Знаме на Бугарија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Видете исто така.
Внатрешна врска.
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:Flag of Bulgaria.svg|thumb|250px|Националното знаме на Бугарија.]]
[[Слика:Flag of Bulgaria.svg|thumb|250px|Националното знаме на Бугарија.]]


'''Знамето на Бугарија''' има правоаголна форма и се состои од три бои - бела, зелена и црвена. Тие се расположени хоризонтално одгоре надолу, при што полињата се еднакви по форма и големина.
'''Знамето на [[Бугарија]]''' има правоаголна форма и се состои од три бои - бела, зелена и црвена. Тие се расположени хоризонтално одгоре надолу, при што полињата се еднакви по форма и големина.


==Историја==
==Историја==

Преработка од 11:26, 31 октомври 2008

Националното знаме на Бугарија.

Знамето на Бугарија има правоаголна форма и се состои од три бои - бела, зелена и црвена. Тие се расположени хоризонтално одгоре надолу, при што полињата се еднакви по форма и големина.

Историја

За време на османлиското ропство ајдуците и комитите го користат зеленото знаме со извезан златен лав и со натпис Свобода или смърт! (Слобода или смрт!).

За прв пат знаме со бела, зелена и црвена бои, на коешто боите се во денешниот распоред, е сошиено од Стилијана Парашкевова во романскиот град Браила и предадено на бугарските доброволци, коишто учествувале во Руско-турската војна од 1877-1878 година. Знамето е квадратно со лав, и натпис БЪЛГАРИЯ во средината. Денес знамето е дел од колекцијата на знамиња на Националниот военоисториски музеј во Софиjа.

По Ослободувањето, првиот бугарски устав од 16 април 1879 во член 23 определува, дека „Бугарското народно знаме е тробојно и се состои од бела, зелена и црвена боја, поставени хоризонтално“.

Во 1947 кон знамето, во левиот горен агол на белата боја, е додаден грбот на Народна Република Бугарија, кој што постои до 27 ноември 1990. На тој датум текстот во Уставот е изменет и грбот е отстранет. Промената е во сила до примањето на четвртиот Устав на Бугарија, со којшто знамето на земјата се определува во сегашната варијанта.

Галериjа

Видете исто така

Грб на Бугарија

Национална химна на Бугарија

Надворешни врски