Знаме на Бугарија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Внатрешна врска.
Ред 21: Ред 21:


== Видете исто така ==
== Видете исто така ==
[[Грб на Бугарија]]
*[[Грб на Бугарија]]
*[[Мила Родино|Национална химна на Бугарија]]

[[Мила Родино|Национална химна на Бугарија]]


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 12:15, 31 октомври 2008

Националното знаме на Бугарија.

Знамето на Бугарија има правоаголна форма и се состои од три бои - бела, зелена и црвена. Тие се расположени хоризонтално одгоре надолу, при што полињата се еднакви по форма и големина.

Историја

За време на османлиското ропство ајдуците и комитите го користат зеленото знаме со извезан златен лав и со натпис Свобода или смърт! (Слобода или смрт!).

За прв пат знаме со бела, зелена и црвена бои, на коешто боите се во денешниот распоред, е сошиено од Стилијана Парашкевова во романскиот град Браила и предадено на бугарските доброволци, коишто учествувале во Руско-турската војна од 1877-1878 година. Знамето е квадратно со лав, и натпис БЪЛГАРИЯ во средината. Денес знамето е дел од колекцијата на знамиња на Националниот военоисториски музеј во Софиjа.

По Ослободувањето, првиот бугарски устав од 16 април 1879 во член 23 определува, дека „Бугарското народно знаме е тробојно и се состои од бела, зелена и црвена боја, поставени хоризонтално“.

Во 1947 кон знамето, во левиот горен агол на белата боја, е додаден грбот на Народна Република Бугарија, кој што постои до 27 ноември 1990. На тој датум текстот во Уставот е изменет и грбот е отстранет. Промената е во сила до примањето на четвртиот Устав на Бугарија, со којшто знамето на земјата се определува во сегашната варијанта.

Галериjа

Видете исто така

Надворешни врски