Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB |
|||
Ред 15: | Ред 15: | ||
|issue=[[Лицинија Евдокија]] |
|issue=[[Лицинија Евдокија]] |
||
|}} |
|}} |
||
'''Флавиј Теодосиј''' или '''Теодосиј II''' ([[латински]]: ''Flavius Theodosius Junior'') бил император на [[Источната |
'''Флавиј Теодосиј''' или '''Теодосиј II''' ([[латински]]: ''Flavius Theodosius Junior'') бил император на [[Источната Римско Царство]] во периодот од [[408]] до [[450]] година. |
||
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна |
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римско Царство. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му [[Пулхерија]] и жена му [[Евдоксија]]. |
||
== Управување == |
== Управување == |
Преработка од 13:02, 14 мај 2020
Теодосиј II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски император | |||||
На престол | јануари 402 - 1 мај 408 (со Аркадиј); 1 мај 408 – 28 јули 450 | ||||
Претходник | Аркадиј | ||||
Наследник | Маркијан | ||||
Роден(а) | 10 април 401 | ||||
Починал(а) | 28 јули 450 | (aged 49)||||
Жена | |||||
Деца | Лицинија Евдокија | ||||
| |||||
Татко | Аркадиј | ||||
Мајка | Елија Евдоксија |
Флавиј Теодосиј или Теодосиј II (латински: Flavius Theodosius Junior) бил император на Источната Римско Царство во периодот од 408 до 450 година.
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римско Царство. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му Пулхерија и жена му Евдоксија.
Управување
По смртта на неговиот татко Аркадиј во 408 година, Теодосиј стапил на престолот како седумгодишно момче. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата имале префектот Антемиј (до 414 година) и неговата сестра Пулхерија (до 428 година). Дури кога станал полнолетен, тој својата власт ја споделувал со својата сестра, а тој имал само формална улога во управувањето на империјата. Подоцна големо влијание над Теодосиј II имала жена му Елија Евдокија (до нејзиното повлекување во манастир во 441 година) и конечно евнухот Хрисафиј.
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во 414 година била изградена втората црква Света Софија, позната како Теодосиева црква. Неговата сестра Пулхерија издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во манастир. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила Лицинија Евдоксија која се омажила за Валентинијан III, царот на Западот.
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од палатата Влахерна до бреговите на Мраморно Море со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На 27 февруари 425 година бил основан Константинополскиот универзитет на грчки и латински јазик.
Надворешна политика
Во 421-422 година империјата водела војна со Сасанидска Персија, предизвикана од започнатите прогони против христијаните во земјите на Персија. Конфликтот завршил наскоро, бидејќи во исто време Хуните започнале инвазија во Тракија и се заканиле на Константинопол. Така бил договорен прекин на воените дејствија во Месопотамија додека персискиот император престанал со христијанските прогони и добил симболичен данок од Теодосиј. Хуните исто така се повлекле од Тракија, под услов да им биде платен годишен данок. Но во 441 година избувнал нов конфликт во Персија, и истиот завршил откако Теодосиј го обновил плаќањето на данок.
Цариградската влада при Теодосиј II одржувала стабилни односи со Западната империја, иако во последните години од владеењето на Хонориј, тие биле заладени поради подигнувањето на Констанциј III за соимператор на запад (421 година).
Смртта на Хонориј во 423 година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини Римската империја. Во 425 година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот трон бил поставен малолетниот Валентинијан III, братучед на Теодосиј II. Во 30-те години Вандалите зазеле значителни римски територии во Северна Африка, вклучително и градот Картагина, а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во Сицилија претрпело неуспех (439-442).
Во 30-тите и 40-тите години на 5 век значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на Балканскиот Полуостров, особено по стапувањето на Атила, кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус (447 година) Атила пристигнал до ѕидовите на Константинопол и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
Религиозна и правна политика
Во 438 година бил издан "Codex Theodosianus" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од Константин Велики до Теодосиј II. Кодексот влегол во сила како на истокот така и на западот бидејќи врските меѓу двете страни биле многу силни. Самиот Валентијан се оженил со Лицинија Евдоксија. Со издавањето на кодексот настанале и нови религиозни контроверзии кои се однесувале на божествената и човечката природа на Христос. Овој спор се решил на Третиот вселенски собор во Ефес каде било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. По соборот било осудено учењето на Несториј Константинополски (несторијанство).
Принципат 27 п.н.е. — 235:
Август • Тибериј • Калигула • Клавдиј -{I}- • Нерон • Галба • Отон • Вителиј • Веспазијан • Тит • Домицијан • Нерва • Трајан • Адријан • Антонин Пиј • Марко Аврелиј • Лукиј Вер • Комод • Пертинакс • Дидиј Јулијан • Септимиј Север • Каракала • Макрин • Елагабал • Александар Север
Криза од III век 235 - 284:
Максимин Трак • Гордијан I • Гордијан II • Пупијан • Балбин• Гордијан III • Филип Арапски • Дециј Трајан • Требонијан Гал cо Хостилијан и Волусијан• Емилијан • Валеријан • Галиен • Клавдиј II • Квинтил • Аврелијан • Такит • Флоријан • Проб • Кар • Нумеријан • Карин
Доминат 284 - 395:
Диоклецијан • Максимијан • Констанциј I Хлор • Галериј • Север II • Максенциј • Максимин II Даја • Лициниј • Константин I Велики • Константин II • Констанс I • Констанциј II • Јулијан Отпадник • Јовијан • Валентинијан I • Валенс • Грацијан • Валентинијан II • Теодосиј I
Западно царство (395 - 476):
Хонориј • Констанциј III • Јован • Валентинијан III • Петрониј Максим • Авит • Мајоријан • Либиј Север • Антемиј • Олибриј • Глицериј • Јулиј Непот • Ромул Августул
Источно (Византиско) царство (395 - 1453):
Аркадиј • Теодосиј II • Маркијан • Лав I • Лав II • Зенон • Василиск • Анастасиј I • Јустин I • Јустинијан I • Јустин II • Тибериј II • Маврикиј • Фока • Ираклиј I • Константин III • Ираклиј II • Констанс II • Константин IV • Јустинијан II • Леонтиј • Тибериј III • Филипик • Анастасиј II • Теодосиј III • Лав III • Константин V • Лав IV • Константин VI • Ирина • Никифор I • Ставрикиј • Михаил I • Лав V • Михаил II • Теофил • Михаил III • Василиј I • Лав VI • Константин VII • Роман I • Роман II • Никифор II • Јован I • Василиј II • Константин VIII • Роман III • Михаил IV • Михаил V • Константин IX • Зоја • Теодора • Михаил VI • Исак I • Константин X • Роман IV • Михаил VII • Никифор III • Алексиј I • Јован II • Мануил I • Алексиј II • Андроник I • Исак II • Алексиј III • Алексиј IV • Алексиј V • Константин XI • Теодор I • Јован III • Теодор II • Јован IV • Михаил VIII • Андроник II • Андроник III • Јован V • Јован VI • Андроник IV • Јован VII • Мануил II • Јован VIII • Константин XI
|