Страшо Пинџур: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Рани години: ситна поправка
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Рани години: дополнување
Ред 17: Ред 17:
== Биографија ==
== Биографија ==
=== Рани години ===
=== Рани години ===
Страшо Пинџур е роден како Стархил Пинџуров во [[Струмица]] на [[3 март]] [[1915]] година. По смртта на татко му, кој загинал во почетокот на [[Првата светска војна]], во борбите кај [[Криволак]], мајка му се премажила во [[Неготино]], а грижата за него ја презела баба му Наца. Основното училиште го завршил во [[Ваташа]], а нижа гимназија во [[Кавадарци]]. Потоа, образованието го продолжил во [[Крагуевац]], а во [[Белград]] студирал право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење и во [[1934]] година се зачленил во [[КПЈ]].
Страшо Пинџур е роден како Стархил Пинџуров во [[Струмица]] на [[3 март]] [[1915]] година. По смртта на татко му [[Димитар Пинџур]], кој загинал како Бугарски офицер во почетокот на [[Првата светска војна]], во борбите кај [[Криволак]], мајка му се премажила во [[Неготино]], а грижата за него ја презела баба му Наца. Основното училиште го завршил во [[Ваташа]], а нижа гимназија во [[Кавадарци]]. Потоа, образованието го продолжил во [[Крагуевац]], а во [[Белград]] студирал право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење и во [[1934]] година се зачленил во [[КПЈ]].


[[Податотека:Страшо Пинџур2.jpg|мини|лево|Страшо Пинџур со студенти, членови на друштвото “Вардар“ 1936 година]]
[[Податотека:Страшо Пинџур2.jpg|мини|лево|Страшо Пинџур со студенти, членови на друштвото “Вардар“ 1936 година]]

Преработка од 17:38, 25 април 2020

Страшо Пинџур
Роден Страхил Пинџур
3 март 1915
Струмица,[1][2][3] Царство Бугарија[4]
(денес Македонија)
Починал 4 јануари 1943(1943-01-04) (возр. 27)
Скопје

Страхил „Страшо“ Пинџур (Струмица, 3 март 1915 - Скопје, 4 јануари 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу).

Биографија

Рани години

Страшо Пинџур е роден како Стархил Пинџуров во Струмица на 3 март 1915 година. По смртта на татко му Димитар Пинџур, кој загинал како Бугарски офицер во почетокот на Првата светска војна, во борбите кај Криволак, мајка му се премажила во Неготино, а грижата за него ја презела баба му Наца. Основното училиште го завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа, образованието го продолжил во Крагуевац, а во Белград студирал право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење и во 1934 година се зачленил во КПЈ.

Страшо Пинџур со студенти, членови на друштвото “Вардар“ 1936 година

Како напреден студент, активно се вклучува во друштовото на напредните македонски студенти „Вардар“, а станува и член на Акциониот студентски одбор. Во текот на 1938 г. се обидува да се префрли во Шпанија и да се бори заедно со Интернационалните бригади. Тој доаѓа до Прага, но не успева да фати врска и да се враќа во Белград, поради неговата активност бил привиден во полицијата во мај 1938 и спроведен во Истражниот затвор во Ада Циганлија.

Во летото 1939 г. во Кавадарци, по негова иницијатива, заедно со Ристо Михов и Ѓошо Бојаџиев, ја обновуваат работата на Комунистичката партија. По завршувањето на Правниот факултет неговата активност како револуционер уште повеќе се зголемува. Бил будно следен од полицијата и повторно е уапсен во истиот затвор. Пред самата окупација, Страшо бил пуштен на слобода.

За време на НОВ

Поглед на родната куќа на Пинџур, денес претворена во меморијален музеј и заштитена како споменик на културата

По окупацијата на Македонија, Страшо Пинџур станал член на Покраинскиот комитет како инструктор, а од јуни 1942 г. бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

Есента 1942 бил разбиен Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Страшо Пинџур, заедно со Мирче Ацев, дошол во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата. На 19 декември 1942 г., тие биле провалени во куќата на Јован Митрев и биле спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Потоа, двајцата биле подложени на невидени инквизициони мерки со цел да ги извлечат бараните информации од нив. Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“.

На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

За неговата активност во организирањето на народот за борба против фашистичкиот окупатор, како и за неговото храбро и достоинствено движење во затворот, Страшо бил прогласен за еден од првите народни херои во Македонија. Во негова чест и во чест на Мирче Ацев се испеани песните „Ајде ќе те прашам, бре Донке“ и „Вардаре горд, подзапри“. Во родното село Ваташа е зачувана спомен-куќата на Страшо Пинџур, во која, во 1976 г. е поставена постојана изложба на експонати поврзани со неговиот живот. Куќата била реновирана во 2012 година.[5]

Наводи

  1. Сто години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа, Петре Камчевски, директор на музејот во Кавадарци. A1ON, 15/10/2015.
  2. Bugarskiot teror i otpor vo Skopskiot zatvor: seḱavanja, Edicija Memoari, Author Dučo Krango, Arhiv na Skopje, 1986, str. 28.
  3. Od Kajmakčalan do Fuštani, Biblioteka Naše revolucionerno minato : Edicija Memoari, zapisi, razkazi, hroniki, Author Dimo Jančevskiр Naša kniga, 1976, str. 20.
  4. Theodora Dragostinova, Between Two Motherlands: Nationality and Emigration among the Greeks of Bulgaria, 1900–1949, Cornell University Press, 2011, ISBN 0801461162, 81.
  5. Светлана Дарудова, "Страшо Пинџур во писмо открива чувства спрема Мара Нацева", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 13.

Литература

  • Петре Камчевски, „Девет тиквешки великани“, Музеј-галерија Кавадарци, Кавадарци 2009
  • Петре Камчевски, „Ваташа“, Музеј-галерија Кавадарци, Кавадарци 2012
  • Петре Камчевски, „Кавадаречки историски речник“, Музеј-галерија Кавадарци, Кавадарци 2010
  • Диме Боев, „Кавадарци низ минатото“, Скопје, 1996
  • „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 313-317

Надворешни врски