ЖС „Гостивар“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Јазична исправка, replaced: археолошки локалитет → археолошко наоѓалиште using AWB
Ред 1: Ред 1:
''Ова е статија за железничка станица. Статијата за истоимениот [[Железничка Станица (Гостивар)|археолошки локалитет се наоѓа тука]].''
''Ова е статија за железничка станица. Статијата за истоименото [[Железничка Станица (Гостивар)|археолошко наоѓалиште се наоѓа тука]].''
{{Infobox station
{{Infobox station
| name = ЖС „Гостивар“
| name = ЖС „Гостивар“

Преработка од 07:40, 30 мај 2020

Ова е статија за железничка станица. Статијата за истоименото археолошко наоѓалиште се наоѓа тука.

ЖС „Гостивар“
Поглед на железничката станица со колосеците
Општи информации
СтопанисувачМакедонски железници
Линии6903: Скопје - Кичево (Коридор 8)
Растојание81,5 km (од Скопје)
Перони2
Колосеци6

ЖС „Гостивар“железничка станица во градот Гостивар. Се наоѓа на пругата Скопје - Кичево, односно на меѓународниот железнички коридор 8 на линијата која треба да ги поврзува Македонија и Албанија. Таа е 7. станица и 14. постојка на овие пруги. Железничката станица е сместена на самиот источен крај на градот Гостивар, непосредно на левиот брег на реката Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 81,5 километри[1]. Поседува 6 неелектрифицирани колосеци од кои 4 во редовна и 2 за сервисна употреба, како и 2 перони за патници. Шините од индустрискиот колосек кој од станицата водел кон фабриката „Силика“ во градското подрачје на еден дел се демонтирани, при што тој е надвор од секаква употреба. На неа сообраќаат патничките возови за Скопје и Кичево, а поретко минуваат и товарни возови. Станицата е најмногу користена од жителите на Гостивар најбилиските околни села и соседни градови, од ученици, студенти, пензионери кои патуваат на настава или пазар во Тетово, Кичево и Скопје, а во пролетниот и летниот период станицата често се користи и од велосипедисти кои одат кон Маврово и Шар Планина.

Возен ред

Галерија

Наводи

Предлошка:Никулец за железничка станица во Република Македонија