Четинари: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: nn:Bartre
Ситна промена
Ред 24: Ред 24:
}}
}}


'''Четинарите''' (оддел ''Coniferophyta'' или ''Pinophyta'') се семени [[растенија]] кои произведуваат задрвенети [[Стебло|стебла]]. Како и [[Цикасови|цикасите]] и [[Гинко|гинкото]], и четинарите поседуваат многу [[фосил]]ни остатоци кои датираат од горен [[Карбон]]. За разлика од другите [[Голосеменик|голосемени]] оддели, четинарите се мошне важни од економски и еколошки аспект. Целата група на четинари се состои од околу 550 видови подредени во седум фамилии. Сите седум фамилии најверојатно датираат уште од [[Мезозоик]]от.
'''Четинарите''' (оддел ''Coniferophyta'' или ''Pinophyta'') се семени [[растенија]] кои произведуваат задрвенети [[Стебло|стебла]]. Како и [[Цикасови|цикасите]] и [[Гинко|гинкото]], и четинарите поседуваат многу [[фосил]]ни остатоци кои датираат од горен [[Карбон]]. За разлика од другите [[Голосеменици|голосемени]] оддели, четинарите се мошне важни од економски и еколошки аспект. Целата група на четинари се состои од околу 550 видови подредени во седум фамилии. Сите седум фамилии најверојатно датираат уште од [[Мезозоик]]от.


== Морфологија ==
== Морфологија ==

Преработка од 12:56, 19 октомври 2008

Четианри (иглолисни)
Период: Доцен Карбон до денес
Дрвја од видот Araucaria heterophylla
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Pinophyta
Класа: Pinopsida
Редови & фамилии
Pinaceae - борови
Araucariaceae
Podocarpaceae - Жолтодрвенести
Sciadopityaceae - Чадорошишарчести
Cupressaceae - чемпреси
Cephalotaxaceae
Taxaceae
Vojnovskyales
Voltziales

Четинарите (оддел Coniferophyta или Pinophyta) се семени растенија кои произведуваат задрвенети стебла. Како и цикасите и гинкото, и четинарите поседуваат многу фосилни остатоци кои датираат од горен Карбон. За разлика од другите голосемени оддели, четинарите се мошне важни од економски и еколошки аспект. Целата група на четинари се состои од околу 550 видови подредени во седум фамилии. Сите седум фамилии најверојатно датираат уште од Мезозоикот.

Морфологија

Сите членови од овој оддел произведуваат секундарен ксилем и растат како дрвја или грмушки. Трахејните елементи во ксилемот вклучуваат само трахеиди, а спроводните елементи на флоемот содржат само т.н. решеткасти клетки. Листовите се макрофили, но заземаат форма на иглички или лушпи кај повеќето видови.

Размножување

Четинарите се едно- или дводомни растенија. Поленот (микрогаметофит) се произведува во микроспорангијални стробили (машки шишарки) составени од спорофили каде поленовите торбички (микроспорангии) се образуваат на долната површина. Сите видови се опрашуваат со помош на ветерот, односно анемохорно. Сперматозоидите се без камшичиња и се пренесуваат до јајце клетката со поленова цевка. Со исклучок на фамилијата Taxaceae, овулите (јајце клетките) се образуваат во еден комплексен или секундарно редуцирана мегаспорангијатна стробила (женска шишарка) која се состои од семени лушпи кои носат јајце клетки. Тие се обрабени со стерилно ткиво.