Градско Балдовци: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГД / 41.42333; 22.66306
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 190: Ред 190:


== Култура и спорт ==
== Култура и спорт ==
* Постои фудбалски клуб Тркања кој од 2014 година го носи името [[ФК Спартмани|Спартмани]].
* Фудбалски клуб Тркајна


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 00:39, 4 април 2020

Градско Балдовци
Градско Балдовци во рамките на Македонија
Градско Балдовци
Местоположба на Градско Балдовци во Македонија
Градско Балдовци на карта

Карта

Координати 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГД / 41.42333; 22.66306
Општина Општина Струмица
Шифра на КО 27020
Надм. вис. 223 мнв м
Слава Свети Илија

Градско Балдовци е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба

Влезот на црквата Свети Илија
Влезот на црквата Свети Никола
ОУ „Никола Вапцаров“

Градско Балдовци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри. Поради блискоста со градот, селото е наречено Градско Балдовци.

Надморската височина во селото е 223 метри а површината на селото изнесува 432 ha.

Селото се граничи со Струмица, Куклиш, Сачево, Дабиле.

Историja

Името Градско Балдовци било образувано од машкото лично име Балдо и суфиксот "вци" - Балдовци. Поради блискоста до градот, со текот на времето именката Балдовци била додадена посвојната придавка Градско, па селото денес е познато како Градско Балдовци[1].

Потеклото на селото не е утврдено, но се споменува дека во него порано живеело македонско и турско население. На споменатата Етнографска карта од 1912 година селото е обележано со повеќе муслиманско одошто христијанско население. Според статистиката на Стефан Верковиќ, во 1889 година селото имало 523 жители.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Балдовци се состоело од 35 семејства со 90 жители Македонци и 10 Роми[2][3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Балдовци имало 240 жители Македонци и 25 Турци[2][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 216 Македонци и 18 Роми[2][5].

Економија

Претежно занимање на населението е земјоделие и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 308 ha[6].

Демографија

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948
1953 423 14 437
1961 481 9 8 498
1971 532 532
1981 650 1 651
1991 763 11 2 776
1994 732 732
2002 755 755

Поради својата добра местоположба во Струмичко Поле, во населеното место Градско Балдовци се забележува постојан пораст на населението. Во 1853 година селото имало 437 жители, од кои 423 Македонци и 14 Турци, во 1961 населението се зголемило на 498, од кои 481 Македонци, 9 Турци и 8 Срби, во 1971 година бројот на населението изнесувал 532 жители (91 семејство), во 1981 година - 133 семејство и 651 жител, 1991 - 190 семејства и 776 жители, во 1994 - 203 семејства и 732 жители, од кои сите Македонци.

Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 755 жители и 239 домакинства. Следува табела на националната структура на населението[7]:

Националност Вкупно
Македонци 755
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Срби 0
Останати 0

Општествени институции

Администрација и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1760 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 642 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

  • Постои фудбалски клуб Тркања кој од 2014 година го носи името Спартмани.

Наводи

  1. http://afk.mk/it/vis/news/2013/01/video-moeto-selo-gradsko-baldovci
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. Предлошка:Цитирана мрежна страница
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во Општина Струмица