Драгобраште: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°53′55″N 22°36′16″E / 41.89861° СГШ; 22.60444° ИГД / 41.89861; 22.60444
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Vase10000 (разговор), вратено на последната верзија на Hristijan Kicho
Ознака: Отповикување
Нема опис на уредувањето
Ред 74: Ред 74:
Во селото има пошта и здравствен дом.
Во селото има пошта и здравствен дом.
Во Драгобраште се наоѓа [[ОУ "Никола Парапунов" - Драгобраште|ОУ „Никола Парапунов“]] во кое учат деца и од околните села.
Во Драгобраште се наоѓа [[ОУ "Никола Парапунов" - Драгобраште|ОУ „Никола Парапунов“]] во кое учат деца и од околните села.

==Администрација и политика==

=== Изборно место ===

Во селото постои изборното место бр. 317 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото [[Расино]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 351 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|title=Претседателски избори 2019|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Преработка од 14:36, 4 април 2020

Драгобраште
Податотека:Драгобраште.jpg

Поглед кон маало Мирмарци

Драгобраште во рамките на Македонија
Драгобраште
Местоположба на Драгобраште во Македонија
Драгобраште на карта

Карта

Координати 41°53′55″N 22°36′16″E / 41.89861° СГШ; 22.60444° ИГД / 41.89861; 22.60444
Регион Источен регион
Општина Општина Виница
Пошт. бр. 2310
Повик. бр. +38933
Шифра на КО 05006
Надм. вис. 550 м
Драгобраште на општинската карта

Атарот на Драгобраште во рамките на општината
Драгобраште на Ризницата

Драгобраште е село во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Географиja и местоположба

Од градот Виница е одалечено 10 километри и се наоѓа на патниот правец за Делчево и Берово, во северо источниот дел на општината, на надморска височина од 550 метри. Селото е од разбиен тип, составено е од повеќе маала: Чукарлии, Мирмарци, Брбољковци, Софинци, Криворамци, Капетанци и други.[1]

Историja

Според бугарскиот академик Дуриданов, името на селото е добиено по личното име Драгобрат.[2] Додавајки му ја придавката ja селото станало Драгобратја, кое заради повеки јазични записи од српски и бугарски јазик останало именувано според наречјето на народот Драгобрашта (Драгобраќа).

Економија

Претежно населението се занимава со земјоделство, а најзастапено е одгледувањето на тутун, голем дел од населението е на привремена или стална работа во странство.[се бара извор]

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Драгобраште живееле 700 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгобраште имало 488 Македонци, егзархисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Драгобраште живеат 392 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 700[3] 488[4] 570 699 686 722 619 488 469 392

Во 1971 населението броело 722 жители, а во 1981 е намалено на 623 жители. Трендот на намалување е забележен и во 1991 кога селото имало 490 жители.[7] Намалувањето на населението почнало в периодот на осумдесетите години, кога почнала индустијализацијата во Македонија, кога населението се изселувало во градовите. Подоцна во деведесетите години, поради слабата економска состојба во државата, населението се иселувало во Западна Европа.[8]

Родови

Драгобраште е македонско село.

Родови во селото: Чергарци (8 к.) и Бојчевци (7 к.) доселени се од некое село во радовишко на Плачковица; Балтачани (10 к.) доселени се од селото Криволак, Тиквеш, пред околу 190 години се иселиле тројца браќа, еден се населил во Драгобраште, вториот во Крушево, а третиот во Трсино; Пандурци (6 к.) доселени се пред 180 години од селото Турија, делчевско, дошле тројца браќа Ѓорге, Лазар и Јово. Денешниот род потекнува од првите двајца браќа, а третиот станал домазет во родот Балтачани; Софинци (13 к.), Капетановци (11 к.), Чроѓевци (9 к.), Малчовци (9 к.), Бобијци (8 к.), Карлинци (8 к.), Терзици (2 к.) и Цековци (2 к.) доселени се, но незнаат одкаде.[9]

Општествени институции

Во селото има пошта и здравствен дом. Во Драгобраште се наоѓа ОУ „Никола Парапунов“ во кое учат деца и од околните села.

Администрација и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 317 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Расино.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 351 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Во маалото Чукарлии се наоѓа црквата „Св. Богородица“, а во непосредна близина на селото се наоѓа и познатиот манастир „Св. Спас“.

Иселеништво

Поради економски причини, од 1991, од селото емигрирале над 30 семејства, се претпоставува оклу 40% од вкупното население. Најногу изселеници има во Италија.[се бара извор]

Личности

Галерија

Надворешни врски

Наводи

  1. Општина Виница - Онлајн прашања
  2. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 171.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Државен завод за статистика
  8. Општина Виница Он лине одговори
  9. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Предлошка:Населени места во општина Виница