Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 44: | Ред 44: | ||
Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ. Сегашен директор е м-р [[Звонко Муцунски]]. |
Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ. Сегашен директор е м-р [[Звонко Муцунски]]. |
||
==Историја== |
|||
За првпат како служба која е основана за верски работи се јавува во периодот од [[1944]] до [[1945]] год. како '''верско поверенство'''. Потоа, од [[1945]] до [[1951]] год. овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внатрешни работи. Од [[1951]] год. па до денес постои како самостоен државен орган, а во изминатите години го менуваше само својот назив. |
|||
Така, од [[1951]]-[[1962|62]] год. постои како '''Комисија за верски прашања''', од [[1963]]-[[1976|76]] год. како '''Републичка комисија за верски прашања''', од [[1977]]-[[2000]] год. како '''Републичка комисија за односи со верските заедници''', а од [[2000]]-та година до денес, како '''Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи'''. За целиот овој период до 2000-та година, со органот раководи функционер на ниво на потпретседател на Влада, односно министер, а со законските решенија од 2000 година па наваму, претседател / директор, именуван од [[Владата на Република Македонија]]. |
|||
Преработка од 22:33, 17 октомври 2008
Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи | |
---|---|
Лого на комисијата | |
Податоци за органот | |
Основан | 1944¹ |
Надлежност | Самостоен државен орган на Владата на РМ |
Седиште | Бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТВ Скопје, Македонија |
Вработени | 10 |
Раководител | м-р Звонко Муцунски (директор) |
Мрежно место | |
kovz.gov.mk | |
Белешки | |
¹како Комисија за верски прашања |
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија е самостоен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и религиозните групи и државата.
Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да помага при разрешување на прашањата кои ќе се појават помеѓу верските заедници и религиозни групи во Република Македонија и државните органи, односно, таа се јавува како врзна точка меѓу државата и црквата. Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзините овластувања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и религиозни групи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од страна на Собранието на Република Македонија и од страна на Владата на Република Македонија, а се одвиваат според утврдена програма за работа на Комисијата.
Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ. Сегашен директор е м-р Звонко Муцунски.
Историја
За првпат како служба која е основана за верски работи се јавува во периодот од 1944 до 1945 год. како верско поверенство. Потоа, од 1945 до 1951 год. овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внатрешни работи. Од 1951 год. па до денес постои како самостоен државен орган, а во изминатите години го менуваше само својот назив.
Така, од 1951-62 год. постои како Комисија за верски прашања, од 1963-76 год. како Републичка комисија за верски прашања, од 1977-2000 год. како Републичка комисија за односи со верските заедници, а од 2000-та година до денес, како Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. За целиот овој период до 2000-та година, со органот раководи функционер на ниво на потпретседател на Влада, односно министер, а со законските решенија од 2000 година па наваму, претседател / директор, именуван од Владата на Република Македонија.
Надворешни врски
Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи