Зевс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Зевс и Хера: Исправка на врска, replaced: Robert Grevs → Robert Grevs using AWB
с →‎Зевс и Хера: Исправка на врска, replaced: Grčki mitovi → Grčki mitovi using AWB
Ред 38: Ред 38:
== Зевс и Хера ==
== Зевс и Хера ==
[[Податотека:Arheologicheski-Hera.jpg|мини|Статуа на Хера од 2 век.п.н.е]]
[[Податотека:Arheologicheski-Hera.jpg|мини|Статуа на Хера од 2 век.п.н.е]]
Заедницата на Зевс и [[Хера]] претставува типичен пример на ''hieros gamos'' меѓу небесниот [[бог]] и земјената божица, што на убав начин е опишано кај [[Хомер]] во [[Илијада]]та. Во митовите, Хера е секогаш во кавга со својот сопруг поради неговите неверства, а често прибегнувала на сплеткарења и на ситни начини го понижувала Зевс. Забележано е дека таа против него соѕдала дури заговор со [[Посејдон]], [[Аполон]] и со останатите богово од [[Олимп]], во кој не учествувала само [[Хестија]], кои го заврзале во илјада јазли со нерскинливи каишки, така што не можел миту со прстот да мрдне. Поради тоа, Зевс ја обесил на небото и ја прицврстил со златни окови, а ја ослободил дури откако сите богови му се заколнале дека веќе нема да креваат буна.<ref>Robert Grevs, [[The greek myths|Grčki mitovi]], Nolit, Beograd, 1992, str. 51.</ref> Во [[уметност]]а, Хера е претставена како [[крал]]ица и матрона, често со кралски обележја како скиптар и круна. Хомер ја опишува како волоока и белолакта, епитети кои ја означуваат нејзината убавина.
Заедницата на Зевс и [[Хера]] претставува типичен пример на ''hieros gamos'' меѓу небесниот [[бог]] и земјената божица, што на убав начин е опишано кај [[Хомер]] во [[Илијада]]та. Во митовите, Хера е секогаш во кавга со својот сопруг поради неговите неверства, а често прибегнувала на сплеткарења и на ситни начини го понижувала Зевс. Забележано е дека таа против него соѕдала дури заговор со [[Посејдон]], [[Аполон]] и со останатите богово од [[Олимп]], во кој не учествувала само [[Хестија]], кои го заврзале во илјада јазли со нерскинливи каишки, така што не можел миту со прстот да мрдне. Поради тоа, Зевс ја обесил на небото и ја прицврстил со златни окови, а ја ослободил дури откако сите богови му се заколнале дека веќе нема да креваат буна.<ref>Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 51.</ref> Во [[уметност]]а, Хера е претставена како [[крал]]ица и матрона, често со кралски обележја како скиптар и круна. Хомер ја опишува како волоока и белолакта, епитети кои ја означуваат нејзината убавина.


== Децата на Зевс и Хера ==
== Децата на Зевс и Хера ==

Преработка од 02:14, 4 јуни 2020

Зевс
Jupiter de Smyrne, откриена во Смирна во 1680 г.
Крал на боговите
Бог на Небото и Громот
ЖивеалиштеОлимп
СимболГром, орел, вол и даб
СопружникХера
РодителиХрон и Реја
Браќа/сестриПосејдон, Ад, Деметра, Хестија, Хера
ДецаАрес, Атена, Аполон, Артемида, Афродита, Дионис, Хеба, Хермес, Херкул, Елена Тројанска, Хефест, Персеј, Минос, Музите
Јава наОлимп
Римски панданЈупитер

Во грчката митологија, Зевс е крал на боговите, владетел на планината Олимп и бог на небото и громот. Негови симболи се громот, орелот, волот и дабот. Поради неговото индо-евроско наследство, класичното „собирач на облаци“ доведува одредени иконографски особини од културите на Древниот Близок Исток, како на пример жезлото. Зевс е често прикажуван од грчките уметници во две пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со гром во неговата подигната десна рака или седнат на престол. Зевс имал блескав штит („егида“), направен од кожата на козата што го хранела на островот Крит, а во средината на штитот е прикажана главата на Горгона.[1]

Зевс бил дете на Хрон и Рија, а бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции, тој е оженет со Хера, иако кај пророкот на Додон, негова придружничка е Диона: според Илијада, Афродита е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу боженствени и херојски потомци, вклучувајќи ги Атена, Аполон и Артемида, Хермес, Персефона (од Деметра), Дионис, Персеј, Херакле, Елена Тројанска, Минос и Музите (од Мнемосина); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат Арес, Хеба и Хефест.[2]

На грчки, името на богот е Ζεύς Zeús /zdeús/ или /dzeús/ (на модерно грчки /'zefs/) во номинатив и Διός Diós во генитив. Негов римски еквивалент бил Јупитер, а етрурски, Тиниј. Во хинди митологијата негов еквивалент е богот Индра, со оружје слично на громот, кое тој можел да го држи како стап.

Статуа на Ѕевс

Раѓањето на Зевс

Од Хрон и Реја настануваат Хестија, Деметра, Хера, Ад, Посејдон и Зевс Хронос ги проголтал сите освен Зевс како што пренесува Хесиод. Хрон и Реја се божества на небото и земјата двојници на Уран и Гаја чија моќ тиеја узурпирале а нивната врска претставува возобновување на светиот брак , но според траицијата Хрон и Реја се претставувани мошне поразлично од нивните родители Хрон во уметноста е претставен како величествен но и тажно божество со срп в раце тој владеел во златното доба меѓу смртниците а откако бил симнат од тронот од неговиот син Зевс се повлекол во некое далечно кралство понекогаш нарекувано како Островот на блажените,еден од повеќето хеленски замисли за рајот. Во Рим, Хрон бил нарекуван Сатурн.[3]

Зевсовите сопруги

Според ХесиодвоТеогонијата“, Зевс се женел седум пати, меѓутоа освен своите сопруги имал и многу љубовници.

  1. Метида
  2. Темида
  3. Еуринома
  4. Деметра
  5. Мнемосина
  6. Лето
  7. Хера

Зевс и Хера

Статуа на Хера од 2 век.п.н.е

Заедницата на Зевс и Хера претставува типичен пример на hieros gamos меѓу небесниот бог и земјената божица, што на убав начин е опишано кај Хомер во Илијадата. Во митовите, Хера е секогаш во кавга со својот сопруг поради неговите неверства, а често прибегнувала на сплеткарења и на ситни начини го понижувала Зевс. Забележано е дека таа против него соѕдала дури заговор со Посејдон, Аполон и со останатите богово од Олимп, во кој не учествувала само Хестија, кои го заврзале во илјада јазли со нерскинливи каишки, така што не можел миту со прстот да мрдне. Поради тоа, Зевс ја обесил на небото и ја прицврстил со златни окови, а ја ослободил дури откако сите богови му се заколнале дека веќе нема да креваат буна.[4] Во уметноста, Хера е претставена како кралица и матрона, често со кралски обележја како скиптар и круна. Хомер ја опишува како волоока и белолакта, епитети кои ја означуваат нејзината убавина.

Децата на Зевс и Хера

Зевс и Хера имале четири деца: Ејлејтија, Хеба, Хефест и Арес. Ејлејтија како божица на раѓањето го делела овој атрибут со својата мајка, а тој атрибут го имала и Артемида.

Ѕевсовиот разновиден карактер

Ѕевс е бог љубовник тој се пари со многу божици и смртни жени затоа има големо потомство. Многу генеалогии поради славата и авторитетот на врховниот бог го вклучуваат него како прародител , овој Ѕевс му припаѓа на моногамното општество во кое мажот е доминантен каде прељубата на мажот наспроти онаа на жената не се санкционира, така однесувањето на Ѕевс може да се опише како морално и неморално како врховен бог тој може да биде над општествените норми, но сепак се когаш сесоочува со бесот на неговата сопруга Хера, и мора да плати поради грешките причинети од неговиот промискуитет. Од друга страна истиот Ѕевс подоцна станува еден бог,кој го чува моралот и правдата кај боговите и луѓето. Тој е гневен бог на правдата и доблест ,поддржувајќи се што е свето во моралниот ред на космосот.

Наводи

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 110.
  2. Hamilton, Edith (1942). Mythology (англиски) (1998. изд.). New York: Back Bay Books. стр. 467. ISBN 978-0-316-34114-1. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); |access-date= бара |url= (help)
  3. Дуев.Р ( 2010) Античка Митологија, скрипта за студентите од Институтот за класични студии, Институтoт за филозофија , Институт за историја на уметност
  4. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 51.