Жан-Жак Русо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга using AWB
Ред 18: Ред 18:
}}
}}


'''Жан-Жак Русо''' ({{lang-fr|Jean-Jacques Rousseau}}) (28 јуни, 1712{{ndash}}2 јули, 1778) бил [[Женева|женевски]] филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот [[романтизам]]. Неговата [[политичка филозофија]] влијаела на [[Француска револуција|Француската револуција]], како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како [[Радикализам|радикал]] и [[револуционер]] е можеби најдобро прикажан во „[[Општествениот договор]]“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.<ref>{{цитирана книга|last=Русо|first=Жан-Жак|title=Општествениот договор или начела на државното право|editor=Јован Таковски (преведувач)|publisher=Мисла, Култура, Наша книга|location=Скопје |date=1978}}</ref> Исто така, тој бил и успешен музички [[композитор]]. Напишал неколку [[Опера|опери]], како и други музички дела, а имал придонес кон [[музика]]та и како теоретичар.
'''Жан-Жак Русо''' ({{lang-fr|Jean-Jacques Rousseau}}) (28 јуни, 1712{{ndash}}2 јули, 1778) бил [[Женева|женевски]] филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот [[романтизам]]. Неговата [[политичка филозофија]] влијаела на [[Француска револуција|Француската револуција]], како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како [[Радикализам|радикал]] и [[револуционер]] е можеби најдобро прикажан во „[[Општествениот договор]]“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.<ref>{{наведена книга|last=Русо|first=Жан-Жак|title=Општествениот договор или начела на државното право|editor=Јован Таковски (преведувач)|publisher=Мисла, Култура, Наша книга|location=Скопје |date=1978}}</ref> Исто така, тој бил и успешен музички [[композитор]]. Напишал неколку [[Опера|опери]], како и други музички дела, а имал придонес кон [[музика]]та и како теоретичар.


==Животопис==
==Животопис==

Преработка од 11:14, 23 мај 2020

Жан-Жак Русо
Роден(а)28 јуни 1712(1712-06-28)
Женева, [d[Женева
Починал(а)2 јули 1778(1778-07-02) (возр. 66)
Ерменонвил, Франција
ПериодПросветителска филозофија
(Современа филозофија)
ПодрачјеЗападни филозофи
Школатеорија на општествениот договор
романтизам
Претежна дејност
политичка филозофија, музика, образование, книжевност, автовиографија
Значајни идеи
Општа волја, самољубов, моралната едноставност на човештвото, ученички-сосредоточено учење, граѓанска религија, народна сувереност, позитивна слобода

Жан-Жак Русо (француски: Jean-Jacques Rousseau) (28 јуни, 1712–2 јули, 1778) бил женевски филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот романтизам. Неговата политичка филозофија влијаела на Француската револуција, како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како радикал и револуционер е можеби најдобро прикажан во „Општествениот договор“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.[1] Исто така, тој бил и успешен музички композитор. Напишал неколку опери, како и други музички дела, а имал придонес кон музиката и како теоретичар.

Животопис

Русо бил познат по неговиот незгоден карактер и верувал дека целиот свет го мрази.[2]

За време на Француската револуција, Русо бил најпознат од „филозофите“ меѓу членовите на Јакобинскиот клуб. Останките на Русо, кој бил масон, се пренесени во парискиот Пантеон, како национален херој во 1794 година, 16 години по неговата смрт.

Делото на Русо

Жан Жак Русо е соработник на „Енциклопедијата“ кој ненадејно се здобива со популарност со статијата „Дали обновата на науките и уметностите придонела кон моралното прочистување?“, која предизвикала толку внимание, пред сè, поради актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот „За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето“, кој е вистинска академска расправа во која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите филозофски ставови ги искажал во текстовите „Општествениот договор“ (со идеи за можни реформи на државното уредување) и „Емил“ (трактат за воспитанието на човекот кој би требало да се вклучи во граѓанското општество). Русо од своите современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.

Русо, кој инаку не ги сакал театарот и романот, се решил на оваа форма сакајќи да ја искористи нејзината еластична форма и во неа вметнал различни видови на текстови - расправи и трактати за различни проблеми од неговото време. Според овие одлики, неговите дела „Јулија или Новата Елоиза“ (епистоларен роман кој доживеал невидена популарност), „Португалски писма“ (несреќен љубовен роман), а особено „Исповеди“ (во кои писателот станува лик во делото во кое инсистира на самоанализата на чувствата и на имагинацијата), припаѓаат на сентиментализмот, но во творештвото на Русо препознаваме и некои елементи (субјективноста, музикалноста, лиризмот, чувството за природата), кои ќе го определат како предвесник на романтизмот.

Политичка мисла

Како претставник на радикалната концепција на природно-правната теорија за граѓанското општество, Русо особено обрнува внимание на две суштествени состојби. Прво, Русо, за разлика од останатите теоретичари на природно-правната (договорната) теорија, општеството што настанува по пат на склучување општествен договор го сфаќа како „морален и севкупен организам“, како „општествен човек“ што „своето единство, заедничката идентичност, живот и волја“ ги стекнува како резултат на „отуѓувањето“ (во смисла на нивно органско пренесување) на природните права на членовите-создавачи на тој договор и нивно „пренесување“ на новата државна (органска) заедница што ја создаваат. Секој државјанин - ќе рече Русо - да биде сосема независен од сите други, а целосно зависен од државата. Тоа се постигнува секогаш со истите средства, зашто само силата на државата ја прави слободата на своите членови. „Граѓанските закони се јавуваат токму во вториот однос“.

Препуштајќи ја во општа „сопственост“ својата личност, „секој член се претвора во неразделен дел од целината“. На оваа основа Русо ја прави разликата помеѓу волјата на сите (volonte de tous) и општата волја (volonte generale); „последнава ја гледа само општата корист, а првата - користа на поединците, па затоа е само збир на поединечни волји... За општата волја да дојде до вистински израз, мошне е важно во државата да нема одделни друштва и секој граѓанин да гласа според сопственото убедување“.

Наводи

  1. Русо, Жан-Жак (1978). Јован Таковски (преведувач) (уред.). Општествениот договор или начела на државното право. Скопје: Мисла, Култура, Наша книга.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 210.

Предлошка:Persondata