Калниште: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Култура: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга using AWB
с →‎Родови: Јазична исправка, replaced: 19ти век → 19 век using AWB
Ред 38: Ред 38:


* '''Староседелци:''' ''Латинци или Николовци и Пешовци (6 к.)'', ''Тасевци (4 к.), Демевци (4 к.), Бунгурци-Зајци (3 к.), Чавки (2 к.), Миленковци (13 к.), Златановци и Богатиновци (13 к.) Герсовци-Арсовци (9 к.), Минчовци (3 к.), Милосовци (2 к.) и Лазаровци (2 к.)''
* '''Староседелци:''' ''Латинци или Николовци и Пешовци (6 к.)'', ''Тасевци (4 к.), Демевци (4 к.), Бунгурци-Зајци (3 к.), Чавки (2 к.), Миленковци (13 к.), Златановци и Богатиновци (13 к.) Герсовци-Арсовци (9 к.), Минчовци (3 к.), Милосовци (2 к.) и Лазаровци (2 к.)''
** '''Доселеници:''' ''Велковци (7 к.) и Нешовци-Кралевци (5 к.)'' предците на наведените два рода во почетокот на 18ти век се доселиле од некое село во [[битолско]]; ''Вучевци (8 к.)'' доселени се кога и предходните два рода од [[Прилепско|прилепско;]] ''Олевци (9 к.)'' доселени се во средината на 18ти век од [[кривопаланечко]]то село [[Огут|Огут;]] ''Китановци (6 к.)'' доселени се во втората половина на 18ти век од [[кочанско]]то село [[Мородвис|Мородвис;]] ''Рагушевци (8 к.)'' доселени се од [[кратовско]]то село [[Луково (Кратовско)|Луково;]] ''Павлевци-Атанасовци (6 к.)'' доселени се во првата половина на 19ти век од [[кратовско]]то село [[Каврак|Каврак;]] ''Стојковци (4 к.)'' доселени се од селото [[Шталковица|Шталковица;]] ''Соларци (4 к.)'' доселени се од селото [[Добрево]].<ref>{{Наведена книга|title=Злетовска област. Географско-историски осврт|author=Апостолов Александар|author2=Кондев Тодор|publisher=|author3=Апостол Керамидчиев|year=1974|isbn=|location=Скопje|pages=}}</ref>
** '''Доселеници:''' ''Велковци (7 к.) и Нешовци-Кралевци (5 к.)'' предците на наведените два рода во почетокот на 18ти век се доселиле од некое село во [[битолско]]; ''Вучевци (8 к.)'' доселени се кога и предходните два рода од [[Прилепско|прилепско;]] ''Олевци (9 к.)'' доселени се во средината на 18ти век од [[кривопаланечко]]то село [[Огут|Огут;]] ''Китановци (6 к.)'' доселени се во втората половина на 18ти век од [[кочанско]]то село [[Мородвис|Мородвис;]] ''Рагушевци (8 к.)'' доселени се од [[кратовско]]то село [[Луково (Кратовско)|Луково;]] ''Павлевци-Атанасовци (6 к.)'' доселени се во првата половина на 19 век од [[кратовско]]то село [[Каврак|Каврак;]] ''Стојковци (4 к.)'' доселени се од селото [[Шталковица|Шталковица;]] ''Соларци (4 к.)'' доселени се од селото [[Добрево]].<ref>{{Наведена книга|title=Злетовска област. Географско-историски осврт|author=Апостолов Александар|author2=Кондев Тодор|publisher=|author3=Апостол Керамидчиев|year=1974|isbn=|location=Скопje|pages=}}</ref>


== Стопанство ==
== Стопанство ==

Преработка од 08:41, 29 мај 2020

Калниште
Калниште во рамките на Македонија
Калниште
Местоположба на Калниште во Македонија
Калниште на карта

Карта

Координати 41°59′54″N 22°11′25″E / 41.99833° СГШ; 22.19028° ИГД / 41.99833; 22.19028Координати: 41°59′54″N 22°11′25″E / 41.99833° СГШ; 22.19028° ИГД / 41.99833; 22.19028
Општина Пробиштип
Пошт. бр. 2210
Шифра на КО
Надм. вис. 600 м
Калниште на општинската карта

Атарот на Калниште во рамките на општината
Калниште на Ризницата
Црквата „Св. Илија“ во Калниште

Калниште — село во Општина Пробиштип. Денес е споено со градот Пробиштип и се води како негова населба.

Историја и местоположба

Калниште е едно од поголемите села во Злетовската област, кое во времето од крајот на 19 и целиот XX век имало значајна историска и стопанска улога. Како потврда на тоа е и фактот што ова село било седиште на Калнишката општина, уште од ноември 1912 година, а во составот на оваа општина биле селата Калниште, Марчино, Стрмош, Петршино, Бучиште, Неокази и Ратавица. Калниште било Општина се до 1931 година, кога влегува во новоформираната поголема Злетовска општина, која опфаќала во својот состав вкупно 29 населени места од Злетовската област. Калниште, како село се наоѓа во подножјето на висот Дебели Рид, кој селото го заштитува од студените северни ветрови. Куќите, групирани во две целини, Горно и Долно Маало, се распоредени од двете страни на потокот кој протекува низ селото. Селскиот атар преовладува со обработливо земјиште, додека пасиштата заземат околу 16 отсто, а шумите само околу 1 отсто, од вкупната површина на атарот. Постоењето на топонимот Латински Гробишта, кој се наоѓа непосредно до селото, јасно кажува дека на ова место постоела населба уште од времето на Римјаните. Сепак името на сегашното село е од словенското потекло и произлегува од зборот кал и наставката – ниште, што покажува дека од земјата црвеница која е одлика на почвата на селскиот атар, после секој поголем дожд се создавало многу кал и од таму името Калниште.

Култура

Цркви[1]

Население

Документ со печат од селската општина во село Калниште, 27 мај 1918 година.

Бројот на жителите на селото Калниште, почнувајќи од седумдесеттите години на XIX век во текот на целиот XX век, е во постојано зголемување. Така од околу 270 жители во почетокот на XX век, во 1971 година селото Калниште имало 682 жители, а на почетокот на 21 век (2005 година) Калниште како приградска населба има над 2.000 жители. Се до периодот пред Втората светска војна, мнозинството на жители на село Калниште, според потеклото на нивните предци, биле староседелци, а во периодот по 1945 година, преовладуваат доселеници. Со пописот од 1994 година и според дефинитивните податоци со административно – територијалната поделба на Република Македонија од 14.09.1996 година, во целата приградска населба Калниште имало вкупно 1593 жители (793 мажи и 800 жени) кои живееле во 469 домаќинства. Со пописот од 2002 година во Калниште живееле 2.102 жители (мажи 1.083 и жени 1.019) во 623 домаќинства а во Калниште имало 1.052 живеалишта (станови).

Родови

Калниште е македонско село.

Според истражувањата од 1970тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Латинци или Николовци и Пешовци (6 к.), Тасевци (4 к.), Демевци (4 к.), Бунгурци-Зајци (3 к.), Чавки (2 к.), Миленковци (13 к.), Златановци и Богатиновци (13 к.) Герсовци-Арсовци (9 к.), Минчовци (3 к.), Милосовци (2 к.) и Лазаровци (2 к.)
    • Доселеници: Велковци (7 к.) и Нешовци-Кралевци (5 к.) предците на наведените два рода во почетокот на 18ти век се доселиле од некое село во битолско; Вучевци (8 к.) доселени се кога и предходните два рода од прилепско; Олевци (9 к.) доселени се во средината на 18ти век од кривопаланечкото село Огут; Китановци (6 к.) доселени се во втората половина на 18ти век од кочанското село Мородвис; Рагушевци (8 к.) доселени се од кратовското село Луково; Павлевци-Атанасовци (6 к.) доселени се во првата половина на 19 век од кратовското село Каврак; Стојковци (4 к.) доселени се од селото Шталковица; Соларци (4 к.) доселени се од селото Добрево.[2]

Стопанство

Поволната местоположба и климатско – почвените услови на селскиот атар, како во минатото, така и во поново време, овозможиле поголем развој на полјоделството, а послабо развиена сточарска дејност. Обработливата плодна почва претежно се користи за производство на житни и фуражни растенија. Од житата отсекогаш најзастапени биле пченицата и пченката, а помалку се сееле јачменот, овесот и р’жта. Познато е дека од периодот од првата половина на XX век, „Калнишката пченица” се сметаше за најквалитетна, не само во овој крај, туку и пошироко. Од индустриските култури биле застапени сончогледот, памукот и тутунот, од кои во поново време се одгледува само тутунот. Во периодот по Втората светска војна постои значително зголемување на површините на кои се одгледувала виновата лоза. Во последните две –три децении од XX век, населението на Калниште масовно се преориентирало од земјоделско во индустриско, под влијанието и близината на развојот на индустријата и рударството во градот Пробиштип.

Администрација и политика

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 1539 и 1539/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[3]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.663 гласачи.[4]

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопje.
  3. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  4. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.