Еми (награда): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: cy:Gwobr Emmy
Ред 84: Ред 84:
[[ka:ემი (პრემია)]]
[[ka:ემი (პრემია)]]
[[ko:에미상]]
[[ko:에미상]]
[[mr:इम्मी पुरस्कार]]
[[mr:एम्मी पुरस्कार]]
[[nl:Emmy Award]]
[[nl:Emmy Award]]
[[no:Emmy Award]]
[[no:Emmy Award]]

Преработка од 16:59, 16 октомври 2008

Eми награда

Еми наградите се американски телевизиски продуцирани награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на оскарите.

Три поврзани, но различни организации доделуваат Еми награди:

  • „Академијата на телевизиски награди и науки“ ги наградува забавните програми кои одат во ударен термин со исклучок на спортот;
  • „Националната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува дневните, спортските и документарните емисии, вклучувајќи ги и информативните програми, односно вестите;
  • „Меѓународната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува емисиите направени во земји надвор од Соединетите Американски Држави.

Најпознати меѓу Еми наградите се Еми наградите за ударни термини (Primetime Emmy Awards) како и Дневните Еми награди (Daytime Emmy Awards).


Историја на наградите

Првите манифестација по повод доделувањето на Еми наградите се оддржува во Hollywood Athletic Clubs на 25 јануари 1949 година. Името „Еми“ е феминизација на името „Ими“, прекарот искористен да ги опише раните телевизиски катодни цевки. Ширли Динсдејл е добитник на првата Еми награда на првата церемонија. Кипот за наградата Еми изгледа како жена со крилја која држи атом, што со време се претвори во симбол на стремежот на телевизиската академија да ја воздигне уметноста и во свои рамки. Кипот е изграден од инжинерот Луис Мек Манус.

Видови Еми награди

Еми награди за ударни термини

Се доделуваат на американски телевизиски програми што одат во ударен термин. Церемониите во главно се одржуваат во средината на јуни и се емитуваат на каналите ABC, CBS, NBC и Fox.

Дневни Еми награди

Претставуваат награди што се доделуваат на секојдневните американски телевизиски сапуници, ток шоуа, квизови и детски емисии. Првата Дневна Еми награда е доделена во 1972 година.

Спортски Еми награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на американските спортски телевизиски емисии. Церемонијата се одржува секоја пролет, најчесто последните две недели од април или првата недела од мај.

Технолошко-инжинерски Еми награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на индивидуалци, компании или научни институции кои помогнале во развојот на телевизиската техника и технологија.

Регионални Еми награди

Претставуваат локални Еми награди кои се доделуваат на регионалните американски телевизиски простори. Овие награди се помалку гламурозни.

Меѓународни Еми награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на најдобрите телевизиски програми во САД. Секоја програма која е номинирана се емитира на фестивалот во Њујорк еден ден пред доделувањето на наградите.

Останати Еми награди

  • Национални телевизиски вести и документарни емисии
  • Бизнис и финансиски извештаи
  • Јавни служби и сервиси
  • Боб Хоуп Хуманитарна награда

Надворешни врски