Живко Фирфов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с ставена Категорија:Членови на СОКОМ користејќи го HotCat
Ред 48: Ред 48:
[[Категорија:Луѓе од Велес]]
[[Категорија:Луѓе од Велес]]
[[Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“]]
[[Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“]]
[[Категорија:Членови на СОКОМ]]

Преработка од 12:38, 27 април 2020

Живко Фирфов
НационалностМакедонец
Познат(а) поетномузиколог, диригент, музички деец

Живко Фирфов (20 ноември 1906 - 21 јули 1984) — истакнат македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец.

За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година.

Биографија

Живко Фирфов бил роден во Велес каде и го завршил основното училиште, музичка школа завршил во Белград во 1931 година по што се вработил како диригент во Земун[1]. Во 1939 година ја објавил својата прва етномузиколошка студија во списанието „Музика“, за интерпретација на македонската народна песна и за мелографската постапка при нејзиното собирање. По Втората светска војна се вратил во Скопје каде работел како шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура, уметност и други културни врски со другите народи при АСНОМ, шеф е на отсекот за народна музика во Радио Скопје. Особено бил ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Како шеф на Одделението за народна музика и кореографија при Фолклорниот институт на СР Македонија и негов директор овозможува збогатување на музичката фонотека која остава широки можности за научни проучувања на македонскиот музички фолклор. До крајот на својот живот бил дописен член на Меѓународното фолкорно друштво ИФЦМ во Лондон и бил почесен претседател на секторот за Балкански игри при Меѓународното друштво за народни игри во Лондон, преку која функција овозможува широко промовирање и презентирање на македонскиот музички фоклор во целиот свет.

Творештво

  • “Суита” - за флејта и пијано[1]
  • “Варијации” - за пијано[1]
  • “Фантазија” - за оргули[1]
  • “Леика” - за сопран и пијано [1]
  • “Марика” - за сопран и пијано[1]
  • “Дротар”[1]
  • “Хумореска 1”[1]
  • “Хумореска 2” [1]
  • “Хумореска 3”[1]

Награди и признанија

  • “13 Ноември” во 1963 година [1]
  • “Климент Охридски” во 1970 година [1]
  • “11 Октомври” за животно дело во 1971 година.[1]

Наводи

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Сојуз на композиторите на Македонија[1]

Надворешни врски