][2]

Бр. Место Население

(2002)[3]

1 Пехчево 3.237
2 Црник 707
3 Робово 476
4 Панчарево 375
5 Умлена 354
6 Чифлик 321
7 Негрево 97
8 Спиково ?
Вероисповед Вкупно
православни 4.757
муслимани 702
католици 0
протестанти 0
останати 58
Јазик Вкупно
македонски 4.850
албански 0
турски 299
ромски 340
влашки 0
српски 13
бошњачки 0
останати 15

Стопанство

Демографија

Според пописот од 2002 година 5.517 жители.

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 4.850 85,86
Албанци 0 0,0
Турци 299 6,47
Роми 340 7,07
Власи 0 0,00
Срби 13 0,22
Бошњаци 0 0,00
други 15 0,34

Општествени установи

Управа и политика

Градоначалник на општина Пехчево е Драган Тренчовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Пехчево е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 6 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места

Културни и природни знаменитости

На само 4 километри оддалеченост, во месноста света Петка, кај населението позната како Манастир, се наоѓа архелошкото наоѓалиште со истото име. Тоа е старо христијансјка базилика, односно манастирски комплекс со поголеми димензиии, кој покрај остатоците од црквата градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево село, денешно Делчево. Се верува и дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методија ја создале глаголица, најстрото словенско писмо.

Редовни настани

Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално продолжува да го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, се одржува од 10 до 13 јули 2013 година.

Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

За првпат ваков фестивал во Пехчево беше организиран 2001 година, со учество на 10-тина дувачки оркестри од Македонија, кој беше вистинска атракција за посетителите. Заради финансиски потешкотии на организаторите, иако имаше голем интерес од учесниците сепак престана да се организира.

Во 2011 година Општина Пехчево ја превзема комплетната организација на фестивалот, со определба овој настан да прерасне во традиционален и да биде една од атракциите што ќе се организира во Пехчево во летниот период.

Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и за најуспешните учесници се обезбедени вредни награди и тоа :

1 место : Златна Труба и директно учество на фестивалот во Гуча 2 место : Кларинет 3 место : Тапан

Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13.07.2013 година се одржа и традиционалниот Етно саем – Пехчевски Павловден на кој се представија произодители на традиционална храна и ракотворби. Организирањето на ,, Пехчевски Павловден ,, овозможи промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Оваа манифестација се организира во Пехчево веќе по четврти пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници.

Со овие настани, покрај негувањето на традиционалната вредност, што е една од определбите за развој на Општина Пехчево, во иднина очекуваме да имаме поголем број на туристи и посетители во Пехчево во летниот период. Овие настани надополнети со туристичките атракции : водопадите, природните убавини, традиционалната пехчевска кујна ќе придонесат Пехчево да биде една од атрактивните туристички дестинации како за домашните така и за странските гости.

Личности

Култура и спорт

Домот на културата „Јане Сандански“ - Пехчево е единствена институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот на Општина Пехчево. Работата на домот на култура се базира на проекти и програми подржувани од Министерството за култура. Од 01.07.2005 година според законот за култура домот на културата „Јане Сандански“ има статут на локална установа. Токму затоа сите активности кои се реализираат се во непосредна корелација со Општина Пехчево. Домот на културата е институција од отворен тип,отворена за соработка со сите институции од областа на културата,образованието и науката. НВО секторот и сите оние кои се подготвени и отворени за соработка ДК „Јане Сандански“ својата културна дејност и активности ги реализира преку следните сегменти и активности: Сценско-уметничка (музичка) дејност, Драмска, Културно наследство, Литературна (библиотекарство), Кинотечна, Манифестации и фестивали, Меѓународни културни соработки, Соработка со НВО секторот, Соработка со локалната самоуправа.

Пехчево е домот на фудбалската екипа ФК Напредок (Пехчево).

Иселеништво

Населението на општина Пехчево емигрира како кон поголемите градски центри во Македонија, така и надвор од неа. Италија е најчестата дестинација за пехчевци.

Наводи

  1. „Глобус“. Глобус. 23 септември 2014. Посетено на 16 December 2017.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  3. Попис во Македонија 2002
  4. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски