Тираспол: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Flag_of_Abkhazia.svg со Image:Flag_of_the_Republic_of_Abkhazia.svg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 2 (meaningless or ambiguous name) · T
Coat of Arms of Tiraspol 1847.svg
Ред 4: Ред 4:
|image_skyline = Central street of Tiraspol.jpg
|image_skyline = Central street of Tiraspol.jpg
||image_caption = Главна улица во Тираспол.
||image_caption = Главна улица во Тираспол.
|image_shield = Tiraspol Coat-of-Arms.gif
|image_shield = Coat of Arms of Tiraspol 1847.svg
|shield_size = 70px
|shield_size = 70px
|image_flag = Flagge der Tiraspol.png
|image_flag = Flagge der Tiraspol.png

Преработка од 10:53, 27 април 2020

Тираспол
Tiraspol
град
Главна улица во Тираспол.
Главна улица во Тираспол.
Знаме на Тираспол TiraspolГрб на Тираспол Tiraspol
Тираспол Tiraspol is located in Молдавија
Тираспол Tiraspol
Тираспол
Tiraspol
Местоположба во Молдавија.
Координати: 46°51′N 29°38′E / 46.850° СГШ; 29.633° ИГД / 46.850; 29.633
Држава Молдавија
РепубликаПриднестровие Приднестровие
Управа
 • ГрадоначалникВиктор Костирко
Население (2005)
 • Вкупно159.163
Повик. бр.+ 373 533

Тираспол (руски и украински:Тирáсполь, молдавски:Тираспол) е втор град по број на население во Молдавија и главен град и административен центар на де факто независната република Приднестровие. Градот се наоѓа во југоисточниот дел од Молдавија, а низ градот тече реката Днестар. Тираспол е регионален центар на лесната индустрија, а особено на електрични материјали.

Градот е основан во 1792 година од страна на рускиот генералисимус Александар Суворов. Градот ја пеославува својата годишнина на 14 октомври.

Име

Тираспол е топоним составен од 2 збора од старогрчкиот јазик: Тирас коешто било старогрчкото име за реката Днестар и полис што значи град.

Историја

Зградата на владата на Приднестровие. Пред неа се наоѓа статуата на Ленин
Советскиот тенк Т-34 во Тираспол

По руско-турската војна од 1787 до 1791 година и Јаскиот мировен договор, Османлиската империја била должна на Руската империја да и ја отстапи Очаковската област којашто се наоѓа помеѓу реките Днестар и Јужен Буг.

Во 1792, со поместувањето на границите, Руската империја се проширила за сметка на Османлиската, а на рускиот генералисимус Александар Суворов му било доверено во рамките на Днестарската линија со цел полесни да ја одржи новоосвоената територија да изгради тврдина. Со тврдината управувал генерал-мајорот во руската армија де Волан. Во 1795 година, покрај тврдината бил изграден градот Тираспол во кој се преселиле и селаните од блиското село Суклеја, па така со пописот од 1795, уште со самото основање во градот веќе живееле околу 2,500 жители. Во 1816, во градот живееле околу 5,300 жители, а кон крајот на првата половина на 19. век 10,000.

Со статусот на автономија на Бесарабија во 1828, Тираспол изгубил на значење, но сепак развојот на градот и понатаму продолжил. Развојот на градот се одликувал и со подобрување на патната мрежа и поврзување со останатите поголеми градови, па така во 1867 година градот бил поврзан со Одеса со железничка линија. Во 1873, била изградена и железничката линија кон Кишинев.

Градот започнал и економски силно да се развива, па на крајот од 19. век градот произведувал производи и услуги во вредност поголема од 400,000 рубљи, а на 3 плоштади во градот секоја година се одржувале јармаркти (германски:Jahrmark што значи годишен пазар).

За време на Првата светска војна, Бесарабија била додадена на Романија, па така реката Днестар станала демаркациона линија. Власта во градот постојано се менувала, о на крај сепак ја преземале Болшевиците. Од 1929 до 1940, Тираспол бил главен град на Молдавската ССР.

Во перидодт помеѓу војните градот започнал култутно и научно да се развива. Во 1930, бил отворен Тирасполскиот институт на народно образование, а во 1936 бил отворен и градскиот театар.

За време на Втората светска војна, на Источниот фронт, Романија ја окупирала територијата помеѓу реките Днестар и Јужен Буг. Градот бил окупиран на 10 август 1941, а при окупационата операција биле убиени околу 4.000 луѓе од кои околу 1.500 биле Евреи.

Од фашистичката окупација, Тираспол бил ослободен на 12 април 1944.

По Втората светска војна, продолжил развојот на градот. Особено се развиле машинската и електроиндустријата.

Во 1967 година, се појавило т.н. „Тролејбуско движење“ по што воградот бил додаден и тролејбускиот превоз, а во 1987 веќе имало 9 тролејбуски линии во градот. Во 1993, била пуштена и познатата тролејбуска линија до градот Бендери.

На 2 септември, со прогласувањето на независноста на Приднестровската Молдавска Република Тираспол станал нејзин главен град.

Демографија

Соборниот храм Рождество Христово во Тираспол

Според пописот спроведен во Приднестровие во ноември 2004, градот има население од 159,163 жители од кои 158,069 градско население и само 1,094 селско. Според истиот пописот 72,240 (45,4%) се мажи, а 86,923 се жени (54,6%).

Етничкиот состав на населението го сочинуваат Руси (41,6%), Украинци (33%), Молдавци (15,2%) и останати (Гагаузи, Бугари, Белоруси и Евреи) (10,2%).

Споменици

Споменикот на Александар Суворов во Тираспол

Статуата на Александар Суворов е поставена во Тираспол во 1979 година, на 250-годишнината од раѓањето на големиот руски војсководец и генералисимус. Пред зградата на владата на Приднестровие се наоѓа споменик на Ленин. Во спротива од централниот пшлоштад се наоѓа советски тенк од типот Т-34 којшто ја симболизира победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна и претставува вечен пламен до оние кои го бранеле градот во 1941 и оние кои го ослободиле во 1944.

Многу од спомениците во градот се поврзуваат со различни конфликти како Советската војна во Авганистан (1979) и Војната во Приднестровие.

Збратимени градови