Портрет на девојче: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Kiril Simeonovski ја премести страницата Портрет на девојче (Мартиноски) на Портрет на девојче
ситна поправка
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Никола Мартиноски „Портрет на девојче“.jpg|мини|Портрет на девојче]]
{{Italic title|Портрет на девојче}}
{{Italic title|Портрет на девојче}}
{{Infobox Artwork
{{Infobox Artwork
| image_file=Никола Мартиноски „Портрет на девојче“.jpg
| image_file=
| backcolor=
| backcolor=#FBF5DF
| painting_alignment=
| painting_alignment=right
| image_size=
| image_size=300px
| title=Портрет на девојче
| title=Портрет на девојче
| artist=[[Никола Мартиноски]]
| artist=[[Никола Мартиноски]]
Ред 16: Ред 15:
| metric_unit=cm
| metric_unit=cm
| imperial_unit=in
| imperial_unit=in
| city=
| city=Битола
| museum=Музеј на Битола
| museum=[[Народен музеј - Битола]]
}}
}}


'''Портрет на девојче''' – слика од [[Никола Мартиноски]]. Сликата е [[маслено сликарство|масло на платно]], завршена во 1944 година со димензии 60 х 40 см и се наоѓа во Музејот на [[Битола]].
'''Портрет на девојче''' – слика од [[Никола Мартиноски]]. Сликата е [[маслено сликарство|масло на платно]], завршена во 1944 година со димензии 60 х 40 см и се наоѓа во [[Народен музеј - Битола|Народниот музеј]] во [[Битола]].


== Опис ==
== Опис ==

Преработка од 20:10, 27 април 2020

Портрет на девојче
Податотека:Никола Мартиноски „Портрет на девојче“.jpg
Творец Никола Мартиноски
Година 1944
Димензии 60 см × 40 см
Место Народен музеј - Битола, Битола

Портрет на девојче – слика од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1944 година со димензии 60 х 40 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Опис

На сликата е претставено девојче – седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата). На главата носи капче или шамија, слична на раширена и поголема беретка. Рацете и се скрстени, спуштени и потпрени на нозете. Нејзиниот портрет е поставен во централниот дел од сликата. Во позадината нема ништо. Најкарактеристично е по позата и замисленоста во која се открива: тага, отсутност, беда, сиромаштија па дури и некаква болка слична на осаменоста. Сликата е правена со слободни потези, без големи детали. На авторот, најважно му било да го претстави чувството, расположбата, психологијата на сиромашното девојче. Никола Мартиноски е еден од најзначајните македонски ликовни уметници, неговото прикажување на сиромашните, тажни, копнежливи луѓе, најчесто женски фигури, е успешно сликарско презентирање на длабочината на човечката душа.[1]

Наводи