Крушица (Кичевско): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Поврзано: Несоодветна употреба на портал, removed: {{Портал|Република Македонија}} using AWB |
с →Надворешни врски: Замена со прикладна предлошка за никулци, replaced: {{Мак-никулец}} → {{Македонија-гео-никулец}} using AWB |
||
Ред 112: | Ред 112: | ||
* [https://maps.google.com/maps?q=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0,+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&hl=en&ie=UTF8&ll=41.524331,21.052465&spn=0.004362,0.010568&sll=41.531953,21.090016&sspn=0.002181,0.005284&oq=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0&t=h&hnear=Krushica,+Macedonia+(FYROM)&z=17 Сателитска снимка на Крушица] на Google Maps. |
* [https://maps.google.com/maps?q=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0,+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&hl=en&ie=UTF8&ll=41.524331,21.052465&spn=0.004362,0.010568&sll=41.531953,21.090016&sspn=0.002181,0.005284&oq=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0&t=h&hnear=Krushica,+Macedonia+(FYROM)&z=17 Сателитска снимка на Крушица] на Google Maps. |
||
{{ |
{{Македонија-гео-никулец}} |
||
{{Села во Општина Вранештица}} |
{{Села во Општина Вранештица}} |
||
Преработка од 05:29, 16 мај 2020
Крушица | |
Координати 41°31′27″N 21°3′6″E / 41.52417° СГШ; 21.05167° ИГД | |
Општина | Кичево |
Шифра на КО | 12038 |
Надм. вис. | 788 м |
Крушица на Ризницата |
Крушица — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
Селото Арангел се наоѓа во областа Рабетинкол, на источните слапови на Челоица.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 28 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[1]
Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 26 жители христијани (Македонци).[2]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Крушица:[3]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
16 | 23 | 4 | 0 | 4 | 50 | 49 | 99 |
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Крушица живееле 148 жители, од кои 128 Македонци и 20 Албанци.[4]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Крушица имало 128 Македонци, егзархисти.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живеат 5 жители, сите Македонци.[6]
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 128[4] | 128[5] | 138 | 127 | 103 | 63 | 30 | 15 | 10 | 5 |
Родови
Крушица е македонско село.
Родови во селото се: Бурџиовци (7 к.) најстар род во селото, и основачи на денешната Крушица. Доселени се од некое село во тетовско во 1820 година; Здравевци (4 к.) доселени се одма после родот Бурџиовци, доселени се од раселениот град Закамен, Малесија; Крстевци (11 к.) доселени се после родот Здравевци, т.е околу 1830 година, доселени се од некое село во гостиварско, ја знаат следната генеологија Софе (жив на 74 год. во 1961 година) Никодим-Петре-Крсте, основачот на родот кој се доселил.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Буржијовци (10 к.) доселени се однекаде; Шути-Петковци (19 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово. По некоја преселба. Некои се вратиле назад и царот ги помилувал. Но они не се населиле на старото место, туку избегале во ново место. Некој Крсто му бил нешто должен на некој Турчин шест гроша. Но бидејќи Крсто немал да му врати дошол турчинот и му ја запалил куќата, и потоа пребегнале најпрво во гостиварско. Од овој род потекнувал Кочо Куршумот (Куршума).[8]
Администрација и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 811 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Светораче.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 12 гласачи.[10]
Личности
- Кочо Куршума - македонски револуционер.
Наводи
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.225
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
- ↑ 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-10-27.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Поврзано
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Крушица на Google Maps.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |