Добарце: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°57′15″N 21°5′16″E / 41.95417° СГШ; 21.08778° ИГД / 41.95417; 21.08778
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69: Ред 69:


== Инфраструктура ==
== Инфраструктура ==
Патот кој води кон селото е асгалтиран. Тука со помош на општината Желино при воспоставување на браната се предизвикало штета на селото во самиот центар. Повеќето од селските сокаци се калдрмисани.
Патот кој води кон селото е асфалтиран. Тука со помош на општината Желино при воспоставување на браната се предизвикало штета на селото во самиот центар. Повеќето од селските сокаци се калдрмисани.


== Администрација и политика ==
== Администрација и политика ==

Преработка од 13:05, 22 март 2020

Добарце
Добарце во рамките на Македонија
Добарце
Местоположба на Добарце во Македонија
Добарце на карта

Карта

Координати 41°57′15″N 21°5′16″E / 41.95417° СГШ; 21.08778° ИГД / 41.95417; 21.08778
Општина  Желино
Пошт. бр. 1226
Шифра на КО 28021, 28521
Надм. вис. 640 м м
Добарце на општинската карта

Атарот на Добарце во рамките на општината
Добарце на Ризницата

Добарце (албански Dobërca или локално Dëbërcë) е село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.695 жители.


Географиja и местоположба

Добарце се наоѓа под падините на Сува Гора во горниот тек на Суводолица и е на надморска височина од 640 метри.[1]

Историja

Во почетокот на ноември 1915 година, српската армија ја врши својата евакуација од Западна Македонија, и при своето поминување зад себе оставиле пустош, урнатини и изгорени села. Есента на 1915 година српската војска заминува од Тетово за Скопје и во местото наречено "Клисура" - меѓу селото Желино и село Групчин, ја следеле крадци пеи некоја престрелка со оружје е убиен српски војник. Убиецот избегал во Добарце. Војската го следела и навлегла во селото. Бидејќи никој не кажувал кај се крие убиецот, српската војска почнала да ги убива сите мажи ви селото. Претежно биле набивани на бајонет. После тоа војската продолжила за Скопје и од сите мажи останале само двајца живи. Едниот не бил воопшто повреден, додека другиот имал рана од бајонет. Ден потоа било извршен погребот на лицата. Биле масакрирани 70 мажи, едно дете и неговата мајка. Сите биле жители на Добарце, освен еден кој бил од Горна Лешница.[2]

Економија

Жителите на ова село се занимаваат со земјоделство. Карактеристична е да се напомене дека на овие полиња засеани со пченица се добива висок принос со високо ниво на квалитет. Друг дел од жителите на селото се вработени во странство.

Демографија

Кон крајот на 19 век Добарце е село во Тетовската каза на Османлиската империја. Според статистиката на Васил Кнчов од 1900 год. Добарце е село, населено од 275 жители арнаути мохамедани.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Добарце е село во Желинската обштина (со центар во Сараќино) во Долнополошкиот срез и има 80 куќи со 434 жители албанци.[4]

Според пописот од 2002 година селото има 1.695 жители.[5]

Националност Број
македонци 1
албанци 1 692
турци 0
роми 0
власи 0
срби 0
бошњаци 0
други 2

Знаменитости

Во селото се наоѓаа гробиштата на т.н. маченици кои биле жители на сделото. Тука постојат гробови на 72 луѓе кои биле погубени во 1915 година од страна на тогашниот српски режим.

Инфраструктура

Патот кој води кон селото е асфалтиран. Тука со помош на општината Желино при воспоставување на браната се предизвикало штета на селото во самиот центар. Повеќето од селските сокаци се калдрмисани.

Администрација и политика

Ова село има основно четиригодишно училиште „Пашко Васа“, кое е подрачна единица на групчинското централно училиште. До селото се наоѓа и базата на македонската армијаЕребино“.

Култура и спорт

Во селото егзистира Фудбалски клуб ФК Добарце, кој е оформен на 30 септември 2007.

Личности

Иселеништво

Како и кај сите македонски села со значител број на албанско население, така и кај Добарце е забележано масовно привремено иселување во западноевропските земји. Најголем дел се иселени во Германија, Швајцарија и Данска.

Наводи

  1. Податоци за Добарце
  2. Листа на жртвите од Добарце
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  4. Афанасий Селищев. „Полог и его население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови

Поврзано

Надворешни врски