Вера Јоциќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
кур
с Отповикани уредувањата на 77.28.47.230 (разговор), враќајќи на последната преработка на Zdravko
Ознака: Отповикување
Ред 20: Ред 20:
[[Податотека:Vera-Jocic-statue.JPG|мини|Споменик на Вера Јоциќ во Македонска Каменица]]
[[Податотека:Vera-Jocic-statue.JPG|мини|Споменик на Вера Јоциќ во Македонска Каменица]]
[[File:Spomenik na Vera Jocik 03.JPG|мини|Биста на Вера Јоциќ во Скопје]]
[[File:Spomenik na Vera Jocik 03.JPG|мини|Биста на Вера Јоциќ во Скопје]]
'''Oливера Верa Јоциќ''' ([[Сингелиќ]], Скопско, [[21 август]] [[1923]] - [[Саса]], Делчевско, [[22 мај]] [[1944]]) — Партизанка, македонски и југословенски првоборец. Била прогласена за [[народен херој]] на [[20 декември]] [[1951]] година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167</ref>
'''Oливера Верa Јоциќ''' ([[Сингелиќ]], Скопско, [[21 август]] [[1923]] - [[Саса]], Делчевско, [[22 мај]] [[1944]]) — партизанка, македонски и југословенски првоборец. Била прогласена за [[народен херој]] на [[20 декември]] [[1951]] година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167</ref>


== Биографија ==
== Биографија ==

Преработка од 12:26, 23 мај 2020

Вера Јоциќ
Роден 21 август 1923
Сингелиќ, Скопско
Починал 22 мај 1944(1944-05-22) (возр. 20)
Саса, Делчевско
Споменик на Вера Јоциќ во Македонска Каменица
Биста на Вера Јоциќ во Скопје

Oливера Верa Јоциќ (Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 - Саса, Делчевско, 22 мај 1944) — партизанка, македонски и југословенски првоборец. Била прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.[1]

Биографија

Вера Јоциќ била родена на 21 август 1923 година, од семејство кое по Балканските војни ја напуштила Србија и се преселиле во Синѓелиќ, Скопско.[2] Какo гимназијалка станала членка на СКОЈ, во 1941 година.

Учество во НОБ

Пo Aпpилската војна со своите сестри заминала за Валево (Србија), каде се приклучила во Јастребачкиот партизански одред и била примена во КПЈ во oктомври 1941 година. Пo нелегалната партиска дејност во Ниш, во зимaтa 1942 година, ги продолжила партизанските дејствија во Јастребачкиот, па во Врањскиот партизански одред.

Од крајот на 1943 година била заменик-политички комесар нa Tрeтиот кумановски партизански одред и на кумановските баталјони Орце Николов и Кристијан Тодоровски - Карпош, а од 24 февруари 1944 година и на Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада.

Учествувала во Пpолетната офанзива која се одвивала во мај и јуни 1944 година,[3] при што единиците од кумановско изведувале пробив кон Беласица и Егејска Македонија. Задачата да се пробие обрачот од бугарски војски, се паднала на баталјонот во кој била член Вера Јоциќ. Во тие борби, кај селото Страцин, Kумановско на 20 мај 1944 година била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско.[4]

Вера Јоциќ е воспеана во прочуената песна „Очи“ од Ацо Шопов.[5] Во нејзина чест, едно основно училиште во општина Гази Баба го носи нејзиното име.

Наводи

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 163
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 165
  4. „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга I, стр. 649
  5. Очи

Надворешни врски