Портрет на девојче: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Нема опис на уредувањето
с Kiril Simeonovski ја премести страницата Портрет на девојче (Мартиноски) на Портрет на девојче
(нема разлика)

Преработка од 11:47, 27 април 2020

Податотека:Никола Мартиноски „Портрет на девојче“.jpg
Портрет на девојче
Портрет на девојче
Творец Никола Мартиноски
Година 1944
Димензии 60 см × 40 см
Место Музеј на Битола

Портрет на девојче – слика од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1944 година со димензии 60 х 40 см и се наоѓа во Музејот на Битола.

Опис

На сликата е претставено девојче – седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата). На главата носи капче или шамија, слична на раширена и поголема беретка. Рацете и се скрстени, спуштени и потпрени на нозете. Нејзиниот портрет е поставен во централниот дел од сликата. Во позадината нема ништо. Најкарактеристично е по позата и замисленоста во која се открива: тага, отсутност, беда, сиромаштија па дури и некаква болка слична на осаменоста. Сликата е правена со слободни потези, без големи детали. На авторот, најважно му било да го претстави чувството, расположбата, психологијата на сиромашното девојче. Никола Мартиноски е еден од најзначајните македонски ликовни уметници, неговото прикажување на сиромашните, тажни, копнежливи луѓе, најчесто женски фигури, е успешно сликарско презентирање на длабочината на човечката душа.[1]

Наводи