Македонски парламентарни избори (2020): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7: Ред 7:
| previous_year = 2016
| previous_year = 2016
| next_election =
| next_election =
| election_date = 12 април 2020
| election_date = ќе биде одлучено
| elected_members =
| elected_members =
| seats_for_election= 120 мандати во [[Собрание на Република Македонија|Собранието]]
| seats_for_election= 120 мандати во [[Собрание на Република Македонија|Собранието]]

Преработка од 23:38, 11 април 2020

Македонски парламентарни избори (2020)
Македонија
2016 ←
ќе биде одлучено

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
  Прва партија Втора партија
  Податотека:Zoran Zaev oct 2017 (cropped).jpg
Водач Христијан Мицкоски Зоран Заев
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Водач од 2017 2013
Последни избори 51 место 49 места

премиер пред изборите

Оливер Спасовски(*)
СДСМ

Избран за премиер

ќе биде одлучено
ќе биде одлучено

Ова се десетти македонски парламентарни избори. Тие се предвремено закажани за 12 април 2020 година. Нивниот редовен датум на одржување е 11 декември, денот кога биле спроведени претходните вакви избори во 2016 година.

Позадина

Претходните парламентарни избори се одржале во декември 2016 година, на кои најголем број на гласови освила ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски. Изборите тогаш исто така биле предвремени поради настанатата политичка криза во Македонија која започнала во 2015 година. Груевски не успеал во предвидениот рок од доделениот мандат да ја состави владата. По рекорден 171 ден од одржувањето на изборите, поради несогласување на претседателот Ѓорге Иванов, дури на 31 мај 2017 година била формирана новата македонска Влада, во која како премиер стапил Зоран Заев, лидер на СДСМ.

Меѓу главните залагања на владата на Зоран Заев било членството на земјата во меѓународните политички и безбедносни организации ЕУ и НАТО. Како услов за влезот на Македонија во истите, во 2018 година бил постигнат Преспанскиот договор со Грција за решавање на спорот за името Македонија, согласно кој, меѓу другото, Македонија го променила своето државно име во Република Северна Македонија. Протоколот за членството во НАТО бил потпишан од Алијансата на 6 февруари 2019 година, проследен со процес на поединечна ратификација од секоја земја-членка.[1]

Изборите во 2020 година доколку би биле редовни треба да се одржат на 11 декември, но главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, настојува од есента 2019 година истите да се одржат пред време.[2] Заев од друга страна најпрво сметал дека изборите треба да бидат редовни, оценувајќи дека периодот пред редовниот датум за избори е „економски драгоцен за целата трансформација“.[3]

Клучна во одлуката за предвремени избори била средбата на Европскиот совет одржана на 17 и 18 октомври кога земјите-членки на ЕУ не одредиле датум за пристапни преговори за Македонија и Албанија.[4] Два дена подоцна била одржана средба на лидерите на македонските парламентарни политички партии заедно со претседателот Стево Пендаровски каде било одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април.[5]

Техничката влада која треба да ги спроведе изборите била изгласена на 3 јануари, сто дена пред одржувањето на изборите, согласно Пржинскиот договор, и истата ја предводи Оливер Спасовски.[6] Иако било предвидено Собранието да се распушти 60 денови пред изборите, тоа се случило на 16 февруари, a во меѓувреме биле изгласани Законот за јавно обвинителство, како и Законот за одбрана.[7] Во периодот пред одржувањето на превремените избори Македонија е погодена од пандемијата на коронавирус, поради која постои можност изборите да не се одржат на закажниот датум во април.

Наводи

  1. „НАТО го потпиша Протокол за членство на Македонија“. Телма. 6 февруари 2019. Посетено на 16 март 2020.
  2. „Утре лидерска Заев - Мицкоски: Закон за ЈО и предвремени избори“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 9 септември 2019. Посетено на 16 март 2020.
  3. „Опозицијата бара предвремени избори, власта не дава“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 12 октомври 2019.
  4. „Реакции за датумот- разочарување, жалење, отворање врата за Москва и Пекинг“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 18 октомври 2019. Посетено на 16 март 2020.
  5. Калински, Владимир (20 октомври 2019). „Македонските лидери го потврдија европскиот пат - избори на 12 Април“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. Посетено на 16 март 2020.
  6. „Собранието ја изгласа техничката влада на Оливер Спасовски“. Сакам Да Кажам. 3 јануари 2020. Посетено на 17 март 2020.
  7. „Се распушти Собранието, избори на 12 април“. Сакам Да Кажам. 16 февруари 2020. Посетено на 17 март 2020.