Адолф Ајхман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Германска империја → Германско Царство using AWB
Ред 3: Ред 3:
|birth_date = {{Birth date|1906|3|19|mf=y}}
|birth_date = {{Birth date|1906|3|19|mf=y}}
|death_date = {{death date and age|1962|5|31|1906|3|19|mf=y}}
|death_date = {{death date and age|1962|5|31|1906|3|19|mf=y}}
|birth_place = [[Золинген]], [[Германска империја]]
|birth_place = [[Золинген]], [[Германско Царство]]
|death_place = [[Рамла]], [[Израел]]
|death_place = [[Рамла]], [[Израел]]
|image = [[Податотека:Adolf Eichmann.jpg]]
|image = [[Податотека:Adolf Eichmann.jpg]]
Ред 21: Ред 21:
'''Адолф Ајхман''' (19 март 1906 – 31 мај 1962) бил нацистички офицер од [[Гестапо]] и еден од главните организатори на [[Холокауст]]от.
'''Адолф Ајхман''' (19 март 1906 – 31 мај 1962) бил нацистички офицер од [[Гестапо]] и еден од главните организатори на [[Холокауст]]от.


Ајхман бил задолжен за координација на планот за истребување на милиони луѓе во времето на [[Втората светска војна]], посебно Евреи. Освен тоа, тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, а поради ова често пати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх.
Ајхман бил задолжен за координација на планот за истребување на милиони луѓе во времето на [[Втората светска војна]], посебно Евреи. Освен тоа, тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, а поради ова често пати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх.


== Операција Гарибалди ==
== Операција Гарибалди ==
Ред 40: Ред 40:
{{наводи}}
{{наводи}}


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ајхман}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ајхман}}
[[Категорија:Антисемитизам]]
[[Категорија:Антисемитизам]]
[[Категорија:Германски националсоцијалисти]]
[[Категорија:Германски националсоцијалисти]]

Преработка од 04:15, 20 мај 2020

Адолф Ајхман
Адолф Ајхман
Родено имеАдолф Ајхман
Роденмарт 19, 1906(1906-03-19)
Золинген, Германско Царство
Починалмај 31, 1962(1962-05-31) (возр. 56)
Рамла, Израел
Држава Трет Рајх
Род Schutzstaffel
Чин SS-Obersturmbannführer (Lt. Colonel)
Службен бројНСДАП #889,895
СС #45,326
ЕдиницаРајхсзихерхајтсхауптамт
Битки/војниВтора светска војна
Сопружник/циВера Лебл
Потпис

Адолф Ајхман (19 март 1906 – 31 мај 1962) бил нацистички офицер од Гестапо и еден од главните организатори на Холокаустот.

Ајхман бил задолжен за координација на планот за истребување на милиони луѓе во времето на Втората светска војна, посебно Евреи. Освен тоа, тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, а поради ова често пати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх.

Операција Гарибалди

По крајот на Втората светска војна, тој по грешка бил пуштен на слобода од страна на американските трупи. По неколку неуспешни обиди да биде фатен, нашол засолниште во Аргентина под името Рикардо Клемент. Сè до 1957 година не се знаело каде се наоѓа, додека неговиот син Ник не се спријателил со девојката Силвија, чиј татко Лотар Херман го преживеал холокаустот. Лотар почнал да се сомнева во младиот Ајхман и му испратил писмо на својот пријател, исто така, преживеан во холокаустот, Фриц Бауер, обвинител во Германија. Бауер ги информирал Израелците и по истрагата на агентот на Мосад Цви Ахарони ја лоцирал куќата на семејството на Ајхман на улица „Гарибалди“ во главниот град на Аргентина и се вратил со фотографии на Ајхман. Израелски форензичари ги споредиле ушите до детали на секоја фотографија и, конечно, го потврдиле идентитетот на злосторникот.

Вечерта на 11 мај во 1960 година група седуммина луѓе го фатиле Ајхман на автобуска станица на која секоја ноќ пристигнувал од работа од фабрика на „Мерцедес“. „Кога се симнал од автобусот, агентот Цви Малкин скокнал на него, ставајќи му во уста ракавица да го спречи да голтне апче со цијанид во случај ако имал скриен во заб“, рекол Авнер. Двајца агенти помогнале да го внесат Ајхман во автомобил во кој го чекал Ахарони, велејќи му: „Ако се помрднеш, ќе те стрелам в глава. Ајхман одговорил на германски: ’Ја прифаќам својата судбина‘“.

Потоа бил држен во скривница девет дена додека не бил префрлен со авион на израелската авионска компанија „Ел Ал“, со која стигнала израелска делегација на прославата на 150-годишнина на Аргентина. Бил облечен во униформа на „Ел Ал“ и седел во прва класа, а бил претставен како член на делегацијата на кого му се слошило. Операцијата била толку таинствена што дури и дипломатот Аба Ебан, кој подоцна станал шеф на дипломатијата на Израел, не знаел дека Ајхман бил во авионот и дека поради тоа се одложувало неговото враќање во Израел[1].

Судење и погубување

На судењето на Ајхман во Ерусалим сведочеле јавно повеќе од сто Евреи кои ги преживеале ужасите во логорите на смртта. Тие го обелодениле ужасниот план за страшниот обид за „конечно решение“.

Ајхман бил осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото и бил обесен наредната година.

Наводи