Дабниште: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Културни и природни знаменитости: Замена со тековна предлошка, replaced: цитирана мрежна страница → Наведена мрежна страни using AWB
с →‎Родови: Стилска исправка, replaced: 19 век → XIX век using AWB
Ред 56: Ред 56:
Како родови во Дабниште се споменуваат:<ref name="книгатиквеш" />
Како родови во Дабниште се споменуваат:<ref name="книгатиквеш" />
*'''Старинци:''' ''Ѓоровци (1 к.). и Атанасовци (4 к.)''
*'''Старинци:''' ''Ѓоровци (1 к.). и Атанасовци (4 к.)''
*'''Доселеници:''' ''Шалевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Подалечно потекло од [[Мариово]]; ''Бакевци-Митревци (1 к.)'' доселени се од селото [[Ваташа]], уште подалечно потекло од селото [[Пепелиште]]; ''Крачевци-Ајазовци (5 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Уште подалечно потекло од областа [[Азот (област)|Азот]]; ''Сејменовци (1 к.)'' доселени се однекаде; ''Мирчевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Врпско]] во [[Мариово]]; ''Барамачовци (3 к.)'' доселени се од селото [[Полчиште]] во [[Мариово]] на почетокот од 19 век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото [[Бегниште]]. А имаат роднини и во селото Полчиште; ''Грковци (4 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Уште подалечно потекло од околината на [[Бер]] во [[Грција]]; ''Колчевци (2 к.)'' доселени се од селото [[Конопиште]]; ''Илевци (1 к.)'' доселени се во 1860 година од селото [[Кошани]], таму се доселиле од селото [[Бегниште]]. А во [[Бегниште]] од некое село во [[Азот (област)|Азот]]; ''Бакарјовци (3 к.)'' доселени се во 1870 година од селото [[Гарниково]], а таму од некое село во [[Азот (област)|Азот]]; ''Туковци (1 к.)'' доселени се околу 1870 година од селото [[Клиново]] во [[Мариово]]; ''Левовци (3 к.)'' доселени се исто така од селото [[Клиново]]; ''Ѓорчевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Добротино]]; ''Сакалијовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Рожден]] во [[Мариово]]; ''Миндевци (2 к.)'' доселени се од селото [[Зборско]] во [[Меглен]]; ''Ицковци (1 к.)'' доселени се од селото [[Добротино]]; ''Ставровци (2 к.)'' доселени се од селото [[Бунарче]]. Уште подалечно потекло од [[Мариово]]; ''Мајсторовци (3 к.)'' доселени се од селото [[Бунарче]]. Уште подалечно потекло од селото [[Бегниште]].
*'''Доселеници:''' ''Шалевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Подалечно потекло од [[Мариово]]; ''Бакевци-Митревци (1 к.)'' доселени се од селото [[Ваташа]], уште подалечно потекло од селото [[Пепелиште]]; ''Крачевци-Ајазовци (5 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Уште подалечно потекло од областа [[Азот (област)|Азот]]; ''Сејменовци (1 к.)'' доселени се однекаде; ''Мирчевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Врпско]] во [[Мариово]]; ''Барамачовци (3 к.)'' доселени се од селото [[Полчиште]] во [[Мариово]] на почетокот од XIX век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото [[Бегниште]]. А имаат роднини и во селото Полчиште; ''Грковци (4 к.)'' доселени се од селото [[Бегниште]]. Уште подалечно потекло од околината на [[Бер]] во [[Грција]]; ''Колчевци (2 к.)'' доселени се од селото [[Конопиште]]; ''Илевци (1 к.)'' доселени се во 1860 година од селото [[Кошани]], таму се доселиле од селото [[Бегниште]]. А во [[Бегниште]] од некое село во [[Азот (област)|Азот]]; ''Бакарјовци (3 к.)'' доселени се во 1870 година од селото [[Гарниково]], а таму од некое село во [[Азот (област)|Азот]]; ''Туковци (1 к.)'' доселени се околу 1870 година од селото [[Клиново]] во [[Мариово]]; ''Левовци (3 к.)'' доселени се исто така од селото [[Клиново]]; ''Ѓорчевци (1 к.)'' доселени се од селото [[Добротино]]; ''Сакалијовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Рожден]] во [[Мариово]]; ''Миндевци (2 к.)'' доселени се од селото [[Зборско]] во [[Меглен]]; ''Ицковци (1 к.)'' доселени се од селото [[Добротино]]; ''Ставровци (2 к.)'' доселени се од селото [[Бунарче]]. Уште подалечно потекло од [[Мариово]]; ''Мајсторовци (3 к.)'' доселени се од селото [[Бунарче]]. Уште подалечно потекло од селото [[Бегниште]].
<!--== Општествени установи ==-->
<!--== Општествени установи ==-->



Преработка од 11:23, 1 јуни 2020

Дабниште

Куќи во селото Дабниште

Дабниште во рамките на Македонија
Дабниште
Местоположба на Дабниште во Македонија
Дабниште на карта

Карта

Координати 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750Координати: 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Кавадарци
Област Витачево
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11012
Надм. вис. 420 м
Слава Голема Богородица
Дабниште на општинската карта

Атарот на Дабниште во рамките на општината
Дабниште на Ризницата

Дабниште — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.

Етимологија

Името на селото потекнува од „дабовата гора“, која постоела во околината на селото.[1]

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води во областа Витачево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 9 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 328,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 351,9 хектари, а на шумите 121,2 хектари.[2]

Селото е од линиест карактер, поделено на три маала, Горно, Средно и Долно Маало.[1]

Историја

Селото било христијанско од чифлички тип. Во него биле сместени две беговски кули во турско време. Поголемиот дел од населението се доселеници.[1]

Во XIX век, Дабниште било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дабниште имало 203 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабниште имало 208 жители.[4]

Селото е мало, на пат за целосно раселување. Така, во 1961 година броело 281 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дабниште имало 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 203 208 278 288 281 249 106 47 43 27
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Како родови во Дабниште се споменуваат:[1]

  • Старинци: Ѓоровци (1 к.). и Атанасовци (4 к.)
  • Доселеници: Шалевци (1 к.) доселени се од селото Бегниште. Подалечно потекло од Мариово; Бакевци-Митревци (1 к.) доселени се од селото Ваташа, уште подалечно потекло од селото Пепелиште; Крачевци-Ајазовци (5 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од областа Азот; Сејменовци (1 к.) доселени се однекаде; Мирчевци (1 к.) доселени се од селото Врпско во Мариово; Барамачовци (3 к.) доселени се од селото Полчиште во Мариово на почетокот од XIX век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото Бегниште. А имаат роднини и во селото Полчиште; Грковци (4 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од околината на Бер во Грција; Колчевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Илевци (1 к.) доселени се во 1860 година од селото Кошани, таму се доселиле од селото Бегниште. А во Бегниште од некое село во Азот; Бакарјовци (3 к.) доселени се во 1870 година од селото Гарниково, а таму од некое село во Азот; Туковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Клиново во Мариово; Левовци (3 к.) доселени се исто така од селото Клиново; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Сакалијовци (1 к.) доселени се од селото Рожден во Мариово; Миндевци (2 к.) доселени се од селото Зборско во Меглен; Ицковци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Ставровци (2 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од Мариово; Мајсторовци (3 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Бегниште.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Дабниште се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, која потекнува од XIII век

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 115 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 111 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Цркви[13][14]

Редовни настани

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 428-429. |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 13 февруари 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име попис.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 јануари 2018.
  11. „Локални избори 2017“. Посетено на 29 јануари 2018.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 5 февруари 2018.

Надворешни врски