Македонски денар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Nk (разговор | придонеси)
с interwiki
Ред 18: Ред 18:


[[Категорија:Европски валути]]
[[Категорија:Европски валути]]

[[bg:Денар]]
[[ca:Denar]]
[[de:Mazedonischer Denar]]
[[en:Macedonian denar]]
[[es:Dinar macedonio]]
[[fr:Denar]]
[[it:Dinaro macedone]]
[[nl:Denar]]
[[pl:Denar macedoński]]

Преработка од 14:45, 13 април 2006

Аверс на 5000 денари. Бронзена фигура на Менада (VI пр.н.е), Тетово; на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), Охридско.

Законско средство за плаќање во Република Македонија е Македонскиот Денар, кој се состои од 100 Дени. Народна Банка на Република Македонија има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија.

Република Македонија монетарно се осамостои точно на Велигден 1992 година. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од парламентарната говорница со зборовите „Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“ ги презентираше првите македонски пари - денари.

Името на македонската парична единица го предложи Македонската Академија на Науки и Уметности (МАНУ).

Денеска во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 50 дени, 1,2 и 5 денари како и хартиени банкноти со деноминации од 5000, 1000, 500, 100, 50 и 10 денари.

Монетите се ковани од CuNi3Zn17 метал (CuZn15 за 50 дени) во ковницата Сувенир, Самоков.

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во "Thomas De La Rue" Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 год е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, интаглио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Детални информации за изгледот на македонските пари во оптек на страната на Народна банка на Република Македонија