Преспански договор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Потпишување_на_договорот_за_македонско-грчкиот_спор_-17.06.2018,_Преспа-_(42853678821).jpg", беше избришана од [[commons:Главна страница|Заедн
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 32: Ред 32:
[[Податотека:Привремена спогодба за спорот со името помеѓу Македонија и Грција.tif|мини|лево|Привремената спогодба за спорот за името помеѓу Македонија и Грција отсликана во целост {{en}}]]
[[Податотека:Привремена спогодба за спорот со името помеѓу Македонија и Грција.tif|мини|лево|Привремената спогодба за спорот за името помеѓу Македонија и Грција отсликана во целост {{en}}]]


При [[Распад на СФРЈ|распадот на Југославија]] една од републиките кои се осамостојуваат и тежнеат да бидат независни држави е и [[СР Македонија]], но поради историски и иредентистички прашања [[Грција]] го одбива користењето на името „Македонија“ како и други елементи кои според Грција се дел од историјата и културата на [[Грци|Грците]] кои живеат во грчкиот административен регион [[Егејска Македонија|Македонија]], од страна на тогаш новата држава која според својот тогашен устав го носи името [[Република Македонија]].<ref>[https://www.mfa.gr/en/fyrom-name-issue/ FYROM Name Issue], Hellenic Republic, Ministry of Foreign Affairs</ref> Разни чекори на двете држави доведуваат до отворање на скоро три-децениски [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спор за името Македонија]].
При [[Распад на СФРЈ|распадот на Југославија]] една од републиките кои се осамостојуваат и тежнеат да бидат независни држави е и [[СР Македонија]], но поради историски и иредентистички прашања [[Грција]] го одбива користењето на името „Македонија“ како и други елементи кои според Грција се дел од историјата и културата на [[Грци]]те кои живеат во грчкиот административен регион [[Егејска Македонија|Македонија]], од страна на тогаш новата држава која според својот тогашен устав го носи името [[Република Македонија]].<ref>[https://www.mfa.gr/en/fyrom-name-issue/ FYROM Name Issue], Hellenic Republic, Ministry of Foreign Affairs</ref> Разни чекори на двете држави доведуваат до отворање на скоро три-децениски [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спор за името Македонија]].


Република Македонија била примена за членка на [[ОН]] на 8 април 1993 година под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ ({{lang-en|the former Yugoslav Republic of Macedonia}}). Ситуацијата во спорот се смирила откако Грција и Република Македонија ги формализирале своите билатерални односи со потпишувањето на Привремена спогодба на 13 септември 1995 година во [[Њујорк]], [[САД]]. Според истата, Македонија го отстранила своето дотогашно државно знаме на коe била претставена [[Ѕвездата од Кутлеш]] поради наводни иредентистички причини и го заменила со [[Знаме на Македонија|денешното знаме]] со сонце од осум краци.
Република Македонија била примена за членка на [[ОН]] на 8 април 1993 година под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ ({{lang-en|the former Yugoslav Republic of Macedonia}}). Ситуацијата во спорот се смирила откако Грција и Република Македонија ги формализирале своите билатерални односи со потпишувањето на Привремена спогодба на 13 септември 1995 година во [[Њујорк]], [[САД]]. Според истата, Македонија го отстранила своето дотогашно државно знаме на коe била претставена [[Ѕвездата од Кутлеш]] поради наводни иредентистички причини и го заменила со [[Знаме на Македонија|денешното знаме]] со сонце од осум краци.
Ред 39: Ред 39:


== Содржина ==
== Содржина ==
Договорот налага [[Македонија|Република Македонија]] да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Republic of North Macedonia''), со превод на сите јазици, државјанството да биде ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како [[Македонски јазик|македонски јазик]] и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]], кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат ''MK'' и ''MKD'', со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува ''NM'' или ''NMK'', додека термините ''Македонија'' и ''македонски'' ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[https://vlada.mk/node/14958]
Договорот налага [[Македонија|Република Македонија]] да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Republic of North Macedonia''), со превод на сите јазици, државјанството да биде ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како [[македонски јазик]] и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]], кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат ''MK'' и ''MKD'', со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува ''NM'' или ''NMK'', додека термините ''Македонија'' и ''македонски'' ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[https://vlada.mk/node/14958]


== Реакции ==
== Реакции ==
Ред 47: Ред 47:


Претседателот на најголемата опозициска партија во државата [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Христијан Мицкоски]], го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.<ref>{{нмс|title=Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија|url=https://sitel.com.mk/mickoski-dogovorot-e-kapitulacija-za-makedonija|work=Сител|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група [[Комити Запад]] иницирале протест пред [[Собранието на Република Македонија]].<ref>{{нмс|title=Протест во Скопје против договорот за менување на името|url=https://sitel.com.mk/protest-vo-skopje-protiv-dogovorot-za-menuvanje-na-imeto|work=Сител|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.<ref>{{нмс|title=Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието|url=https://telma.com.mk/desetmina-privedeni-po-vcherashnite-protesti-pred-sobranieto/|work=Телма|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
Претседателот на најголемата опозициска партија во државата [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Христијан Мицкоски]], го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.<ref>{{нмс|title=Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија|url=https://sitel.com.mk/mickoski-dogovorot-e-kapitulacija-za-makedonija|work=Сител|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група [[Комити Запад]] иницирале протест пред [[Собранието на Република Македонија]].<ref>{{нмс|title=Протест во Скопје против договорот за менување на името|url=https://sitel.com.mk/protest-vo-skopje-protiv-dogovorot-za-menuvanje-na-imeto|work=Сител|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.<ref>{{нмс|title=Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието|url=https://telma.com.mk/desetmina-privedeni-po-vcherashnite-protesti-pred-sobranieto/|work=Телма|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>



Два часа по потпишувањето на договорот во [[Нивици]] на грчка страна, во [[Битола]] бил организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествувале околу 1.500 луѓе. Маршот бил предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од [[Тодор Александров]] - „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“.<ref>{{нмс|title=ВМРО-ДПМНЕ со цитат од Тодор Александров го почна протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vmro-dpmne-tsitat-od-todor-aleksandrov-go-pochna-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Јас и по цена на животот нема да го прифатам капитулантското дело на Заев, рече Мицкоски на протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jas-po-tsena-na-zhivotot-nema-da-go-prifatam-kapitulantskoto-delo-na-zaev-reche-mitskoski-na-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
Два часа по потпишувањето на договорот во [[Нивици]] на грчка страна, во [[Битола]] бил организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествувале околу 1.500 луѓе. Маршот бил предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од [[Тодор Александров]] - „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“.<ref>{{нмс|title=ВМРО-ДПМНЕ со цитат од Тодор Александров го почна протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vmro-dpmne-tsitat-od-todor-aleksandrov-go-pochna-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Јас и по цена на животот нема да го прифатам капитулантското дело на Заев, рече Мицкоски на протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jas-po-tsena-na-zhivotot-nema-da-go-prifatam-kapitulantskoto-delo-na-zaev-reche-mitskoski-na-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>


=== Грција ===
=== Грција ===
Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на [[Алексис Ципрас]] во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија [[Златна Зора]], [[Константинос Барбариус]] побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана [[Панос Каменос]] и претседателот [[Прокопис Павлопулос]] што било сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, [[Никос Михалољакос]] во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската листа на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29292009.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=15 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на „Златна зора“ и побегнал на полицијата|url=https://novatv.mk/pratenikot-na-zlatna-zora-i-pobegnal-na-politsijata/|work=Нова ТВ|date=16 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на [[Алексис Ципрас]] во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија [[Златна Зора]], [[Константинос Барбариус]] побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана [[Панос Каменос]] и претседателот [[Прокопис Павлопулос]] што било сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, [[Никос Михалољакос]] во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската список на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29292009.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=15 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на „Златна зора“ и побегнал на полицијата|url=https://novatv.mk/pratenikot-na-zlatna-zora-i-pobegnal-na-politsijata/|work=Нова ТВ|date=16 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>


За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[Песодер]] кое е на триесетина километри од [[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[Песодер]] кое е на триесетина километри од [[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>


== Контроверзии ==
== Контроверзии ==
Во еден дел од македонската научна јавност (пример, професорките по уставно право [[Гордана Силјановска-Давкова]], проф. Тања Каракамишева и проф. Биљана Ванковска) ваквиот „договор за идентитет“ во суштина мора да се смета (по себе) за нелегален (те. спротивен на основните ius cogens норми, т.е. императивнато право на суверенитетот врз државно-правниот идентитет и неотуѓивост и неприкосновеност на националниот идентитет), и може еднострано да се раскине преку дипломатските според Виенската конвенција на ОН за правото на договори од 1969 година имајќи предвид дека не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации и судските ставови на Меѓународниот суд на правда во Хаг. <ref>Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019[http://www.sciencepublishinggroup.com/journal/paperinfo?journalid=304&doi=10.11648/j.jpsir.20190202.13]</ref>
Во еден дел од македонската научна јавност (пример, професорките по уставно право [[Гордана Силјановска-Давкова]], проф. Тања Каракамишева и проф. Биљана Ванковска) ваквиот „договор за идентитет“ во суштина мора да се смета (по себе) за нелегален (те. спротивен на основните ius cogens норми, т.е. императивнато право на суверенитетот врз државно-правниот идентитет и неотуѓивост и неприкосновеност на националниот идентитет), и може еднострано да се раскине преку дипломатските според Виенската конвенција на ОН за правото на договори од 1969 година имајќи предвид дека не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации и судските ставови на Меѓународниот суд на правда во Хаг.<ref>[http://www.sciencepublishinggroup.com/journal/paperinfo?journalid=304&doi=10.11648/j.jpsir.20190202.13 Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019]</ref>


== Референдум ==
== Референдум ==

Преработка од 18:37, 13 мај 2020

Преспански договор
Потпишување на договорот од министрите Никола Димитров (лево) и Никос Коѕијас (десно), зад нив се премиерите на двете држави
Потпишан17 јуни 2018 (2018-06-17)
МестоНивици, Грција
ПреговарачиНикола Димитров
Никос Коѕијас
Странки
Јазицианглиски јазик

Преспански договор — контроверзен меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.[1]

Позадина

Привремената спогодба за спорот за името помеѓу Македонија и Грција отсликана во целост (англиски)

При распадот на Југославија една од републиките кои се осамостојуваат и тежнеат да бидат независни држави е и СР Македонија, но поради историски и иредентистички прашања Грција го одбива користењето на името „Македонија“ како и други елементи кои според Грција се дел од историјата и културата на Грците кои живеат во грчкиот административен регион Македонија, од страна на тогаш новата држава која според својот тогашен устав го носи името Република Македонија.[2] Разни чекори на двете држави доведуваат до отворање на скоро три-децениски спор за името Македонија.

Република Македонија била примена за членка на ОН на 8 април 1993 година под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ (англиски: the former Yugoslav Republic of Macedonia). Ситуацијата во спорот се смирила откако Грција и Република Македонија ги формализирале своите билатерални односи со потпишувањето на Привремена спогодба на 13 септември 1995 година во Њујорк, САД. Според истата, Македонија го отстранила своето дотогашно државно знаме на коe била претставена Ѕвездата од Кутлеш поради наводни иредентистички причини и го заменила со денешното знаме со сонце од осум краци.

Ситуацијата во спорот низ годините се менувала. Одредени чекори на двете влади влијаеле за влошувањето на односите и ситуацијата во спорот. Владата на Никола Груевски, избрана во декември 2006 година, водела политики објаснети под терминот „антиквизација“, така што го променила името на аеродромот во главниот град Скопје во Аеродром „Александар Велики“, а преку проектот Скопје 2014 на плоштадот Македонија бил изграден споменикот Воин на коњ висок 14,5 метри кој го претставува кралот Александар Македонски за кој Грција смета дека е дел од грчката култура и историја. Односите сепак се подобриле откако на 31 мај 2017 година била избрана нова Влада на Македонија на чело со Зоран Заев.

Содржина

Договорот налага Република Македонија да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија (англиски: Republic of North Macedonia), со превод на сите јазици, државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како македонски јазик и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и Зоран Заев, кој на прес-конференција во Владата на Република Македонија истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во Обединетите Нации, а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.[3] Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат MK и MKD, со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува NM или NMK, додека термините Македонија и македонски ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[1]

Реакции

Македонија

Анти-НАТО и про-Бојкотирам графит во Охрид

Македонската јавност реагирала поделено во однос на договорот. Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов истакнал дека нема да го потпише договорот, класифицирајќи го истиот како штетен за земјата и дека истиот значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.[4] Следниот ден на 13 јуни, откако било прогласено решение, на средба со претседателот Иванов биле премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров кои му го предале договорот. Во медиумите било објавено дека средбата поминала во непријатна атмосфера и истата траела 2 минути, по што претседателот „им ја покажал вратата“ на Заев и Димитров.[5] Иванов за време на посета на Бугарија следниот ден изјавил дека тоа се медиумски лаги и дека откако го добил документот со договорот немал што повеќе да разговара на таа тема бидејќи, како што рекол тој, „за прв пат ми беше донесен документ во кој не сум вклучен ниту запознаен“.[6]

Претседателот на најголемата опозициска партија во државата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.[7] Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група Комити Запад иницирале протест пред Собранието на Република Македонија.[8] На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.[9]

Два часа по потпишувањето на договорот во Нивици на грчка страна, во Битола бил организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествувале околу 1.500 луѓе. Маршот бил предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од Тодор Александров - „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“.[10][11]

Грција

Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на Алексис Ципрас во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија Златна Зора, Константинос Барбариус побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос што било сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, Никос Михалољакос во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската список на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.[12] По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.[13]

За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од Преспа кон Лерин, во близина на селото Песодер кое е на триесетина километри од Нивици, група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.[14] Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.[15]

Контроверзии

Во еден дел од македонската научна јавност (пример, професорките по уставно право Гордана Силјановска-Давкова, проф. Тања Каракамишева и проф. Биљана Ванковска) ваквиот „договор за идентитет“ во суштина мора да се смета (по себе) за нелегален (те. спротивен на основните ius cogens норми, т.е. императивнато право на суверенитетот врз државно-правниот идентитет и неотуѓивост и неприкосновеност на националниот идентитет), и може еднострано да се раскине преку дипломатските според Виенската конвенција на ОН за правото на договори од 1969 година имајќи предвид дека не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации и судските ставови на Меѓународниот суд на правда во Хаг.[16]

Референдум

Билборд на кампањата „Излези ЗА Европска Македонија“ во Дебар на албански јазик
Постер на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за кампањата „Бојкотирам“ во Струга

Откако се интензивирале напорите за решавање на спорот за името Македонија започнала да се поставува и опцијата да се одржи референдум на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за својот став околу договорот.[17][18] На 30 јули со 68 гласа „За“ и без „Против“ и „Воздржан“, без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја напуштиле салата, била донесена одлука од Парламентот за распишување на консултативен референдум на кој ќе биде поставено прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тогаш се изјаснила дека со тоа што референдумот ќе биде консултативен, се отвора можност резултатите да се толкуваат по слободна волја. Нивниот пратеник Никола Мицевски пак образложил дека „референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста“.[19]

Карта на гласовите „За“ на референдумот претставени во проценти
Карта на гласовите „За“ на референдумот претставени во проценти

Референдумот се одржал како и предвиденото, на 29 септември гласале болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор како и дијаспората, а на 30 септември сите останати граѓани на Македонија. Право на глас имале 1.806.336 гласачи. Референдумот не ја постигнал потребната излезеност од 50 отсто и на него гласале 36,91 отсто од населението односно 666.743 граѓани. Од граѓаните кои излегле и гласале, „За“ заокружиле 609.813 граѓани, а „Против“ биле 37.700 граѓани. Имало 19.221 неважечкo ливчe.[20] Според властите референдумот претежно поминал во мирна атмосфера. Регистирани биле неколку инциденти, повеќето со неовластено снимање и фотографирање гласачи, закани и напади врз гласачите.[21][22][23]

Поврзано

Наводи

  1. „Потпишан договорот за името, Заев: поместивме планини“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 17 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  2. FYROM Name Issue, Hellenic Republic, Ministry of Foreign Affairs
  3. „Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет“. Кајгана. 12 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  4. „Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција“. Дојче Веле на македонски јазик. 13 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  5. „По 2 минутната средба со Заев и Димитров, Иванов им ја покажал вратата“. Курир. 13 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  6. „Иванов: Не сум бил вклучен во договорот, сами нека си го завршат“. Република. 14 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  7. „Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија“. Сител. 12 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  8. „Протест во Скопје против договорот за менување на името“. Сител. 13 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  9. „Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието“. Телма. 14 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  10. „ВМРО-ДПМНЕ со цитат од Тодор Александров го почна протестот против договорот за името“. Сакам Да Кажам. 17 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  11. „Јас и по цена на животот нема да го прифатам капитулантското дело на Заев, рече Мицкоски на протестот против договорот за името“. Сакам Да Кажам. 17 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  12. „Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 15 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  13. „Пратеникот на „Златна зора" и побегнал на полицијата“. Нова ТВ. 16 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  14. „Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата“. Република. 17 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  15. „Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа“. Република. 17 јуни 2018. Посетено на 17 јуни 2018.
  16. Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019
  17. „Нема доволно време Македонија да стане членка на НАТО во јуни, вели Коѕијас“. Сакам Да Кажам. 18 април 2018. Посетено на 3 октомври 2018.
  18. „Стојам зад предлогот Република Илинденска Македонија, кажа Заев по лидерската средба и најави референдум“. Сакам Да Кажам. 19 мај 2018. Посетено на 3 октомври 2018.
  19. „Референдум на 30 септември“. Дојче Веле. 30 јули 2018. Посетено на 1 октомври 2018.
  20. „На референдумот гласале 666.743 граѓани, „За" гласале 609.813, „Против" 37.700“. Сакам Да Кажам. 1 октомври 2018. Посетено на 1 октомври 2018.
  21. „Инциденти на гласањето за референдумот“. 24 Вести. 30 септември 2018. Посетено на 1 октомври 2018.
  22. „Австралија: Закани и навреди за гласачите на референдумот“. Дојче Веле. 29 септември 2018. Посетено на 1 октомври 2018.
  23. „Фејсбук-малтретирање на оние кои гласаат на референдумот во дијаспората“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 29 септември 2018. Посетено на 1 октомври 2018.

Надворешни врски